Хајделберг (германски: Heidelberg) — град во југозападниот дел на Германија. Петтиот најголем град во покраината Баден-Виртемберг по Штутгарт, Манхајм, Карлсруе и Фрајбург во Брајсгау, Хајделберг е дел од густо населената метрополитенска област Рајна-Некар. Во 2009, над 145.000 луѓе живееле во градот. Хајделберг се наоѓа на реката Некар во длабоката долина во Оденвалд.

Хајделберг
Хајделберг, со Хајделбершки замок на ридот и Стариот мост на реката Некар
Хајделберг, со Хајделбершки замок
на ридот и Стариот мост на реката Некар
Хајделберг, со Хајделбершки замок
на ридот и Стариот мост на реката Некар
Грб на Хајделберг
Хајделберг во рамките на Германија
Хајделберг
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Карлсруе
Округ Урбан округ
Градски единици 15 градски единици
Градоначалник Екарт Вирцнер (независен)
Основни податоци
Површина 109 км2
Надм. височина 114 м
Население 156.267 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 1.434 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HD
Пошт. бр. 69115–69126
Повик. бр. 06221
Портал heidelberg.de
Местоположба на градот Хајделберг во рамките на округот Урбан округ
Карта
Карта
Координати 49°24′44″N 8°42′36″E / 49.41222° СГШ; 8.71000° ИГД / 49.41222; 8.71000

Поранешната резиденција на Изборното кнежевство Пфалц во Хајделберг е седиште на Хајделбершкиот универзитет, добро познат надвор од границите на Германија. Хајделберг е популарна туристичко одредиште поради неговиот романескнен и живописен градски пејзаж, вклучувајќи го Хајделбершкиот замок и барокниот Стар Град. Американската војска имаат воена база во Хајделберг од 1951.

Географија

уреди

Хајделберг е во долината на Рајна, главно на левиот брег на долниот дел на реката Некар, и се граничи со планините Königsstuhl (568 м) и Gaisberg (375 м). Реката Некар тече во правец исток-запад. На десниот брег на реката, се издига планината Хајлигенберг (445 м). Реката Некар се влева во реката Рајна приближно 22 километри северозападно од Манхајм. Селата припоени во текот на 20-от век ја достигаат долината на Некар долж Bergstraße, пат кој се наоѓа долж ридовите Оденвалд.

Хајделберг е на европската патека за пешачење Е1 (Шведска-Умбрија).

 
Окрузи на Хајделберг
 
Altstadt (стариот град) од планината Кенигсштул

Флора и фауна

уреди

Бидејќи Хајделберг е еден од најтоплите регионо во Германија, растенијата се нетични за средноевропската клима, вклучувајќи бадеми и смокви; исто така има и маслинки во Gaisbergstraße. Долж Philosophenweg (Патека на филозофите) на спротивната страна на Стариот град, лозарството беше обновена во 2000.[2]

Постои диво население на африканскиот папагал мал александар,[3] и дива популација на сибирски лебеди, кои може да се видат главно на островите во реката Некар близу Бергхајм, округ на Хајделберг.

Административна структура

уреди

Хајделберг е урбан округ во рамките на административниот округ Карлсруе. Руралниот округ Рајна-Некар-Крајс го опкружува и има седиште во градот, иако градот не е дел од округот. Хајделберг е дел од метрополитенската област Рајна-Некар, често нарекувана како Триаголник Рајна-Некар. Оваа област се состои од јужните делови на покраината Хесен, јужниот дел од покраината Рајнска област-Пфалц, урбаните окрузи Манхајм и Хајделберг и јужните општини на Рајна-Некар-Крајс. Триаголникот Рајна-Некар станал европска метрополитенска област во 2005.

Хајделберг се состои од 14 окрузи распоредени во 6 сектори на градот. Во средината, се Altstadt (Стариот град), Бергхајм и Вестштат („Weststadt“); на север, Нојенхајм и Хандшусхајм; на исток, Цигелхаузен и Шлирбах; на југ, Зидштат, Рорбах, Емертсгрунд и Боксберг; на југозапад, Кирххајм; на запад, Пфафенгрунд и Виблинген. Новиот градски округ, именуван привремено како Bahnstadt (Банштат), е планиран на дел од Вестштат и Виблинген. Новиот округ ќе има околу 5.000-6.000 жители и вработување за 7.000.

Соседни заедници

уреди

Следниве градови и општини се граничат со градот Хајделберг, почнувајќи на запад и одејќи во насоката на стрелките на часовникот: Единген-Некархаузен, Досенхајм, Шрисхајм, Вилхелмсфелд, Шенау, Некаргеминд, Баментал, Гајберг, Лајмен, Зандхаузен, Офтерсхајм, Планкштат, Епелхајм (сите дел од Рајна-Некар-Крајс) и Манхајм.

Клима

уреди

Хајделберг има океанска клима, дефинирана од заштитената долина помеѓу Pfälzerwald и Odenwald. Годишно, благите темпереатури се утврдени со воздушни маси, кои доаѓаат од запад. Во споредба со соседната низина Горна Рајна, местоположбата на Хајделберг во долината доведува до почести источни ветрови. Падините на Оденвалд не дозволуваат облачно време и дождови. Најтоплиот месец е јули, најладниот е јануари. Не е реткост, температурите да се искачуваат над 30 °C во средина на летото. Според германскиот метеоролошки завод, Хајделберг бил најтоплото место во Германија во 2009.[4][5][6]

Оваа панорама од мостот Теодор Хојс („Theodor-Heuss-Brücke“) ја покажува реката Некар низ Хајделбер. Лево е Нојенхајм, со неговите Neckarwiesen, десно е Стариот град „Altstadt“.
Климатски податоци за {{{location}}}
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
[се бара извор]

Меѓународни односи

уреди

Хајделберг одржува партнерски врски („Städtepartnerschaft“) со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Познати жители

уреди

Познати луѓе кои умреле во Хајделеберг

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)
  2. http://www.hilfe-hd.de/rohrbach/wein.htm
  3. Штефани Вегенер: Verbreitung und Arealnutzung der Halsbandsittiche (Psittacula krameri) in Heidelberg, објавено од: Ornithologische Gesellschaft Baden-Württemberg e. V., Ornithol. Jh. Bad.-Württ. 23: 39-55 (2007) Архивирано на 19 јули 2011 г.
  4. Мехтихилд Хенеке: Временски екстреми во Германија 2009. Во: Südkurier, 28 април 2010
  5. Kreisbeschreibung Bd. 1, S. 54ff
  6. www.klimadiagramme.de

Надворешни врски

уреди