Религија во Хрватска

Според пописот од 2001 година мнозинството од Хрватите (87,8%) припаѓаат на Римокатоличката црква. Православните христијани го сочинуваат околу 4,4 отсто од населението, муслиманите околу 1,3 проценти, а протестанти околу 0,3 проценти од населението. 5,2% од Хрватите не се верници или агностици.[1]

Верници во Хрватска
Римокатолици
  
87,8 %
Правосланни
  
4,4 %
Муслимани
  
1,3 %
протестанти
  
0,3 %
Други
  
0,83 %
Нерелигиозни
  
5,2 %

Римокатоличката црква добива државна финансиска поддршка и други надоместоци утврдени во договорот помеѓу Владата на Хрватска и на Ватикан. Браковите кои се спроведени од страна на верските заедници, кои пак имаат постигнато договори со државата се официјално признати, со кое се елиминира потребата од регистрирање на граѓанските бракови во регистарот.

Освен договорот со Римокатоличката црква, владата има дополнителни потпишани договори со вкупно 14 верски заедници: СПЦ, Исламската верска заедница на Хрватска, Евангелска црква, Реформирана христијанска црква, Пентекостите Црква, Сојуз на Цркви Пентекостите на Христос, христијанската Црква на адвентистите, Сојуз на Баптистички Цркви, Црква на Господ, Црквата на Исус Христос, реформското движење на адвентистите на седмиот ден, Бугарска православна црква, Македонската православна црква, и хрватската стара Католичката црква.[2]

Наводи

уреди
  1. Population by religion, by towns/municipalities (Central Bureau of Statistics)
  2. CountryReports (2009) <Croatia Religion> Electronic version . Retrieved <Saturday, 26 септември, 2009>, from http://www.countryreports.org/?countryid=62