Лујџи Карнера
италијански астроном
Лујџи Карнера (италијански: Luigi Carnera; Трст, 14 април 1875 - Фиренца, 30 јули 1962) — италијански астроном, откривач на астероиди.
На почетокот на кариерата работел како помошник на истакнатиот германски астроном Макс Волф во Хајделберг и открил повеќе астероиди. Работел во Германија, Италија и Аргентина, па на крај во 190 г. конечно се вратил во Италија.
Во 1919 г. е назначен за директор на Трстјанската опсерваторија. Од 1932 до пензионирањето во 1950 г. работел како директор на опсерваторијата „Капидамонте“ во Неапол и предавал општа и сферна астрономија на Неаполскиот универзитет.
Карнера открил вкупно 16 астероиди, од кои три заедно со Макс Волф.[1]
Откриени астероиди: 16 | |
---|---|
466 Тизифона[1] | 17 јануари 1901 |
469 Аргентина | 20 февруари 1901 |
470 Килија | 21 април 1901 |
472 Рим | 11 јули 1901 |
476 Хедвиг | 17 август 1901 |
477 Италија | 23 август 1901 |
478 Тергесте | 21 септември 1901 |
479 Капрера | 12 ноември 1901 |
480 Ханза[1] | 21 мај 1901 |
481 Емита | 12 февруари 1902 |
485 Генуа | 7 мај 1902 |
486 Кремона | 11 мај 1902 |
487 Венеција | 9 јули 1902 |
488 Креуза[1] | 26 јуни 1902 |
489 Комачина | 2 септември 1902 |
808 Мерксија | 11 октомври 1901 |
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Откривачи на мали планети“. Центар за мали планети. Архивирано од изворникот на 2010-11-20. Посетено на 1 јануари 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Биографија на Лујџи Карнера Архивирано на 12 јуни 2015 г. — Музеј на астрономски инструменти на Капидамонте (италијански)
Оваа статија за астроном е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа биографска статија за личност од Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |