Центар за мали планети

Центар за мали планети (англиски: Minor Planet Center, MPC) — официјална светска организација надлежна за прибирање на набљудувачки податоци за мали планети (како астероиди и комети), ги пресметува нивните орбити и го објавува овие информации во билтенот Minor Planet Circulars. Организацијата работи под покровителство на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) во Смитсоновата астрофизичка опсерваторија, дел од Центарот за астрофизика, заедно со Харвардската опсерваторија.[1]

Организацијата нуди низа бесплатни семрежни услуги кои им помагаат на астрономите во набљудувањата на малите планети и кометите. Целосниот каталог на орбити на малите планети исто така се нудат за слободно преземање. Покрај астрометриските податоци, центарот прибира фотометриски податоци за светлосните криви на телата. Центарит е задолжен даги ускладува истражните набљудувања во потрага по можни околуземски објекти пријавени преку семрежниот образец и наменскиот блог.[2][3] Надлежен е за препознавање на околуземјените објекти и предупредување за опасноста од судир со Земјата неколку недели по нивното откривање (погл. потенцијално опасни објекти и Центар за мали планети § Белешки).[1]

Историја

уреди

Центарот за мали планети е основан во 1947 г. при Синсинатскиот универзитет под водство на Пол Хергет.[4][5]:63 Со неговото пензионирање на 30 јуни 1978 г.[5]:67 установата е преместена во Смитсоновата астрофизичка лабораторија и раководното место му припаднало на Брајан Марсден.[5]:67 Од 2006 до 2015 г.[6] со неа директорувал Тимоти Спар,[7] предводејќи петчлен кадар. Почнувајќи од февруари 2015 г. на чело на центарот е привремениот директор Метју Холман.[8]

Периодика

уреди

Центарот повремено издава астрометриски наоди од набљудувања на мали планети, некои комети и месчеини.[9] На мрежното место е достапна опширен архив на изданија во PDF. Најстарата единица во архивот е од 1 ноември 1977 г. (MPC 4937–5016).[10]

  • Minor Planet Circulars (M.P.C. или MPCs), прев. Расписи за мали планети
  • Minor Planet Electronic Circulars (MPECs), прев. Електронски расписи за мали планети
  • Minor Planets and Comets Supplement (MPS), прев. Додаток за мали планети и комети
  • Minor Planets and Comets Orbit Supplement (MPO), прев. Додаток за орбитите на малите планети и кометите

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Centres – Minor Planet Center. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 20 April 2016.
  2. „The NEO Confirmation Page“. Minor Planet Center. Посетено на 20 April 2016.
  3. „NEOCP Blog“. Minor Planet Center. Посетено на 20 April 2016.
  4. Donald E. Ostertbrock & P. Kenneth Seidelmann (1987). Paul Herget 1908 - 1981. A Biographical Memoir (PDF). Национална академија на науките на САД. стр. 64–65.
  5. 5,0 5,1 5,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. „Minor Planet Center Director Steps Down“. The Daily Minor Planet Blog. Minor Planet Center. 6 January 2015. Посетено на 20 April 2016.
  7. „MPEC 2010-W10: BRIAN MARSDEN (1937 Aug. 5-2010 Nov. 18)“. Minor Planet Center.
  8. „Interim Director Appointed to the Minor Planet Center“. The Daily Minor Planet Blog. Minor Planet Center. 4 February 2015. Посетено на 1 December 2015.
  9. „MPC: Publications“. Minor Planet Center. Посетено на 6 May 2016.
  10. „MPC/MPO/MPS Archive“. Minor Planet Center. Посетено на 6 May 2016.
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „MPC-NEO-confirmation“ определена во <references> групата „“ нема содржина..

Надворешни врски

уреди

Видеа

уреди