Драва
Драва или Драве (унгарски: Dráva; германски: Drau; италијански, хрватски и словенечки: Drava) — река во јужниот дел на Средна Европа, притока на реката Дунав. Извира во Тоблах/Добијако, Италија, и тече источно кон Источен Тирол и Корушка во Австрија, кон Словенија (142 км),[1] и потоа југоисточно, поминува покрај Хрватска и го формира поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек.
Драва | |
Drau, Drave, Dráva | |
Река | |
Земји | Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија |
---|---|
Градови | Лијенц, Шпитал, Филах, Ферлах, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, Ормож, Вараждин, Осиек, Барч |
Извор | Во близина на Јужен Тирол |
- место | Тоблах, Јужен Тирол, Италија |
- височина | 1.450 м |
- координати | 46°43′9″N 12°15′16″E / 46.71917° СГШ; 12.25444° ИГД |
Утока | Дунав во близина на Осиек |
- координати | 45°32′38″N 18°55′31″E / 45.54389° СГШ; 18.92528° ИГД |
Должина | 707 км |
Слив | 11.828 км2 |
ПрегледУреди
Во античките времиња реката се викала Дравус. Името е најверојатно Келтско или пред-Келтско по потеклото. Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав. Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.[2] Главни притоки на Драва се:
- леви притоки: Гајл (Австрија), Мислиња (Словенија), Дравиња (Словенија) и Бедња (Хрватска);
- десни притоки: Гурк (Австрија) и Мура (Хрватска).
Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц, Шпитал, Филах, и Ферлах во Австрија, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.[1]
Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово, Терезино Поле, Долни Михољач и Осиек.[3]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas“ (словенечки и англиски). Статистичко биро на Словенија. 2002.
- ↑ Klement Tockner, Urs Uehlinger, Christopher T. Robinson (2009), Rivers of Europe, Academic Press, no nr., ISBN 978-0-12-369449-2
- ↑ „Daily hydrological report“. Хидрометереолошко биро на Хрватска. Архивирано од изворникот на 2010-05-30. Посетено на 2010-09-09.
Надворешни врскиУреди
- Податотеки поврзани со Драва на Ризницата
- DrauDrava - old river and new sounds Архивирано на 29 декември 2010 г.