Динара
Динара (хрватски: Dinara) — планина на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, по која е наречен целиот венец Динарски Планини. Има два значајни врва: Троглав (1.913 м) и истиомениот врв Динара (1.831 м).[2] Второнаведениот врв е највисок во Хрватска и има облик на камена човечка глава. Топографската истакнатост му изнесува 728 м.[3]
Динара Dinara | |
---|---|
![]() | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.913 м [1] |
Истакнатост | 728 м |
Заведена како | државен првенец |
Географија | |
Место | Хрватска / БиХ |
Матичен венец | Динарски Планини |
Самото име „Динара“ е од келтско потекло. Има варовнички карстен состев како и целиот венец наречен по неа.
ГолеминаУреди
Динара се протега од превојот Дерала (965 м) на северозапад до превојот Привија (1.230 м), кој се наоѓа 20 км на југоисток, кајшто почнува планината Камешница. Широка е до 10 км.
КлимаУреди
Динара е оддалечена само неколку десетици километри од Јадранското Море, како дел од областа Загора во Далмација, но има многу постудена планинска клима, Со просечна температура од 2 до 4 °C на врвовите, ова е меѓу најстудените места во Хрватска.[4] Има високи просечни врнежи и 1.700-1.900 сончеви часови годишно.[5]
На самата планина нема трајни населби, само бачила на овчарите од блиската долина на реката Цетина.
ТуризамУреди
За најпривлечен дел од планината се смета југозападниот масив, долг 6 км и висок до 1700 метри. Погледот на долините под планината е живописен, но нема значаен број на планинари. Исклучок е врвот Ошљак (1.706 м).
ФаунаУреди
На Динара живее загрозениот ендемски подвид на глодач — динарската високопланинска полјанка (Dolomys bogdanovi longipedis).
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
„Динара“ на Ризницата ? |
- ↑ Највисок врв на планината е Троглав во Босна и Херцеговина, но не е највисок во земјата. Истоимениот врв Динара е највисокиот во Хрватска.
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г, стр. 42
- ↑ Динара — Peakbagger (англиски)
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 36
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 37
- Острошки, Лилјана, уред. (декември 2013). „Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г.“ (PDF). Статистички годишник на Република Хрватска. Загреб: Државен завод за статистика. 45. ISSN 1334-0638. Посетено на 17 февруари 2014.
Надворешни врскиУреди
- Динара — SummitPost (англиски)