Срем
Срем е географски регион во Панонската Низина меѓу реката Дунав, на север и исток реката Сава до Дунав, на југ. Западната граница не е јасно дефинирана. По едно мислење, Срем е на запад ограничен со реките Босут и Вук, додека од друга страна западната граница на Срем ја сочинува денешната граница на Вуковарско-сремската област.
Географија
уредиСрем е во најголем дел рамничарска низина со просечна надморска височина од 70-80м ако одиме од југ таа расте од Сава, до Дунав на север. Највисокиот врв се наоѓа на Фрушката гора. Се вика Црвен Чет и неговата висина изнесува 539м. Фрушката Гора е долга од 78км, а најголемата ширина изнесува 15км. Повришината на Фрушка Гора е околу 500 км2. Се смета за спој помеѓу Словенската и Шумадиската планина. Настанала во палеозоикот и претставува заостанат дел од старото Панонско копно, чија главна маса длабоко потонала. Освен Фрушката Гора, покрај Сава се простираат ниски алувијални рамнини, над нив се ниже терасна заравна, а после нив Сремскиот зараван, кој се простира околу Фрушката Гора, од Земун до Вуковар.
Население
уредиГрадовите и селата во Срем припаѓаат на панонското население. Во овој дел на Војводина, ако го приклучиме и Мачва, има околу 100 населени, од кој десет припаѓаат на градското население. Тоа се Сремска Митровица покрај Сава, Нов Белград покрај Сва и Дунав, Земун, Сремски Карловци и Петроварадин покрај Дунав, додека воо внатрешноста на Срем се наоѓа Шид, Рум, Нова Пазова, Стара Пазова и Инѓија. Најмногу населени во Срем се Земун и Нов Белград, меѓутоа тие се приклучени на градската територија на Белград, па земаат улога во Срем има Сремска Митровица.
Наводи
уреди- Mih. J. Miladinović (1903). Istorija Srema. Štamp. D. Dimitrijevića.
- Miladinovi J (December 2013). Istorija Srema. HardPress. ISBN 978-1-314-69554-0.
- Petar Milošević (1981). Srem u prošlosti. Novinsko-izdavačka radna organizacija "Sremske novine.".
- Žarko Atanacković (1968). Srem u narodnooslobodilačkom ratu i socijalističkoj revoluciji. Šimanovci, Mesna zajednica-Mesni odbor SUB NOR-a.
- Đorđe Cvejić; Jovan Babović; Miodrag Živković (1982). Srem u samoupravnoj socijalističkoj Jugoslaviji 1945-1981. NIO Poslovna politika.
- Slavko Gavrilović (1979). Srem od kraja XVII do sredine XVIII veka. Filozofski fakultet u Novom Sadu, Institut za istoriju.
- Mihailo Dinić. Sredjnevekovni Srem.
- Миодраг Матицки (2007). Срем кроз векове: слојеви култура Фрушке горе и Срема : зборник радова. Вукова Задужбина. ISBN 978-86-902961-5-6.
- Слободан Ћурчић (2012). Атлас насеља Војводине: Срем. Матица српска. ISBN 978-86-7946-108-7.
- Fodor, Pál; Dávid, Géza, уред. (2000). Ottomans, Hungarians, and Habsburgs in Central Europe: The Military Confines in the Era of Ottoman Conquest. BRILL.
- Ingrao, Charles; Samardžić, Nikola; Pešalj, Jovan, уред. (2011). The Peace of Passarowitz, 1718. West Lafayette: Purdue University Press.