Отвори го главното мени

Макс Волф (германски: Max Wolf), полно име: Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (Maximilian Franz Joseph Cornelius Wolf; Хајделберг, 21 јуни 1863 - 3 октомври 1932) — германски астроном и пионер во полето на астрофотографијата. Тој бил претседател на катедрата за астрономија на Хајделбершкиот универзитет и директор на опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул од 1902 до 1932 година.

Макс Волф
Max Wolf.jpg
Макс Волф
Роден21 јуни 1863
Хајделберг, Германија
Починал3 октомври 1932 (69 години)
Хајделберг, Германија
НационалностГерманец
Полињаастрономија
УстановиХајделбершки универзитет
ОбразованиеХајделбершки универзитет
Докторски менторЛео Кенигсбергер
ДокторандиАвгуст Копф
Хајнрих Вогт
Вилхелм Лоренц
Познат поАстрофотографија
Поважни наградиБрусов медал (1930)

Содржина

Детство и рана младостУреди

Роден во Хајделберг, Германија на 21 јуни 1863 година како син на познат медицински доктор со име Франц Волф. Неговиот тако го поттикнувал неговиот интерес во науката и му изградил опсерваторија на својот син во градината на семејната куќа. Токму оттука Волф ќе ги направи своите први откритија, како што е кометата 14P/Волф од 1884 година.[1]

Работа на универзитетотУреди

Тој се школувал во градскиот универзитет од светска слава, во 1888 година, на возраст од 25 години, се стекнал со звањето проф. д-р од Хајделбершкиот универзитет. Заминува на постдипломски студии во Стокхолм и овој период е единствениот во кој тој го напуштил Хајделберг. Се вратил на Хајделбершкиот универзитет и ја прифатил местоположбата на приват доцент во 1890 година. Како познат предавач по астрономија, ги одбивал понудите за работа од другите институции. Во 1902 година бил назначен за раководител по астрономија и директор на новата опсерваторија Хајделберг-Кенигштул. Звања кои ќе ги задржи се до неговата смрт во 1932 година.[2]

 
Брусовиот двоен астрограф при опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул

Додека траела изградбата на новата опсерваторија Волф бил назначен да ја надгледува изградбата и опремувањето на астрофизичкиот дел од опсерваторијата. Не само што бил одличен надгледувач тој бил и одлиќен прибирач на доации. Кога бил во америка да ја види изградбата на големите нови телескопи тој се вретаил и со донација од 10.000 долари од американскиот филантропист Кетрин Вулф Брус. Вулф веднаш испланирал и нарачал двоен рефракторски телескоп од американскиот астроном и градител на инструменти, Џон Брашер. Овој инструмент е познат како Брусов двоен -астрограф, со паралелни леќи со пречник од 41 см. со отвор од f/5, со што станал основниот истражувачки телескопот на опсерваторијата. Тој исто така собрал пари за 71 см. рефлекторски телескоп, првиот продолжил да се користи за спектроскопија.[3]

Во 1910 година Волф му предложил на претпријатието Карл Цајс за оптика да создаде нов инструмент, денес познат под името планетариум. Првата светска војна му ги попречила плановите но компанијата продолжила со работа на проектот по завршувањето на војната. Првото прикажување за јавноста било во Германскиот музеј во Минхен Германија на 21 октомври 1923 година.[4]

За време на неговото патување во Америка бил заинтересиран да научи нешто повеќе за новото поле на астрофотографијата и така го запознава познатиот американски астроном и астрофотографер Едвард Емерсон Барнард. Двајцата ќе останат во контакт како соперници, соработници и пријатели. Волф бил запрепастен од смртта на својот пријател во 1923 година при што напишал долг некролог.[5]

Подоцнежен живот и смртУреди

Универзитетот, кој веќе бил светски познат во многу други полиња, бил добро познат и по астрономија, пред се поради водството од страна на Волф. Самиот Волф бил бил активен истражувач, придонел со бројни трудови во многу области на астрономијата до самиот крај на својот живот. Како и неговиот пријател, Едвард Емерсон Барнард, тој починал релативно млад како за еден астроном. Тој починал во Хајделбер на 3 октомври 1932 година на возраст од 69 години.[1]

Комети и новиУреди

Волф својата кариера ја започнал како ловец на комети и продолжил да открива нови комети се до крајот на својот живот. Тој има откриено и кооткриено неколку комети, вклучувајќи ги 14P/Волф и 43P/Волф-Харингтон. Победил на натпреварот со Едвард е Емерсон Барнард за тоа кој прв ќе го забечежи враќањето на Халеевата комета (P1/Halley) во април 1910 година.[3]

Тој открил или кооткрил четири супернови: SN 1895A (позната и како VW Девица), SN 1909A (позната и како SS Голема Мечка), SN 1920A, и заедно со Карл Вилхелм Рејнмут, SN 1926A.

Темни маглиниУреди

Еден од позначајните придонеси на Волф било определувањето на природата на темните маглини. Овие области на небото, за кои уште од времето на Вилијам Хершел се сметале за „празнини на небото“, и биле загатка за астрономите. Во овие области не можеле да се забележат ѕвезди, само сеприсутна темнина. Во соработка со Едвард Емерсон Барнард, тој докажал, со внимателна фотографска анализа, дека овие темни маглини се всушност огромни облаци од фина непровидна прашина.[3]

Ѕвезден каталогУреди

Заедно со Едвард Емерсон Барнард, Волф ја применил астрофотографијата за набљудување на ѕвездите. Брусовиот двоен-астрограф бил првично осмислен за лов на темни астероиди, но се покажало дека истиот е идеален за проучување на сопственото движење на нискосјани ѕвезди со употреба на истата техника. Во 1919 година Волф објавил каталог на местоположбите на преку една илијада ѕвезди заедно со измерените сопствени движења. Овие ѕвезди и денес се наречени според имињата и каталошките броеви од неговиот каталог.[6] Меѓу ѕвездите кои се откриени се Волф 359, темно црвено џуџе за кое подоцна е откриено дека е најблиска ѕвезда до Сончевиот систем.[7] Тој продолжил да ги определува сопствените движења на ѕвездите за својот каталог се до крајот на својот живот, со што каталогот ќе содржи 1500 ѕвезди, многу повеќе од сите останати соперници заедно.[8] Овие ѕвезди се значајни бидејќи ѕвездите со ниска сјајност и брзо сопствено движење, како што е Барнардовата ѕвезда и Волф 359, сè релативно близу до Земјата и токму поради ова ѕвездите од Волфовиот каталог се важни за астрономските изтражувања до ден денес. Методите кои ги користеле Едвард Емерсон Барнард и Волф продолжиле да ги користат Франк Елмор Рос и Жорж Ван Бисбрук до средината на XX век. Подоцна фотографските плочи се заменети со почуствителните електронски фотодетектори за астрономски набљудувања.

АстероидиУреди

Волф го открил својот прв астероид 323 Брусија, именуван според Кетрин Волф Брус, во 1891 година. Тој бил првиот кој користел астрофотографски техники за да го автоматизира откривањето на астероидите, за разлика од старите визуелни методи, со што стапкта ан новооткриени астероиди се зголемувала постојано. При временско експоризираните фотографии астероидите наликуваат на куси развлечени флеки поради нивното движење во однос на ѕвездите. Тој на овој начин има откриено преку 200 астероиди.

Меѓу многуте негови откритија е и 588 Ахил (првиот тројански астероид) од 1906 година, како и други два тројанци: 659 Нестор и 884 Пријам. Тој исто така ги открил 887 Алинда во 1918 година, кој денес е познат како астероидот Амор. Кратко по неговото последно откритие (на 6 февруари, 1932 година), неговиот рекорд од 248 откриени астероиди го надминал неговиот ученик Карл Вилхем Рејнмут, на 24 јули 1933 година.

Награди и почестиУреди

Кратерот Волф на Месечината е именувана во негова чест, како и астероидот 827 Волфиjана.

Други астрономи со име ВолфУреди


323 Брусија 22 декември 1891
325 Хајделберга 4 март 1892
328 Гудрун 18 март 1892
329 Свеја 21 март 1892
330 Адалберта 2 февруари 1910
332 Сири 19 март 1892
333 Баденија 22 август 1892
334 Чикаго 23 август 1892
339 Доротеја 25 септември 1892
340 Едуарда 25 септември 1892
341 Калифорнија 25 септември 1892
342 Ендимион 17 октомври 1892
343 Остара 15 ноември 1892
351 Ирса 16 декември 1892
352 Жизела 12 јануари 1893
353 Руперто-Карола 16 јануари 1893
385 Илматар 1 март 1894
386 Зиегена 1 март 1894
391 Ингеборг 1 ноември 1894
392 Вилхелмина 4 ноември 1894
393 Лампетија 4 ноември 1894
399 Персефона 23 февруари 1895
401 Отилија 16 март 1895
407 Арахнa 13 октомври 1895
408 Фама 13 октомври 1895
412 Елизабета 7 јануари 1896
413 Едбурга 7 јануари 1896
415 Палатија 7 февруари 1896
417 Суевија 6 мај 1896
418 Алеманија 7 септември 1896
419 Аврелија 7 септември 1896
420 Бертолда 7 септември 1896
421 Церингија 7 септември 1896
434 Унгарија 11 септември 1898
435 Ела[А] 11 септември 1898
436 Патриција[А] 13 септември 1898
442 Ајхсфелдија[А] 15 февруари 1899
443 Фотографика[А] 17 февруари 1899
446 Етернитас[А] 27 октомври 1899
447 Валентина[А] 27 октомври 1899
448 Наталија[А] 27 октомври 1899
449 Хамбурга[А] 31 октомври 1899
450 Бригита[А] 10 октомври 1899
455 Брухзалија[А] 22 мај 1900
456 Абноба[А] 4 јуни 1900
457 Алегенија[А] 15 септември 1900
458 Херсинија[А] 21 септември 1900
459 Сигне 22 октомври 1900
460 Сканија 22 октомври 1900
461 Саскија 22 октомври 1900
462 Ерифила 22 октомври 1900
463 Лола 31 октомври 1900
464 Мегера 9 јануари 1901
465 Алекто 13 јануари 1901
466 Тизифона[Б] 17 јануари 1901
467 Лаура 9 јануари 1901
468 Лина 18 јануари 1901
471 Папагена 7 јуни 1901
473 Ноли 13 февруари 1901
474 Пруденција 13 февруари 1901
480 Ханза[Б] 21 мај 1901
482 Петрина 3 март 1902
483 Сепина 4 март 1902
484 Питсбургија 29 април 1902
488 Креуза[Б] 26 јуни 1902
490 Веритас 3 септември 1902
491 Карина 3 септември 1902
492 Гизмонда 3 септември 1902
493 Гризелда 7 септември 1902
494 Виртус 7 октомври 1902
495 Евлалија 25 декември 1902
496 Грифија 25 октомври 1902
499 Венузија 24 декември 1902
500 Селинур 16 јануари 1903
501 Урхиксидур 18 јануари 1903
502 Сигуна 19 јануари 1903
509 Јоланда 28 април 1903
512 Тауриненсида 23 јуни 1903
513 Центезима 24 август 1903
514 Армида 24 август 1903
515 Аталија 20 септември 1903
520 Франциска[В] 27 октомври 1903
522 Хелга 10 јануари 1904
524 Фиделио 14 март 1904
526 Jена 14 март 1904
527 Евриантa 20 март 1904
528 Рециjа 20 март 1904
529 Прециоса 20 март 1904
530 Турандот 11 април 1904
531 Церлина 12 април 1904
532 Херкулина 20 април 1904
539 Памина 2 август 1904
540 Розамунда 3 август 1904
541 Дебора 4 август 1904
549 Јесонда 15 ноември 1904
550 Сента 16 ноември 1904
551 Ортрудa 16 ноември 1904
552 Зигелинда 14 декември 1904
553 Кундри 27 декември 1904
555 Норма 14 јануари 1905
557 Виолета 26 јануари 1905
558 Кармен 9 февруари 1905
559 Нанон 8 март 1905
560 Далила 13 март 1905
561 Ингвелда 26 март 1905
562 Салома 3 април 1905
565 Марбахија 9 мај 1905
570 Китера 30 јули 1905
573 Реха 19 септември 1905
574 Реџинилд 19 септември 1905
575 Рената 19 септември 1905
577 Реја 20 октомври 1905
578 Хапелија 1 ноември 1905
580 Селена 17 декември 1905
586 Текла 21 февруари 1906
587 Хипсипила 22 февруари 1906
588 Ахил 22 февруари 1906
590 Томирис 4 март 1906
592 Витсавеја 18 март 1906
594 Миреј 27 март 1906
597 Бандузија 16 април 1906
598 Октавија 13 април 1906
601 Нертус Јуни 21, 1906
605 Живизија 27 август 1906
609 Фулвија 24 септември 1906
610 Валеска 26 септември 1906
641 Агнес 8 септември 1907
642 Клара 8 септември 1907
659 Нестор 23 март 1908
683 Ланција 23 јули 1909
692 Хиподамија[Г] 5 ноември 1901
707 Штајна 22 декември 1910
712 Боливијана 19 март 1911
733 Мокија 16 септември 1912
798 Рута 21 ноември 1914
800 Кресманија 20 март 1915
801 Хелвертија 20 март 1915
802 Епиакса 20 март 1915
805 Хормутија 17 април 1915
806 Гилденија 18 април 1915
807 Сераскија 18 април 1915
809 Лундија 11 август 1915
810 Атоса 8 септември 1915
811 Нојхајм 8 септември 1915
813 Бомеја 28 ноември 1915
815 Копелија 2 февруари 1916
816 Јулијана 8 февруари 1916
817 Аника 6 февруари 1916
818 Каптејнија 21 февруари 1916
819 Бернардијана 3 март 1916
820 Адријана 30 март 1916
821 Фани 31 март 1916
822 Лалаге 31 март 1916
823 Сисигамба 31 март 1916
826 Хенрика 28 април 1916
831 Статеира 20 септември 1916
832 Карин 20 септември 1916
833 Моника 20 септември 1916
834 Бернамија 20 септември 1916
835 Оливија 23 септември 1916
836 Јола 23 септември 1916
837 Шварцшилда 23 септември 1916
838 Серафина 24 септември 1916
839 Валборга 24 септември 1916
840 Зенобија 25 септември 1916
841 Арабела 1 Октомври 1916
842 Керстина 1 октомври 1916
845 Наема 16 ноември 1916
860 Урсина 22 јануари 1917
861 Аида 22 јануари 1917
862 Франција 28 јануари 1917
863 Бенкоела 9 февруари 1917
865 Зубаида 15 февруари 1917
866 Фатме 25 февруари 1917
868 Лова 26 април 1917
870 Манто 12 мај 1917
871 Амнерида 14 мај 1917
872 Холда 21 мај 1917
873 Мехтилда 21 мај 1917
874 Ротруда 25 мај 1917
875 Нимфа 19 мај 1917
879 Рикарда 22 јули 1917
880 Херба 22 јули 1917
881 Атена 22 јули, 1917
883 Матеранија 14 септември 1917
884 Пријам 22 септември 1917
887 Алинда 3 јануари 1918
888 Парисатида 2 февруари 1918
889 Еринија 5 март 1918
890 Валтраут 11 март 1918
891 Гунхилда 17 мај 1918
892 Зелигерија 31 мај 1918
893 Леополдина 31 мај 1918
894 Ерда 4 јуни 1918
895 Хелио 11 јули 1918
896 Сфинга 1 август 1918
897 Лисистрата 3 август 1918
898 Хилдегард 3 август 1918
899 Јокаста 3 август 1918
900 Розалинда 10 август 1918
901 Брунзија 30 август 1918
904 Рокефелија 29 октомври 1918
907 Рода 12 ноември 1918
908 Буда 30 ноември 1918
914 Пализана Јули 4, 1919
919 Илсебил 30 октомври 1918
927 Ратисбона 16 февруари 1920
946 Поезија 11 февруари 1921
949 Хел 11 март 1921
972 Конија 18 јануари 1922
1008 Ла Паз 31 октомври 1923
1021 Фламарио 11 март 1924
1038 Такија 24 ноември 1924
1039 Зоненберга 24 ноември 1924
1053 Вигдис 16 ноември 1925
1069 Планкија 28 јануари 1927
1134 Кеплер 25 септември 1929
1141 Бомија 4 јануари 1930
1169 Алвина[Д] 30 август 1930
1178 Ирмела 13 март 1931
1179 Мали 19 март 1931
1203 Нана 5 октомври 1931
1214 Рихилда 1 јануари 1932
1219 Брита 6 февруари 1932
1365 Хенјеј 9 септември 1928
1514 Рикоукса 22 август 1906
1661 Гранула 31 март 1916
1703 Бери 2 септември 1930
1967 Менцел 1 ноември 1905
2017 Весон 20 септември 1903
2119 Швал[Д] 30 август 1930
2298 Сендџон 2 октомври 1915
2373 Имо 4 август 1929
2443 Томејлин 24 јануари 1906
2483 Гвиневера 17 август 1928
2533 Фехтиг 3 ноември 1905
2650 Елинор 14 март 1931
2732 Вит 19 март 1926
3034 Клименхага 24 септември 1917
3202 Граф 3 јануари 1908
3396 Муазез 15 октомври 1915
3626 Осаки 4 август 1929
3907 Килмартин 14 август 1904
4588 Вислиценус 13 март 1931
4775 Хансен 3 октомври 1927
4809 Робертбал 5 септември 1928
5702 Морандо 16 март 1931
5926 Шонфелд 4 август 1929
Откриен заедно со:
А А. Швасман
Б Л. Карнера
В П. Гец
Г А. Копф
Д М. Фереро

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 MacPherson, H. (1932 г). Obituary: Max Wolf. „The Observatory“ том  55: 355–359. Bibcode1932Obs....55..355M. 
  2. Obituary Notices: Associates:- Wolf, Max. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  93: 236. февруари 1933 г. doi:10.1093/mnras/93.4.236. Bibcode1933MNRAS..93..236.. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Tenn, Joseph S., (1994 г). Max Wolf: The Twenty-Fifth Bruce Medalist. „Mercury“ том  23 (4): 27–28. http://www.phys-astro.sonoma.edu/brucemedalists/wolf/WolfBio.pdf. 
  4. Chartrand, Mark. „A Fifty Year Anniversary of a Two Thousand Year Dream (The History of the Planetarium)“, International Planetarium Society, септември 1973 (посет. 26 февруари 2009 г).
  5. Wolf, M. (април 1923 г). Anzeige des Todes von Edward Emerson Barnard (на German). „Astronomische Nachrichten“ том  218: 241. doi:10.1002/asna.19232181602. Bibcode1923AN....218..241W. 
  6. Wolf, M. (1919 г). Katalog von 1053 staerker bewegten Fixsternen (на German). „Veroeffentlichungen der Badischen Sternwarte zu Heidelberg“ том  7 (10): 195–219. Bibcode1919VeHei...7..195W. 
  7. Wolf, M. (јули 1917 г). Eigenbewegungssterne (на German). „Astronomische Nachrichten“ том  204: 345. doi:10.1002/asna.19172042002. Bibcode1917AN....204..345W. 
  8. „Wolf“. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 2009-10-13. 

Надворешни врскиУреди