Павао Штос
Павао Штос (хрватски: Pavao Štoos 10 декември 1806 — 30 март 1862) — хрватски поет, свештеник и народен преродбеник.
Павао Штос | |
---|---|
Роден/а | 10 декември 1806 Дубравица, Хрватска |
Починат/а | 30 март 1862 Покупско, Хрватска | (возр. 55)
Занимање | Писател, свештеник, илирист |
Националност | Хрват |
Книжевно движење | Романтизам |
Во Загреб завршил богословија, едно време бил секретар на владиката, а од 1842 година тој бил свештеник во Покупско.
Штос е важна личност за хрватските патриоти, како автор на познатата елегија "Kip domovine vu početku leta 1831" („Кипот на татковината во почетокот на летото 1831“), соработник со списанието Даница на Људевит Гај, тој бил патриот загрижен поради угнетувањето и денационализацијата на месното население ("vre i svoj jezik zabit Horvati hote ter drugi narod postati"). Штос песимистички гледал на тогашните политички и културни движења, гледајќи ја државата како заробена во вечна темнина "srce od plača ne mrem zdržati" („срцето од плач не умеам да го задржам“).
Покрај литературата, тој исто така се занимавал со музиката и во 1858 го објавил делото Kitice srkvenih pjesama s napjevima. Тој е автор на песната "Poziv u kolo ilirsko" („Повик во колото илирско“).
Во 1862 бил назначен за загребски каноник, но починал пред да успее официјално да ја стекне титулата.
Наводи
уреди- Fališevac, Dunja; Nemec, Krešimir; Novaković, Darko (2000), Leksikon hrvatskih pisaca (хрватски), Zagreb: Školska knjiga d.d, ISBN 953-0-61107-2