Паг е еден од островите во хрватскиот дел на Јадранско Море. Климата на островите е претежно средоземна, населението главно се занимава со полјоделство, риболов и туризам. Од полјоделството најзастепено е лозарството и одгледувањето на маслинки. Овој остров зафаќа површина од 285 km2. Населението, според пописот во 2001 изнесува 9.059. Главен град на островот е Паг.

Паг
Географија
МестоЈадранско Море
Координати44°30′27″N 14°56′26″E / 44.50747322° СГШ; 14.94051528° ИГД / 44.50747322; 14.94051528
АрхипелагДалматински Архипелаг
Површина284,56 км2
Должина58,25 км
Ширина2−10 км
Брегова линија269,2 км
Највисоко место349 м
Највисока точкаСвети Вид
Држава
ЖупанијаЛичко-сењска
Најголема населбаПаг (pop. 3,846)
Демографија
Население8.398 (2011)
Густина26,13 /km2 (6.768 /sq mi)
Етнички групи97.93% Хрвати

Административни поделби

уреди

Островот Паг е единствениот хрватски остров кој е поделен помеѓу две жупании. Северниот дел на островот се наоѓа во Личко-сењската, а јужниот дел (Паг, Општина Колан и Општина Повjана) во Задарската жупанија.

Со воспоставувањето на жупаниите во 1992 година, целиот остров и припаднал на Личко-сењската жупанија, што предизвикало отпор во јужниот дел на островот. Пред осамостојувањето на Хрватска, островот гравитирал меѓу Риека и Задар, со тоа што автомобилите на целиот остров имале риечки регистарски таблички.

Со новиот закон за подрачјата на жупаниите од 1997 година, островот бил поделен помеѓу двете жупании и поголемиот, јужниот дел со градот Паг и Општина Повjана припаднал на Задарската жупанија. Општината Колан била формирана во 2003 година со одвојување од областа на градот Паг.

Население

уреди

Најголемиот дел од населението на островот Паг, го сочинуваат Хрватите со 98%. Останатите 2% ги сочинуваат Срби и Словенци.

Чакавски се зборува на местата Новаља, Лун, Стара Новаља, Колан, Мандре, Шимуни, Кустиќи и Зубовиќи.

Цакавски се зборува на местата: Паг (град), Метајна, Кошљун и Пробој.

Шчакавски се зборува на местата: Повљана, Горица, Врчиќи, Стара Вас, Дињишка, Влашиќи, Смоквица и Мишковиќи.

Поврзано

уреди