Словачки јазик
Словачки јазик (slovenčina, slovenský jazyk) — службен јазик во Словачка и еден од службените јазици во Европската Унија. Словачкиот јазик е еден од западнословенските јазици и се зборува воглавно во Словачка, но истиот се зборува од малцинските заедници во Чешка, Унгарија, Полска, Романија, Канада, САД, Србија и Хрватска. Словачкиот јазик е доста сличен со чешкиот во писмена форма, но се разликува до одреден степен во поглед на граматиката и фонетиката. Покрај тоа, јазикот е сличен и со полскиот јазик и меѓусебното разбирање со чешкиот и полскиот јазик е помалку или повеќе остварливо.
Словачки јазик | |
---|---|
slovenčina, slovenský jazyk | |
Изговор | [ˈsɫɔvɛnt͡ʃina] |
Застапен во | Словачка и како малцинство во САД, Чешка, Србија, Ирска, Обединето Кралство, Романија, Полска, Канада, Унгарија, Хрватска, Австралија, Австрија и Украина |
Подрачје | Средна Европа |
Говорници | ~ 7 милиони |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | словачка азбука |
Статус | |
Службен во | Словачка Србија (Војводина) Европска Унија |
Признаен како малцински во | Чешка[1] Украина |
Регулативен орган | Министерство за култура на Словачката Република |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sk |
ISO 639-2 | slo (B) slk (T) |
ISO 639-3 | slk |
Linguasphere | 53-AAA-db < 53-AAA-b...-d (варијанти: 53-AAA-dba до 53-AAA-dbs) |
Распространетост на словачкиот јазик:
региони каде словачкиот јазик го зборуваат мнозинството од населението региони каде словачкиот јазик го зборуваат значителен дел од малцинството од населението | |
| |
Историја
уредиПо краткиот период на Велика Моравија (во втората половина на 9 век), кога на теренот на денешна Словачка дејствувале Кирил и Методиј и нивните ученици, во целиот Среден век Словаците останале без своја државност и без свој писмен јазик. Тие биле потчинет народ во унгарската држава, лишен од можноста да зацрта своја писмена традиција. Во Словачка се употребувале латинскиот и унгарскиот јазик, а од 15 па сè до почетокот на 19 век чешкиот им служи на Словаците како писмен јазик.[2]
Во втората половина на 18 и особено во првата половина на 19 век се појавува веќе сè поодредено стремежот да се создаде словачки литературен јазик, а да се измести чешкиот и покрај тоа што е многу сроден со словачкиот и што имаше веќе долга употреба меѓу Словаците. Посебните историски услови водеа кон формирањето на две нации: чешката и словачката, па таа реалност наоѓаше постепено, но неминовно израз и на јазичниот план.[2]
Обидот на Антон Бернолак, направен при крајот на 18 век, да го нормира словачкиот литературен јазик, заснован врз западнословачкото наречје, беше предвремен и не остави некакви подлабоки траги. Меѓутоа, генерацијата на Људовит Штур, која се афирмира на општественото поле во триесеттите и четириесеттите години на 19 век, успеа да ги постави здраво основите на новиот литературен јазик врз среднословачкото наречје.[2]
Во редовите на самата словачка интелигенција во овој период немаше единствено гледиште во однос на литературниот јазик. Дури највидните културни работници од словачката средина, Јан Колар и Павел Јозеф Шафарик, како што споменавме порано, беа за заеднички јазик со Чесите, практички за чешкиот јазик во кој би се вклучиле и некои словачки елементи.[3] Самиот Штур и неговата група во првите години на својата дејност пишуваа на чешки јазик, додека особено од 1844 година не ја засноваа широко својата акција за оформување на словачкиот литературен јазик. Во нормирањето на тој јазик важна улога изигра граматиката на Мартин Хатала (1850). Но куриозно е што дури и авторот на таа книга лично не беше уверен во потребата од јазично делење од Чесите. И, како што се изразува самиот, „помалку разлозите, а повеќе необичните политички настани“ го натерале да се приклони кон словачкиот јазик. Историскиот процес бараше поинакво решение, и се служеше и со споменатата граматика, но сè уште не беше јасна неговата вистинска тенденција, па луѓето можеа да запаѓаат во противречност спрема самите себе. Поразот на револуцијата од 1848 г. доведе до отстапување на движењето за самостоен словачки литературен јазик. Co поддршка и на Јан Колар, којшто стана во 1849 г. професор за словенските старини на Виенскиот универзитет, во словачките школи и со државен акт се воведе настава на чешки јазик. Се чинеше дури дека делото на Људовит Штур ќе остане без трага и дека чешкиот пак ќе се затврди како писмен јазик на Словаците.[3]
Па сепак се работеше за привремен неуспех на Штуровската акција. Натамошниот развиток на словачкиот народ во 19 век сè поодредено ја налагаше ориентацијата кон посебен словачки литературен јазик и таа дефинитивно победи. Меѓутоа, требаше да мине доста време па, и покрај таквиот резултат на историскиот процес, на словачкиот да му се признае и во славистиката и пошироко правото на самостоен јазик.
Географска распространетост
уредиМатична земја на словачкиот јазик е Словачката Република. Во Словачка јазикот го зборуваат околу 85.8 % од населението, според пописот од 2001 година. Според тоа, словачкиот е прв службен и доминантен јазик во земјата. Покрај Словачка, словачкиот јазик се зборува во околните соседни држави, како на пример во Чешка (350,000), Полска (20,000), Украина, Австрија и Унгарија (11,800). Значајна словачка заедница има во САД каде има околу 1,200,000 Словаци. Понатака, словачкиот се зборува од околу 60,000 жители во Србија, 30,000 жители во Ирска, 22,000 жители во Романија, 20,000 во Канада и 5,000 во Хрватска. Во Украина словачкиот е признат за малцински јазик, додека во Војводина во Србија е службен јазик.
Дијалекти
уредиСловачкиот јазик е составен од поголем број дијалекти и говори. Словачките дијалекти се класифицирани во четири големи дијалектни групи:
- источнословачки дијалекти - овие се зборуваат во Спиш, Шариш, Земплин и Абов.
- централнословачки дијалекти - овие се зборуваат во Липтов, Орава, Туриец, Теков, Хонт, Новохрад, Гемер и Зволен.
- западнословачки дијалекти - овие дијалекти во зборуваат во Кисуце, Тренчин, Трнава, Нитра и Захорие.
- долнословачки дијалекти - овие дијалекти се зборуваат надвор од Словачка, поточно во Војводина, Унгарија, Романија и Хрватска.
Правопис
уредиПравописот на словачкиот јазик е фонетски, исто како македонскиот, и во тој јазик важи правилото „пишувај како што слушаш“. Сепак, јазиците во светот не се доследи на еден чист правопис, па така и во словачкиот можат да се пронајдат принципи на останати видови правописи. Така, како второстепен правопис во словачкиот се сретнува морфолошкиот, според кој зборовите од кои се добиваат нови зборови се пишуваат исто иако се изговараат поразлично. Како пример за морфолошкиот правопис е правилото за асимилација. Како трет сет правописни правила се сретнува етимолошкиот правопис. Како пример на етимолошкиот правопис е употребата на буквите i и y. Имено, двете букви се изговараат исти, но поради етимолошки причини, i се користи после еден вид согласки, додека y се користи после друг вид согласки. На крај, во јазикот можат да се сретнат и правила од граматичкиот правопис, според кој има разлика при пишаната форма на една придавка во еднина и множина, како на пример придавките pekný (добар) и pekní (добри), каде различна е пишаната форма, но изговорот е ист.
Што се однесува за позајмени странски зборови, словачкиот јазик ги приспособува позајмените зборови спред словачкиот правопис. Така на пример зборот „викенд“, кој е добиен од англискиот weekend, се пишува víkend. Покрај овој пример може да се сретнат и зборовите softvér, gej, kvalita итн. Личните имиња и географските поими се пишуваат во оригинал според јазикот од кој потекнуваат, иако за секој топоним има словачки еквивалент. Пример за ова е градот Лондон, кој се пишува според англискиот правопис (London), иако има и словачка форма (Londýn).
Кога се зборува за правописот, важно е да се напомене и употребата на надредни знаци. Така, во јазикот се користат:
- остар знак (dĺžeň) - пример за ова се буквите í, ó, á, ý, ú и é. Сепак, знакот може да се сретне и кај согласки како на пример ĺ и ŕ.
- извиен знак или циркумфлекс (vokáň) - овој знак се користи само за буквата ô, која се изговара уо.
- преглас (prehláska) или две точки (dve bodky) - овој знак се користи за буквата ä, која се изговара како широко е.
- квачка (mäkčeň, мекчењ) - овој знак се користи за означување на палатизација на гласовите. Во азбуката можат да се видат следните букви со квачка: č, dž, š, ž, ň, ľ, ď и ť (иако последните три се апострофи, сепак се сметаат за знаци за палатизација).
При пишана форма, квачката може да се сретне во два вида, како што веќе беше напоменато. Првата форма е знакот во буквите č, dž, š, ž и ň, додека втората форма е апострофот кој иако не е по форма ист, тој ја врши истата функција - палатизација на буквите l, d и t. Кога станува збор за палатизацијата, во словачкиот има два вида палатизации. Така, гласовите ľ, ň, ď и ť се палатизирани, додека гласовите č, dž, š и ž се посталвеоларни фрикати и африкати, исто како во македонскиот.
За да се забрза пишувањето на јазикот и да се скрати на време, правописно правло било воведено за чести комбинации на согласка и самогласка. Како резултат на тоа, старите комбинации ňe, ďe, ťe, ľe, ňi, ďi, ťi, ľi, ňí, ďí, ťí, ľí според новото правило се пишуваат какоne, de, te, le, ni, di, ti, li, ní, dí, tí, lí, без квачка, но со ист изговор. Сепак од ова правило има исклучоци:
- странски зборови, пр. telefón кој се изговара со меко т и тврдо л,
- зборовите ten (она), jeden (еден), vtedy (тогаш), teraz (сега) се изговараат непалатизирано,
- наставките за множина на заменки и придавки од машки род во номинатив се изговараат меко, без палатизација, пр. tí odvážni mladí muži (тие храбри млади мажи)
- краткото е во наставки за придавки, кое е добиено од долго е, не се палатизира, пр. krásne stromy (убави дрва)
Денес, особени во западните говори, букават ľ се изговара како обична л. Во стандардниот јазик, li и le не се палатизирани бидејќи ако има таква палатизација таа се бележи. Палатизацијата на li и le е официјално препорачана. Една од најзначајните промени во правописот на словачкиот јазик во 20 век е замената на s со z во случаи каде буквата s се читала како z. Оваа промена била направена во 1953 година, правилото е во согласност со фонетскиот правопис и примери за ова се зборовите smluva во zmluva, sväz во zväz итн.
Покрај веќе напоменатите правописни принципи, во словачкиот важат и следните правила:
- кога звучна согласка стои на крајот на зборот пред пауза, таа се изговара како нејзиниот безвучен пар, пр. pohyb се изговара како /pohip/,
- кога v стои на крајот на слогот, таа се изговара како u т.е. како билабијалната апроксиманта /u̯/. Како исклучок на ова се случаите кога буквата стои пред n или ň, пр. kov се изговара како /kou̯/,
- правилото за асимилација: кога има согласна група од звучна и безвучна согласка, тогаш сите елементи се звучни под услов последниот глас од групата да е звучна и обратно, пр. otázka се изговара како /otaːska/,
- ритмичкото правило: долга самогласка не може да биде проследена од друга долга самогласка во истиот збор. Ова е типично за стандардниот словачки, го нема во некои дијалекти и во чешкиот јазик, пр. nos-ím.
Азбука
уредиСловачкиот јазик користи словачка азбука заснована на латиница. Азбуката ги користи скоро сите стандардни букви од латиницата но додатно на тоа се користат и дијакритички знаци за означување на изговор. Такво знаци се ˇ, ´, ¨, ^
Азбуката на словачкиот јазик е следната: a á ä b c č d ď dz dž e é f g h ch i í j k l ľ ĺ m n ň o ó ô p q r ŕ s š t ť u ú v w x y ý z ž. Буквите q, w и x се користат само во странски зборови.
Големи букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
A | Á | Ä | B | C | Č | D | Ď | Dz | Dž | E | É | F | G | H | Ch | I | Í | J | K | L | Ĺ | Ľ | |||||||||||||||||||||||
Мали букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
a | á | ä | b | c | č | d | ď | dz | dž | e | é | f | g | h | ch | i | í | j | k | l | ĺ | ľ | |||||||||||||||||||||||
Големи букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
M | N | Ň | O | Ó | Ô | P | Q | R | Ŕ | S | Š | T | Ť | U | Ú | V | W | X | Y | Ý | Z | Ž | |||||||||||||||||||||||
Мали букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
m | n | ň | o | ó | ô | p | q | r | ŕ | s | š | t | ť | u | ú | v | w | x | y | ý | z | ž |
Во прилог следува некои изменети изговори, во зависност од зборот, на некои од словачките букви:
- изговорот на буквата ä се смета за архаичен, но сè уште се смета за точен.
- r и l можат да бидат и самогласки, како во македонскиот,
- ch е најчесто безвучна,
- групата -ou на крај од зборот се изговара како [ɔu̯], но не се смета за посебен дифтонг
- ia, ie, iu ги сочинуваат дифтонзите /i̯a/ /i̯e/ /i̯u/ во словачки зборови, но не и кај странски зборови.
- m има алофон, [ɱ], кој се сретнува пред /f/ и/v/.
- n има алофон, /n̠/.
- n може да се изговара како [ŋ] пред /k/ и /ɡ/, како и во македонскиот.
Фонологија
уреди- Согласки
усни | алвеоларни | посталвеоларни | непчани | меконепчани | глотални | |
---|---|---|---|---|---|---|
носни | m | n | ɲ | |||
експлозивни | p b | t d | c ɟ | k ɡ | ||
африкативни | t͡s d͡z | t͡ʃ d͡ʒ | ||||
фрикативни | f v | s z | ʃ ʒ | x | ɦ | |
вевни | r rː | |||||
апроксимантни | l lː | j ʎ |
- Самогласки
Покрај чистите самогласки, во словачкиот се присутни и следните дифтонзи: ô, ie, ia и iu, кои се изговараат како уо, ие, ја и ју.
- Акцент
Акцентот во стандардниот словачки секогаш паѓа на првиот слог од зборот. Сепак, ова акцентско правило не е во употреба кај дијалектите. Така на пример, источнословачките дијалекти акцентот паѓа на претпоследниот слог од зборот и често ова претставува проблем за разбирање на говорот од страна на говорниците на стандардниот јазик. Понатаму, во северните дијалекти имаат слаб акцент на првиот слог, кој се зајакнува на претпоследниот слог од истиот збор. Едносложните зборови во словачкиот се најчесто неакцентирани.
Именки
уредиИменките во словачкиот јазик имаат број, род и падеж[4].
Род
уредиСловачките именки се поделени на три главни рода. Карактеристично за родот е тоа што за машки род се разликуваа живите од неживите именки[5]:
- машки род
- живи именки од машки род
- неживи именки од машки род
- женски род
- среден род
Број
уредиСловачките именки имаат два броја. Сепак, во одредени инстанци се сретнува и трет број наречен двоина, кој е наследен од старословенскиот јазик. Така, во словачкиот се присутни[5]:
- еднина
- множина
- двоина - двоината се сретнува кај именки кои се пар, како на пример: nohavice (панталони), dvere (врата), okuliare (очила) итн.
Падежи
уредиПадежите се посебна одлика на словачките именки, но по падежи може да се менуваат и придавки и заменки. Првично словачкиот имал седум падежи, но со губењето на вокативот, јазикот добил само шест падежи. Падежите во словачкиот јазик се[5]:
1 падеж | номинатив | kto? čo? (кој? што?) |
2 падеж | генитив | z (od) koho? z (od) čoho? (од кого? од што?) |
3 падеж | датив | komu? čomu? (кому?) |
4 падеж | акузатив | koho? čo?(кому? што?) |
5 падеж | локатив | o kom? o čom? (за кому? за што?) |
6 падеж | инструментал | s kým? s čím? (со кому? со што?) |
|
|
- Женски род
žena жена |
ulica улица |
dlaň дланка |
kosť коска | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
падеж | ед. | мн. | ед. | мн. | ед. | мн. | ед. | мн. | |
Ном. | žena | ženy | ulica | ulice | dlaň | dlane | kosť | kosti | улица - жена - дланка - коска |
Ген. | ženy | žien | ulice | ulíc | dlane | dlaní | kosti | kostí | од жената - од улицата - од дланката - од коската |
Дат. | žene | ženám | ulici | uliciam | dlani | dlaniam | kosti | kostiam | на жената - на улицата - на дланката - на коската |
Аку. | ženu | ženy | ulicu | ulice | dlaň | dlane | kosť | kosti | (на) жената - (на) улицата - (на) дланката - (на) коската |
Лок. | žene | ženách | ulici | uliciach | dlani | dlaniach | kosti | kostiach | за жената - за улицата - за дланката - за коската |
Инс. | ženou | ženami | ulicou | ulicami | dlaňou | dlaňami | kosťou | kosťami | со жената - со улицата - со дланката - со коската |
- Именки од среден род
mesto град |
srdce срце |
vysvedčenie уверение |
dievča девојче | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
падеж | ед. | мн. | ед. | мн. | ед. | мн. | ед. | мн. | |
Ном. | mesto | mestá | srdce | srdcia | vysvedčenie | vysvedčenia | dievča | dievčatá /-ence | град - срце - уверение - девојче |
Ген. | mesta | miest | srdca | sŕdc | vysvedčenia | vysvedčení | dievčaťa | dievčat /-eniec | од градот - од срцето - од уверението - од девојчето |
Дат. | mestu | mestám | srdcu | srdciam | vysvedčeniu | vysvedčeniam | dievčaťu | dievčatám /-encom | на градот - на срцето - на уверението - на девојчето |
Аку. | mesto | mestá | srdce | srdcia | vysvedčenie | vysvedčenia | dievča | dievčatá /-ence | (на) градот - (на) срцето - (на) уверението - (на) девојчето |
Лок. | meste | mestách | srdci | srdciach | vysvedčení | vysvedčeniach | dievčati | dievčatách /-encoch | за градот - за срцето - за уверението - за девојчето |
Инс. | mestom | mestami | srdcom | srdcami | vysvedčením | vysvedčeniami | dievčaťom | dievčatami /-encami | со градот - со срцето - со уверението - со девојчето |
Сродност со останати јазици
уредиГоворниците на словачкиот јазик можат лесно да разберат пишан и зборуван чешки и обратно. Сепак, постојат некои дијалекти кои не можат да се разберат така лесно, па така некои источни словачки дијалекти се потешки за разбирање за Чесите. Како лингвистичка споредба, во прилог следува извадок од Декларацијата за човекови права на двата јазика:
- чешки: Všichni lidé se rodí svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství.
- словачки: Všetci ľudia sa rodia slobodní a sebe rovní, čo sa týka ich dôstojnosti a práv. Sú obdarení rozumom a svedomím a majú navzájom konať v bratskom duchu.
- македонски: Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општочовечкaтa припaдност.
Броеви
уреди
Броевите во словачкиот јазик се[6]:
|
Месеци:
Денови:
|
|
Наводи
уреди- ↑ E.g. law 500/2004, 337/1992. Source: http://portal.gov.cz
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Конески 1968, стр. 26.
- ↑ 3,0 3,1 Конески 1968, стр. 27.
- ↑ „Словачка деклинација“. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Вовед во словачкиот јазик“. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ Словачки броеви: 15-90
Литратура
уреди- Конески, Блаже (1968), Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, „Култура“ - Скопје
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Словачки јазик“ на Ризницата ? |
- Словачки јазик на Ethnologue (англиски)
- Словачко-англиски речник и обратно Архивирано на 18 октомври 2011 г.
- Словачки речник
- Словачки национален корпус
- Основни словачки фрази
- Почетнички курс за словачки
- Slovake.eu - слободни материјали за изучување на јазикот
- e-Slovak - јазичен корпус
- Морфологија на словачкиот јазик Архивирано на 19 септември 2008 г. - на словачки
- Словачка деклинација - на англиски
- Нова деклинација на словачкиот супстантив