1179 Мали
1179 Мали привремена ознака 1931 FD — астероид и долговтремена загубена мала планета од средишната област на Главниот астероиден појас, со приближен пречник од 13 km. Открие е на 19 март 1931 година, од германскиот астроном Макс Волф при Хајделбершката опсерваторија во јужна Германија.[8]
Откривање [1] | |
---|---|
Откривач | Макс Волф |
Откриено во | Хајделбершка опсерваторија |
Откриено | 19 март 1931 |
Ознаки | |
ЦМП-ознака | 1179 Мали |
Наречена по | Мали Волф (семејство на откривачот)[2] |
1931 FD | |
Грлавен астероиден појас · (средина) [3] | |
Орбитални особености [1] | |
Епоха 16 февруари 2017 (ЈД 2457800.5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 85,23 yr (31,131 days) |
Афел | 3,0675 ае |
Перихел | 2,1695 ае |
2,6185 ае | |
Занесеност | 0,1715 |
4,24 а (1,548 days) | |
57,991° | |
0° 13м 57.36с / ден | |
Наклон | 8,7071° |
6,8104° | |
234,09° | |
Физички особености | |
Димензии | 10,65 km (пресметано)[3] 13,159 ± 0,183 km[4] 13,379 ± 0,077 km[5] 14,41 ± 0,47 km[6] |
46,6917 ± 0,1516 h[7] | |
0,059 ± 0,020[6] 0,0683 ± 0,0080[5] 0,071 ± 0,017[4] 0.10 (претпоставка)[3] | |
S [3] | |
12,530 ± 0,002 (R)[7] · 12,8[1] · 12,9[5][6] · 12,98[3] | |
Мали е во орбита околу Сонцето на растојание од 2,2-3,1 ае и истата еднаш ја изминува за 4 години и 3 месеци (1.548 денови). Орбитата има занес од 0,17 и наклон од 9° во однос на еклиптиката.[1] По првичното откритие во 1931 година, постанува една од неколкуте познати загубени мали планети и ќе биде загубена во наредните 55 години. Во 1986 година, Мали бил повторно откриен од Луц Шмадел, Рихард Мартин Вест и Ханс Емил Шустер, кои ги премерија првичните плочи од откритието и пресметале поинакви еферемиди. На овој начин тие успеале да го најдат телото во близина на предвидената местоположба. Дополнително, историските фотографските плочи од Паломарскиот небесен атлас (1956–1958), UK Шмидовиот телескоп (Австралија), и Опсерваторијата Ла Сила (Чиле) го потврдиле повторното откритие.[9][10][11]
Според резултатите објавени во 2014 година од истражуањата изведени од НАСА со ВИСЕ со последователната мисија НЕОВИСЕ, Мали има пречник од 13,2 до 14.4 километри, аи површинско албедо меѓу 0,059 и 0,071,[4][5][6] додека пак според (КАЛЛ) има албедо од 0,10 и пречник од 10,7 километри, засновани на апсолутната светлосна величина од 12,98.[3] Доплонително, КАЛЛ астероидот го сместуваво каменестите S asteroidi, i pokraj niskoto albedo.[3]
Во септември 2013 година, вртежната светлинска крива на Мали добиена од фотометриските набљудувања снимени од ПТФ во Калифорнија. Добиен е подолг од просечниот вртежен период од 46,6 часа светлосна променливост од 0,08 m.[7] Сепак, резултатот е отфрлен од КАЛЛ (U=1).[3]
Астероидот е именуван по Мали Волф, сопруга на Франц Волф снашката на откривачот (H 110).[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „JPL Small-Body Database Browser: 1179 Mally (1931 FD)“ (2016-06-11 last obs.). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 9 December 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Schmadel, Lutz D. (2007). Dictionary of Minor Planet Names – (1179) Mally. Springer Berlin Heidelberg. стр. 99. ISBN 978-3-540-00238-3. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „LCDB Data for (1179) Mally“. Asteroid Lightcurve Database (LCDB). Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Masiero, Joseph R.; Grav, T.; Mainzer, A. K.; Nugent, C. R.; Bauer, J. M.; Stevenson, R.; и др. (August 2014). „Main-belt Asteroids with WISE/NEOWISE: Near-infrared Albedos“. The Astrophysical Journal. 791 (2): 11. arXiv:1406.6645. Bibcode:2014ApJ...791..121M. doi:10.1088/0004-637X/791/2/121. Посетено на 14 September 2016.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Mainzer, A.; Grav, T.; Masiero, J.; Hand, E.; Bauer, J.; Tholen, D.; и др. (November 2011). „NEOWISE Studies of Spectrophotometrically Classified Asteroids: Preliminary Results“ (PDF). The Astrophysical Journal. 741 (2): 25. arXiv:1109.6407. Bibcode:2011ApJ...741...90M. doi:10.1088/0004-637X/741/2/90. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Masiero, Joseph R.; Mainzer, A. K.; Grav, T.; Bauer, J. M.; Cutri, R. M.; Nugent, C.; и др. (November 2012). „Preliminary Analysis of WISE/NEOWISE 3-Band Cryogenic and Post-cryogenic Observations of Main Belt Asteroids“. The Astrophysical Journal Letters. 759 (1): 5. arXiv:1209.5794. Bibcode:2012ApJ...759L...8M. doi:10.1088/2041-8205/759/1/L8. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Waszczak, Adam; Chang, Chan-Kao; Ofek, Eran O.; Laher, Russ; Masci, Frank; Levitan, David; и др. (September 2015). „Asteroid Light Curves from the Palomar Transient Factory Survey: Rotation Periods and Phase Functions from Sparse Photometry“. The Astronomical Journal. 150 (3): 35. arXiv:1504.04041. Bibcode:2015AJ....150...75W. doi:10.1088/0004-6256/150/3/75. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ „1179 Mally (1931 FD)“. Minor Planet Center. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ Brian G. Marsden (5 December 1986). „International Astronomical Union Circular 4278“. Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 26 October 2016.
- ↑ European Southern Observatory (4 декември 1986). "Long Lost Planet Found Again". Соопштение за печат. посет. 26 октомври 2016 г
- ↑ Schmadel, L. D.; West, R. M. (1988). „Recovery of the long lost minor planet (1179) Mally“. Astronomische Nachrichten. Astronomisches Rechen-Institut, and ESO. 309 (3): 223–225. Bibcode:1988AN....309..223S. doi:10.1002/asna.2113090318. ISSN 0004-6337. Посетено на 26 October 2016.
Надворешни врски
уреди- (1179) Mally, at AstDyS, University of Pisa
- Asteroid Lightcurve Database (LCDB), query form (info Архивирано на 16 декември 2017 г.)
- Dictionary of Minor Planet Names, Google books
- Asteroids and comets rotation curves, CdR – Observatoire de Genève, Raoul Behrend
- Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets (1)-(5000) – Minor Planet Center
- 1179 Мали — База на мали небесни тела на JPL