Марија Терезија
Марија Терезија (германски: Maria Theresia Walburga Amalia Christina, родена на 13 мај 1717 во Виена - починала на 29 ноември 1780 во Виена) — владетелка од Хабсбуршката династија како единствена жена која била цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвотка од Австрија, кралица на Унгарија и Хрватска (1740-1780) и кралица на Бохемија (1740-1741). Освен тоа ги имала и титулите војвотка од Милано, Парма, Пјаченца, Гвастала, владетелка на Холандска Австрија и на неколку грофовии. Кога се омажила со Франц I ги добила титулите кралица на Германија, војвотка од Тоскана (1737-1765) и војвотка од Лорена (1729-1737)[2].
Марија Терезија | |||||
---|---|---|---|---|---|
Царица на Светото Римско Царство Кралица на Германија | |||||
Tenure | 13 септември 1745 – 18 август 1765 | ||||
Надвојвотка од Австрија Кралица на Унгарија и Хрватска | |||||
На престол | 20 октомври 1740 – 29 ноември 1780 | ||||
Крунисување | 25 јуни 1741 | ||||
Претходник | Карло VI | ||||
Наследник | Јосиф II | ||||
Кралица на Бохемија | |||||
На престол | 20 октомври 1740 – 19 декември 1741 | ||||
Претходник | Карло II | ||||
Наследник | Карло VII | ||||
На престол | 12 мај 1743 – 29 ноември 1780 | ||||
Крунисување | 12 мај 1743 | ||||
Претходник | Карло VII | ||||
Наследник | Јосиф II | ||||
Роден(а) | 13 мај 1717 Хофбург, Виена, Надвојводство Австрија, Свето Римско Царство | ||||
Починал(а) | 29 ноември 1780 Хофбург, Виена, Надвојводство Австрија, Свето Римско Царство | (возр. 63) ||||
Почивалиште | Imperial Crypt, Vienna | ||||
Сопружник | Франц I | ||||
Деца | |||||
| |||||
Династија | Хабсбуршка династија | ||||
Татко | Карло VI | ||||
Мајка | Елизабета Кристина од Брауншвајг-Волфенбител | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||
Потпис |
Биографија
уредиТаа го започнала своето 40-годишно владеење кога нејзиниот татко, царот Карло VI починал во октомври 1740 година. Во 1713 година Карло ја издал т.н. Прагматична санкција според која неговата ќерка Марија Терезија може да го наследи престолот. Под негов притисок, оваа санкција била прифатена од владетелите на Светото Римско Царство и неколку други европски сили,[3][4]. Така во 1723 година било дозволено таа да стане негов наследник. Во 1736 година Марија Терезија била омажена за Франц Стефан, големиот војвода од Тоскана. Но, кога Карло починал, Прусија, Саксонија, Баварија и Франција ја одбиле т.н. Прагматична санкција и за цар бил избран Карло VII, изборниот кнез на Баварија. Со ова започнала Војната за австриското наследство, каде Марија Терезија со помош на Унгарија, Бохемија и Австрија го обезбедила престолот на својот сопруг Франц.
Марија Тереза и нејзиниот сопруг Франц I имале шеснаесет деца, кои подоцна станале кралица на Франција, кралица на Неапол и на Сицилија, војвотка од Парма и два свети римски цареви, Јосиф II и Леополд II. Од шеснаесетте деца, десет преживеале до полнолетство. Таа имала единаесет ќерки и пет синови. Иако се очекувало да ја отстапи власта на својот сопруг и својот син, сепак и двајцата биле официјално нејзини соработници како владетели во Австрија и Чешка[5], додека таа како апсолутен владетел владеела со помош на советот на нејзините советници[6].
Марија Тереза спровела неколку реформи, во финансискиот систем на земјата и образованието, трговијата и развојот на земјоделството, воено ја реорганизирала војската во Австрија. Со овие реформи Австрија дополнително ја зацврстила својата меѓународната положба. Сепак, таа ја одбила религиозната толеранција.
Наводи
уреди- ↑ http://www.biography.com/people/marie-antoinette-9398996?page=1
- ↑ Marie Theresa. (2009). In Encyclopædia Britannica. Retrieved 22 April 2009, from Encyclopædia Britannica Online.
- ↑ Pragmatic Sanction of Emperor Charles VI, Encyclopædia Britannica, retrieved 15 October 2009.
- ↑ Jones, Colin: "The Great Nation: France from Louis XV to Napoleon", University of Columbia Press, Great Britain, 2002, ISBN 0-231-12882-7, 89.
- ↑ Dawson Beales, 39.
- ↑ Kann, 154, 179.