Горски Котар е регион во Хрватска и составен дел на округот Приморско-горска жупанија. Горски Котар е шумско-планинска област преку која се патува за Загреб и Риека. Центарот на овој регион е градот Делници, а од познатите места се наоѓаат и Мркопал, Чабар, Фужине, Равна Гора, Скрад, Врбовско и Брод Моравице.

Локварското езеро и Рисњак во позадина

Националниот парк Рисњак се наоѓа во овој дел од Република Хрватска. Горски Котар е изобилен со природни убавини и атракции, а депопулацијата што го погоди овој регион по Втората светска војна направи некои области сосема ненаселени или оставени на дива природа.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди