1661 Гранула

астероид

1661 Гранула, исто така, означен како  A916 FA, е каменест Флоријански астероид од внатрешните региони на астероидниот појас, со пречник од околу 7 километри. Тој бил откриен на 31 март 1916 година, од страна на германскиот астроном Макс Волф во Хајделбершката опсерваторија во јужниот дел на Германија и е именуван според американскиот патолог Едвард Гал.

Класификација и орбита

уреди

Астероидот е припадник на S-тип на астероидот и е член на Флоријанското семејство, голема судирна популација на каменести астероиди во внатрешниот главен појас. Кружи околу Сонцето на растојание од 2–2,4 АЕ на секои 3 години и 3 месеци (1.179 дена). Неговата орбита има ексцентричност од 0,09 и наклон од 3° во однос на еклиптиката. Набљудувачкиот лак на Гранула е забележан за првпат во Бергедорфшката опсерваторија, еден месец по првичното забележување.

Физички одлики

уреди

Вртежен период

уреди

Во јануари 2006 година, е добиена првата вртежна светлинска крива за Гранула од фотометриските набљудувања на францускиот аматерски астроном Рене Рој. Добиен е вртежен период подолг од просечниот од 24 часа со светлинска промена од 0,15 магнитуди (U=2). Досега не е добиена друга светлинска крива.

Проценка на големината

уреди

Гранула не е забележана од страна на инфрацрвениот сателит ИРАС, ниту пак од јапонскиот сателит Акари, а воедно и од НАСА-овиот НЕОВИСЕ. Според добиените податоци од КАЛЛ, се претпоставува дека астериодот има албедо од 0.24 – според матичниот астероид од семејството 8 Флора – и се претпоставува дека има пречник од 7,14 километри, користејќи апсолутна величина од 12,9.

Именување

уреди

Овој астероид е именуван според светски познатиот американски патолог Едвард Гал, поранешен директор на Синсинатскиот академски здравствен центар и претседател на УСЦАП. Именувана е на денот на неговото пензионирање, за да се одбележи Галовата кариера и откривањето на Галовата гранула, особеност на лимфоцитите. Официјалното именување е објавено од страна на МПЦ, октомври 1977 година.