Меѓимурска жупанија
Меѓимурје (Меѓимурска жупанија) е жупанија на крајниот север на Хрватска. Центар на жупанијата е Чаковец.
Меѓимурска жупанија Međimurska županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
![]() Добредојдовте во Меѓимурската жупанија испишано на табла на хрватски јазик | |||
| |||
![]() Меѓимурската жупанија (портокалова боја) во Хрватска (жолта боја) | |||
Координати: 46°27′58″ N; 16°24′50″ E / 46.466° СГШ; 16.414° ИГДКоординати: 46°27′58″ N; 16°24′50″ E / 46.466° СГШ; 16.414° ИГД | |||
Држава | Хрватска | ||
Површина | |||
• Вкупна | 730 км2 (280 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 118.426 | ||
• Густина | 160/км2 (420/ми2) | ||
Повик. бр. | 040[1] | ||
ISO 3166-2:HR | HR-20 | ||
Главен град | Чаковец | ||
Жупан | Ивица Перхоч | ||
Мреж. место | www.medjimurska-zupanija.hr |
ГеографијаУреди
Жупанијата се граничи со Унгарија и Словенија, додека пак е многу блиску и со границата на Австрија. Западниот дел допира на падините на Алпите, додека пак централниот и источниот дел на низината (Панонска низина). Жупанијата се наоѓа помеѓу две реки, Драва на југ и Мура на север и исток, до устието на Драва (кон границата со Унгарија). Таа е најсеверната жупанија во Хрватска, која според карактеристиките на природната средина се дели на два дела: Горо Меѓимурје, кое е ритчесто и поретко населено, и Долно Меѓимурје, кое е низинско и понаселено.[2]
НаселениеУреди
Меѓимурската жупанија е најгусто населен дел на Хрватска. На подрачје од 729,5 км2 (72,956 ha), во 126 населени места живеат 126,500 жители што претставува густина на населеност од 164,2 жители на км2. Хрватите сочинуваат 96% од населението во оваа жупанија, додека пак останатите (Унгарци, Словенци и Роми) сочинуваат 4% од населението.
година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
бр. на жители | 118,426 | 119,866 | 116,825 | 115,660 | 112,073 | 112,551 | 110,686 | 99,346 | 92,760 | 88,623 | 79,808 | 73,728 | 66,638 | 61,397 | 55,412 |
ИзворУреди
- ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врскиУреди
НаводиУреди
- ↑ Međimurje | Međimurska županija | Županijske službe i ustanove | Međimurska županija | službe i ustanove
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.