Книн
Книн — град во Хрватска во Шибенско-книнската жупанија. Според резултатите од пописот во 2011 година, во градот живееле 15.407 жители. Книн од 1991 година до 1995, во текот на војната во Хрватска, бил главен град на Република Српска Краина.
Книн | ||
---|---|---|
Град | ||
Поглед на Книн | ||
Локацијата на Книн во Хрватска | ||
Координати: 44°02′N 16°11′E / 44.033° СГШ; 16.183° ИГД | ||
Држава | Хрватска | |
Жупанија | Шибенско-книнска жупанија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Никола Блажевич (ХДЗ) | |
Површина | ||
• Вкупна | 355 км2 (137 ми2) | |
Население (2011)[1] | ||
• Вкупно | 10.633 | |
• Administrative area | 15.407 | |
Час. појас | ЦЕТ (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | ЦЕСТ (UTC+2) | |
Поштенски код | 22300 | |
Повик. бр. | 022 | |
Мреж. место | knin.hr |
Географија
уредиКнин се наоѓа во средна Далмација, 15 км југозападно од границата со Босна и Херцеговина.
Оддалеченоста на Книн од поголемите градови:
- Книн - Шибеник 56 км
- Книн - Сплит 100 км
- Книн - Задар 91 км
- Книн - Загреб 273 км.
Историја
уредиВо историјата, името Книн првпат се споменува во 10 век од страна на византискиот цар Константин VII Порфирогенит, во неговата дело насловено „Управување со царство“ (De administrando imperio), како центар на областа Тнена. Од основањето, Книн се бранел од многу непријатели за што сведочи добро сочуваната книнска тврдина со цврсти ѕидови. Бранителите секогаш ја доградувале тврдината според тогашните одбранбени потреби.
Под тврдината се откриени неколку римски гробови и остатоци од архитектура на ридот Спас со што се потврдува дека тука имало римска населба.
Во раната доба на хрватската држава тука повремено престојувале народните владетели (Трпимир, Мунцимир, Дмитар Звонимир и други). После смртта на кралот Петар Свачиќ во 1097 година и влегувањето во унија со Унгарија во 1102 година, Книн го губи статусот на престолнина. Скоро два века градот е под турско ропство, а во 1688 година, го заземаат венецијанците и управуваат со него сè до 1797. Западно од Книн се крева средновековна тврдина подигната во средината на 10 век, конечниот изглед го добила во 18 век, каде со вештачки пресек е поделена од ридот Спас кој се надоврзува на неа со северната страна. Тврдината е една од најголемите фортификациски градби во Далмација. Поделена е на горен, среден и долен град, кои меѓусебно се поврзани со дрвени мостови. Најстар е горниот град на северниот дел на тврдината, додека средниот и долниот град се изградени во касниот среден век. Во почетокот на 18 век во текот на изградбата на ѕидовите на книнската тврдина работеле и домашни мајстори како Иван Мацановиќ и неговиот син Игњатије.
Книн постоел и во добата на илиризмот, а во 1865 година, Народната партија победила на изборите. Првиот началник од редовите на хрватскиот народ бил Ловро Монти. После првата светска војна, Книн влегол во состав на Кралството СХС, а од 1939 година е дел од Хрватска Бановина.
Во текот на втората светска војна, во април 1941 година го окупирале италијанците. Градот месец дена подоцна номинално припаѓал на Независна Држава Хрватска.
Во 1991 година прогласена е Република Српска Краина, чиј главен град е Книн. Во воената операција Бура во август 1995 година, хрватската војска го зазела Книн и областа ја ставила под контрола на Република Хрватска, протерувајќи го мнозинското српско население.
Население
уредиСпоред пописот од 2001 година, во општината Книн, хрватите сочинуваат 76,5% од населението а србите 20,8%.
Национален состав на градот Книн
уредигодина на пописот | вкупно | Срби | хрвати | југословени | останати |
---|---|---|---|---|---|
2011. | 15.407 | 3.551 (23,05%) | 11.612 (75,37%) | 0 (0%) | 244 (1,58%) |
2001. | 11.128 | 1.269 (11,40%) | 9.546 (85,78%) | 0 (0%) | 188 (1,68%) |
1991. | 12.331 | 9.867 (80,01%) | 1.660 (13,46%) | 381 (3,08%) | 423 (3,43%) |
1981. | 10.933 | 6.516 (59,59%) | 1.701 (15,55%) | 2,421 (22,14%) | 295 (2,69%) |
1971. | 7.300 | 4.972 (68,10%) | 1.686 (23,09%) | 343 (4,69%) | 299 (4,09%) |
Попис 1991 година
уредиСпоред пописот на населението од 1991 године, Книн имал 12.331 жител, со следниот национален состав:
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Галерија слики од Книн Архивирано на 16 април 2009 г. (хрватски)
- Фотографии од Книн и околината
Наводи
уреди- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Книн“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012. Посетено на 2013-06-26.