Јуре Каштелан
Јурај Јуре Каштелан (18 декември 1919 Закучац - 24 февруари 1990 Загреб) бил хрватски поет.
Јуре Каштелан | |
---|---|
Роден(а) | 18 декември 1919 Закучац |
Починал(а) | 24 февруари 1990 Загреб, Хрватска | (возр. 70)
Националност | Хрват |
Познат(а) по | поет |
Животопис
уредиВо текот на Втората светска војна од 1941 до 1945 година бил припадник на Народноослободителното движење на Југославија. До 1980 година бил наставник по теорија на книжевноста на Филозофскиот факултет во Загреб, а некое време бил лектор на Сорбона. Во почетокот на своето творештво го продолжил традиционалниот израз на хрватската поезија, а потоа продолжил со европските струења. Најголемо влијание врз него извршил Федерико Гарсија Лорка. Тој e еден од основачите на современиот хрватски поетски израз. Исто така објавувал статии, проза, есеи и драми во кои е присутна митската концепција. Преведувал од руски и италијански јазик.
Во 1965 година, ја добил наградата Владимир Назор за литература,[1] а во 1979 година, станал член на Југословенскаta академија на науки и уметности. Починал во 1990 година.
Објавени збирки
уреди- Црвениот коњ (1940)
- Петел на покрив (1950)
- Да се биде или не (1955)
- Ѕвездена ноќ (1956)
- Малку камења или многу соништа (1957)
- Чудо и смрт - кратки раскази (1961)
- Избор песни (1964)
Наводи
уреди- ↑ Čolak, Tode (1967). Petar Andrić (уред.). Portreti iz Novije Hrvatske Književnosti (1. изд.). Beograd: Sloboda. стр. 243.