Унгарска кујна
Унгарската кујна (унгарски: Magyar konyha) претставува национална кујна на Унгарија и на сите Унгарци кои живееат насекаде низ дијаспората. Унгарската кујна се заснова претежно на јадења кои се подготвуваат со месо, сезонски зеленчук, овошје, леб, сирење и мед.
Рецептите биле пишувани со векови наназад, и се засноваат на голема традиција.
Особености
уредиУнгарците особено ги сакаат нивните супи, десерти и колачи, како и полнетите палачинки (palacsinta). Исто така постои и соперништво помеѓу регионалните варијанти на едно исто јадење (како што е на пр. унгарската лута рибна супа, насловена како "Рибарска супа", или на унгарски: halászlé, која се подготвува на различен начин на двата брег на реките Дунав и Тиса).
Други познати унгарски јадења се оние кои се приготвуваат со пиперки (на пример Јанија со црвени пиперки), популарните "nokedli" (мали пелмени), традиционалниот гулаш, палачинки "Gundel (палачинки намачкана со темно чоколадо и сос од ореви) како и традиционално унгарската торта Добуш (на унгарски -Dobos, претставува чоколадна торта со крем како и тенок слој на карамела).