Владимир Назор (Постире, 30 мај 1876 - Загреб, 19 јуни 1949), хрватски писател. Пишувал епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“[1].

Владимир Назор

Животен пат

уреди

Основно училиште завршилчл на островот Брач, a гимназија во Сплит. Студирал на природни науки, математички и физичкиu во Грац и во Загреб, а дипломирал во 1902 година. Предавал во хрватската гимназија во Задар, a од 1903 до 1918 година во Истра, каде го поминал поголем дел од својот живот. Во 1933 година се преселил во Загреб, каде работел како управник на дом за деца.

Творештво

уреди

Првото дело ан Назор е Славенски легенди (1900). Во 1904 година, во Задар, го објавил делото Книга за хрватските кралеви, а во тоа време почнал да го пишува и делото Истарски приказни. Неколку години подоцна се појавило неговото успешно дело Вели Јоже (1908) кое тој самиот го сметал за неуспешно. Во 1916 година објавил неколку книги: Утва златокрила, Мечката Брундо и Стоимена. Во 1934 година го објавул „Списокот на Јевтиќ“, поради што некое време му биле затворени сите весници и издавачи. Неколку години подоцна, во 1939 година, ги објавил Овчарот Лода и Дедото Кајбумшчак.[2]

Значење и влијание

уреди

Назор е главниот лик во расказот „Тајната на црвениот замок“ (српски: Tajna crvenog zamka)[3] и еден од двата главни лика во расказот „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[4]

Наводи

уреди
  1. Nazor, Vladimir
  2. Nazor, Vladimir
  3. Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 33-62.
  4. Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 139-158.