Хуманизам
Хуманизам — ренесансно културно и филозофско-научно движење кое тежнеело кон воздигнување на личноста според античките примери. Хуманизам се појавил во Европа кон крајот на 14 и почеток на 15 век.
Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.
Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.
Секуларен хуманизам
уредиСекуларен хуманизам или едноставно „хуманизам“ е прогресивна животна филозофија која, без натприродното, ја потврдува способноста и одговорноста на човековите битија да водат етички животи на лични исполнувања кои тежнеат кон поголемо добро на човештвото.[1]
Оваа статија од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Humanism and Its Aspirations (Humanist Manifesto III), American Humanist Association