Иван Горан Ковачиќ

Иван Горан Ковачиќ (21 март 1913, Луковдол - 13 јули 1943, Фоча) — хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.

Иван Горан Ковачиќ
Иван Горан Ковачиќ
Роден/аИван Ковачиќ
21 март 1913(1913-03-21)
Луковдол, Кралство Хрватска и Славонија, Австроунгарија
Починат/а13 јули 1943(1943-07-13) (возр. 30)
Врбица, Независна Држава Хрватска
ПсевдонимГоран
ЗанимањеПисател, Поет, Учесник во НОБ
НационалностХрват
ЖанрПоет
Значајни делаЈама

Животопис уреди

Иван Горан Ковачиќ е роден во Луковдол, од татко Иван, по националност Хрват, и мајка Ружа (моминско презиме: Клајн), по националност Еврејка.[1] Основното училиште го завршил во родното место, а подоцна се школувал во Карловац и на Филозофскиот факултет во Загреб. И. Г. Ковачиќ живеел во многу тешки материјални прилики, па поради тоа морал да работи во редакцијата на еден од загрепските весници („Хрватски дневник“). Во Босна бил стрелан од страна на четниците, кај селото Врбница, во близина на Фоча.

Творештво уреди

Уште како гимназијалец, Ковачиќ почнал да објавува книжевни дела во весниците. Во 1932 година, заедно со двајца свои пријатели, ја објавил својата прва збирка песни со наслов „Лирика“. Како студент по филозофија на Загребскиот универзитет, Горан соработувал во весниците со левичарска ориентација.

Обемното, но сепак недовршено, книжевно дело на Иван Горан Ковачиќ е врзано за југословенската народна револуција. Тој е еден од оние млади поети кои го соединиле својот поетски и револуционерен пат. Во најсудбоносните моменти на југословенската историја, Горан таа доследност ја потврдил со сопствената крв. Покрај со поезија, И. Г. Ковачиќ се занимавал и со проза, есеистика и критика. Во 1936 година ја издал книгата со новели, „Денови на гневот“. Исто така, преведувал од неколку странски јазици.

Значење и влијание уреди

Српскиот поет Бранко Миљковиќ ги напишал песните „Горан“[2] и „Песната што го бара поетот Горан“,[3] кои се посветени на И. Г. Ковачиќ.

Наводи уреди

  1. „Tko je tko i odakle: strani velikani hrvatske kulture – Nacional.hr“. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 28 април 2011.
  2. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 29.
  3. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 46.

Надворешни врски уреди