Фран Крсто Франкопан
Фрањо Крсто Франкопан (4 март 1643 - 30 април 1671) — хрватски аристократ, војсководец и поет, од семејството Франкопан. Запаметен е во историјата најмногу поради неговата вклученост во заверата Зрински-Франкопан.
Фрањо Крсто Франкопан | |
---|---|
Занимање | поет, политичар |
Националност | Хрват |
Живот и дело
уредиПотекнува од познато хрватско аристократско семејство, во кое покрај витештвото се негувала и книжевноста по традиција. Најталентиран книжевник од тоа семејство е секако Фран.
Се воспитувал кај језуитите во Грац и патувајќи по Италија. На тоа патување напишал песна на латински која била преведена на италијански јазик. Во Италија се жени на 15 годишна возраст со девојка од познато аристократско семејство, Барберини. Во Италија се запознал и со тогашната италијанска книжевност и ја засакал пасторалната и анакреонската поезија пишувана во маринистички стил.
Враќајќи се во Хрватска станал огулински капетан, и заедно со Петар Зрински се истакнал во борбата против Турците. Франкопан незадоволен од политиката на виенскиот двор, приоѓа кон заверата на хрватските и унгарските аристократи, на чие чело бил Никола Зрински, а по неговата смрт, Петар Зрински. Се борат против виенскиот централизам насочен против аристократијата. Кога Зрински и Франкопан увиделе дека заверата е откриена, побрзале во Виена да се оправдаат пред дворот и да бараат милост, но фатени се и осудени на смрт.
Петар Зрински во затворот се подготвувал за судењето и пружил одлична одбрана, додека за тоа време Фран пеел песни. Во затворот ја напишал збирката песни „Гартлиц за час кратити“. Ова дело останало во ракопис и пронајдено е дури во 19 век во виенската архива меѓу списите за заверата на Зрински и Франкопан. Делото е печатено во 1871 година, 200 години по смртта на поетот, со наслов „Градинка“ („Вртиќ“). Во оваа збирка има љубовни и рефлексивни песни, како и тажаленки за минливиот овоземен живот.
Во затворот, Фран го превел делото на Молиер „Жорж Данден“, кое излегло тоа време, но во преводот дејството го пренесол на хрватско тло.
За поезијата
уредиПоетот сакал да пее во духот на италијанската маринистичка поезија, но свесен е дека нема сила за тој поетски израз, и тоа го кажува во воведот на збирката. Покрај тоа, во воведот кажува и како настанале неговите песни во затворската атмосфера. Од скромност се нарекува детелина, и така го потпишува воведот.
Во неговата збирка има конвенционални стихови, мотиви и имиња, но има и искрени љубовни песни во кои пее за тагата на човекот кој е осуден на смрт. Поетот ја доловува убавината на природата и ја спротивставува на тешкиот затворски живот. Се жали на „неверната“ среќа. Во некои песни го велича витештвото и честа, со борбени повици ги вика јунаците на борба да го бранат „гласот, името и честа“.
Во збирката се чувствува влијанието на народната песна. Тој прв ја употребил дикцијата на народната песна и десетерецот. Во романсата „Парис и Галатеја“ поетот ја покажува средбата на двајцата млади во духот на народната песна, во десетерец. Во тој дух испеана е и шеговитата песна „Бабајко од дивојке љубави проси“, во која старецот ја уверува девојката во постојаноста на својата љубов. Во некои свои песни, ги исмејува поповите.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Фран Крсто Франкопан“ на Ризницата ? |