Браунлаге
Браунлаге (германски: Braunlage) — град и бања во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на планинскиот масив Харц, јужно од врвот Брокен. Денес, главна дејност во Браунлаге е туризмот, особено зиме. Скијачки одморалишта во близина се Зоненберг и падините на Вурмберг.
Браунлаге | |
Браунлаге околу 1900 година | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гослар |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Штефан Гроте (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 31,55 км2 |
Надм. височина | 560 м |
Население | 5.763 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 183 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GS, BRL, CLZ |
Пошт. бр. | 38700 |
Повик. бр. | 05520 |
Портал | braunlage.org |
Местоположба на градот Браунлаге во рамките на округот Гослар | |
Координати | 51°43′37″N 10°36′43″E / 51.72694° СГШ; 10.61194° ИГД |
Географија
уредиБраунлаге се наоѓа на сојузните патишта Б4, кој води од Брауншвајг до Нордхаузен и Б27 од Бланкенбург до Гетинген.
Градски единици
уредиГрадот е составен од три единици:
- Браунлаге
- Хоегајс
- Санкт Андреасберг
Клима
уредиКлима на Браунлаге | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 13,9 | 15,1 | 19,8 | 25,9 | 28,1 | 30,8 | 32,6 | 32,8 | 30,3 | 24,3 | 18,8 | 14,1 | 32,8 |
Просечна максимална (°C) | −0,3 | 2,5 | 4,8 | 9,4 | 14,3 | 17,5 | 19,0 | 18,7 | 15,7 | 10,2 | 4,4 | 1,1 | 9,78 |
Просечна минимална (°C) | −5,2 | −4,9 | −2,3 | 1,1 | 5,4 | 8,4 | 10,5 | 10,4 | 7,8 | 3,8 | 0,0 | −3,2 | 2,65 |
Апсолутна минимална (°C) | −23,9 | −25,6 | −18 | −11 | −4,1 | −0,6 | 2,7 | 2,6 | −0,4 | −8,2 | −14 | −22,8 | −25,6 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 130 | 118 | 80 | 85 | 80 | 98 | 126 | 105 | 97 | 112 | 116 | 118 | 1,265 |
Извор: [1]; [2] |
Историја
уредиБраунлаге започнал како шумска населба првпат споменат како „Бруненлое“ (Вrunenlohe) во декрет од 1253 година, која процутела кога Грофовијата Бланкенбург основала леарница во 1561 година. Истоименото грофовија потпаднало под власта на Војводството Брауншвајг-Волфенбител во 1599 година. Во XVII век станал мал пазарен град, а во 1934 година ги добил градските права и статус на здравствен центар.
Во 1963 година започнала изградбата на најдолгата жичница во Северна Германија во должина од 2,8 километри и висинска разлика од 400 метри од градот до планината Вурмберг.
На 7 мај 1964 година, Герхард Цукер прикажал лет на поштенските ракети. Една од тие ракети експлодирала, убивајќи три лица.
Население
уреди
|
|
|
|
Култура и знаменитости
уредиСпорт
уредиЛокалниот хокеј клуб „Харцер Велфе“ (Harzer Wölfe) се важен клуб во Северна Германија.
Постојат неколку скијачки скокалници на Вурмберг, на кои се одржуваат разни натпреварувања.
Знаменитости
уредиКон Санкт Андреасберг се наоѓа вештачкото езеро Зилбертајх и карпите Ханенклеклипен (Hahnenkleeklippen).
Дике Танен е заштитено природно подрачје близу Хоегајс.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Браунлаге на Ризницата ?
- Туристичка страница за Браунлаге (германски)
- Браунлаге на Curlie (англиски)