Хрватско Загорје
- За други значења, видете Загорје
Хрватско Загорје (хрватски: Hrvatsko zagorje) — културно-историска и географска област северно од Загреб, Хрватска. Се состои од целата област северно од планината Медведница, до Словенија на север и запад, и до областите Меѓимурје и Подравина на север и исток. Загорје било поделено на Крапинско-загорска жупанија и дел од Вараждинската жупанија по основањето на независна Република Хрватска. Хрватите оваа област обично го нарекуваат „Загорје“. Меѓутоа област со вакво име има и во Словенија, па затоа хрватскиот дел правилно се нарекува „Хрватско загорје“. Ако земеме предвид лингвистички и други фактори, можеме да речеме дека и престолнината Загреб спаѓа во Загорје.
Главни градови на Загорје се Вараждин и Крапина. Често се вели дека овој град е културната престолнина на кајкавското наречје (хрватски дијалект). Секоја година во Крапина се одржува фестивал наречен Фестивал кајкавске попевке. Кајкавското наречје на хрватскиот е многу слично на словенечкиот јазик. Поради повеќевековното присуство на германското, австриското и унгарското благородништво во Загорје, Загроците и ден денес често користат туѓи зборови и изрази од споменатите јазици во секојдневниот говор. Традициската изработка на загорсксите дрвени играчки, lepoglavska čipka te medičarski i licitarski proizvodi, поради својте посебности и вредности се сврстани на списокот на нематеријални добра на УНЕСКО.
Во загорското село Кумровец роден е Јосип Броз Тито, долгогодишен претседател на СФРЈ.
Загорје како тема во уметноста
уреди- „Хотел Загорје“ — книга на писателката Ивана Симиќ Бодрожиќ.[1]
Наводи
уреди- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.