809 Лундија

астероид

809 Лундија — мал двоен астероид од типот V кој орбитира во рамките на Флориното семејство во главниот астероиден појас. Именуван е според Лундската опсерваторијата во градот Лунд, (Шведска) која функционира во рамките на Лундскиот универзитет.

809 Lundia
Астероидот 809 Лундија (привидна величина 16,6) во близина на ѕвезда со светллинска величина 15,6.
Откривање
ОткривачМакс Волф
Откриено11 август 1915
Ознаки
Наречена по
Опсерваторија Лунд
1915 XP; 1936 VC
Главен астероиден појас
Орбитални особености
Епоха 26 ноември 2005 (ЈД 2453700.5)
Афел407,368 Gm (2,723 ае)
Перихел275,743 Gm (1,843 ае)
341,556 Gm (2,283 ае)
Занесеност0,193
1260,094 д (3,45 a)
19,53 km/s
42,298°
Наклон7,143°
154,685°
196,321°
Физички особености
Димензии10,26 ± 0,07[1] km
Маса(9,27 ± 3,09) × 1014[1] kg
Средна густина
1,64 ± 0,10[1] g/cm3
0,001–0,003 m/s² (претпоставка)
0,003–0,005 km/s (претпоставка)
Температура165-180 K
max: 260-280 K
Спектрален тип
астероид од типот V
11,8

Особености

уреди

Лундија орбитира во Флориното семејство. Сепак, спектарот од типот V покажува дека не станува збор за член на Флориното семејство, туку најверојатно станува збор за дел од друг астероид (два делови доколку се земе предвид и месечината) исфрлени од површината на 4 Веста најверојатно од некаков удар во минатото. Орбитата е на големо растојание од Веста за истиот да биде дел од Вестинското семејство. Не е јасно како успеал да ја постиге таа далечна орбита од астероидот Веста, но познати се и други примери на астероиди од типот V кој орбитираат надалеку од астероидот Веста. Преложен е механизм на поврзаност меѓу Јарковскиевиот ефект и нелиниските секуларни резонанси (претежно од Јупитер и Сатурн).[2]

Двоен систем

уреди

Набљудувањата на светлинската крива во 2005 година покажале дека Лундија е двоен систем од два објекти со приближно иста големина кој кружат околу заедничкото тежиште. „Лундија“ денес се однесува на есен од овие објекти, додека останатиот е привремено означен како S/2005 (809) 1. Сличната големина на двата објекти е определен на начин што при меѓусебните прекривања светлината се намалува за слично количество на светлина без разлика на тоа кој објект е прикриен.[3] Поради сличната големина на првиот и вториот објект овој систем се води како двоен систем.[4]

Со слично албедо како она на 4 Веста (околу 0,4) наведува на помислата дека истите се со пречик од 7 км. Периодот на меѓусебното орбитирање е 15,4 часа,[3] што пак отприлика кажува дека растојанието мегу истите е доста мало во интервал од 10–20 км доколку се земат предвид вообичаените вредности за густината и албедото.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Carry, B. (December 2012), „Density of asteroids“, Planetary and Space Science, 73, стр. 98–118, arXiv:1203.4336, Bibcode:2012P&SS...73...98C, doi:10.1016/j.pss.2012.03.009. See Table 1.
  2. V. Carruba, и др. (2005). „On the V-type asteroids outside the Vesta family“. Astronomy & Astrophysics. 441 (2): 819–829. arXiv:astro-ph/0506656. Bibcode:2005A&A...441..819C. doi:10.1051/0004-6361:20053355.
  3. 3,0 3,1 Poznań observatory [1] Архивирано на 2 јули 2001 г. (Lightcurve showing signature of the binary)
  4. „Satellites and Companions of Minor Planets“. IAU / Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 2011-07-03.

Надворешни врски

уреди