Обична жалфија
Обична жалфија | |
---|---|
Цветови на обичната жалфија | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae |
Род: | Salvia |
Вид: | S. officinalis |
Научен назив | |
Salvia officinalis L. |
Обична жалфија (Salvia officinalis) — мало повеќегодишно грмушесто растение со задрвенето стебло, сивкасти листови и сини до розови цветови. Потекнува од Средоземниот регион.
Жалфијата се култивира како зачинска и медицинска билка. Ова растение е познато и од делови на Европа, особено на Балканскиот Полуостров, каде служи за добивање на етерични масла.
Латинскиот назив на целиот род Salvia потекнува од латинскиот збор „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2000 години ја ценеле и ја користеле за лечење.
Медицинска употреба
уредиОд жалфијата се користи исклучиво листот. Најлековит лист се добива кога жалфијата почнува да цвета, а тоа е најчесто во мај. Листот се бере, се суши и се чува внимателно. Главната лековита состојкка на листот од жалфија е испарливото миризливо етерично масло, што е содржано од 1,5 до 2,5%. Лековитоста на листот потекнува од танинот. И горките материи во жалфијата делуваат лековито.
Жалфијата е дел од големиот број лекови кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото, бидејќи содржи корисни и безопасни средства кои ја зајакнуваат слузокожата (танинот) и делуваат антисептично (етеричното масло).
Пред откривањето на антибиотиците, жалфијата со векови била користена во форма на чај против потење кај болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Чајот и другите лекови направени од жалфија се користат и за јакнење на организмот.
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |