1250-ти
десетлетие
< 1240-ти | 1250-ти | 1260-ти > | |||||||
1250 | 1251 | 1252 | 1253 | 1254 | 1255 | 1256 | 1257 | 1258 | 1259 |
1250-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1250 година и завршила на 31 декември 1259 година.
Настани
уреди1250
уреди- Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица.
- Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба[1].
- Февруари - По смртта на Ерик XI Шведски на 2 февруари, Валдемар I Шведски, кој е најстариот син на Биргер Јарл, станува првиот шведски крал од династија Фолкунг.
- 6 април - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили.
- 30 април - Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
- 12 октомври - Голема бура го смени правецот на реката Ротер.
- 13 декември - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
- Ломбардскиот Сојуз се распушта по смртта на Фридрих II.
- Кралот Алфоно III Португалски го освојува Алгарве од Маврите, со што завршува протерувањето на Маврите од Португалија.
- Алберт Велики го наоѓа елементот арсен, како осми откриен метал.
- Основан еУниверзитет Ваљадолид во Шпанија.
- Мостот Ријалто во Венеција (во денешна Италија) е изграден со дрвена конструкција.
- Неаполска чума се распространува во градот Неапол.
- Вилар де Онекурт ја црта првата позната слика на пилана.
- Започнува собирот во Курултај на повик од Бату-кан во Сибир, како дел од маневрирањето за избор на Монгке-кан, како кан на Монголското Царство во 1251.
- Мамелуците ја преземаат власта во Египет.
- Самоа се ослободува од владеењето Царство Тонга.
- Банкарите од Република Сиена, кои припаѓаат на фирма позната како Гран Тавола, на чело со браќата Бонсињори, стануваат главни финансиери на Папството.
- Герман III Цариградски е избран за епископ Едрински.
1251
уреди- април - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција.
- 26 декември - Кралот на Шкотска Александар III се оженува за ќерката на англискиот крал Хенри III, Маргарет, предизвикувајќи борба за власт меѓу двајцата монарси.
- Андре де Лонжумо, испратен пред две години од кралот Луј IX како амбасадор во Монголија, се среќава со кралот во Палестина; неговата мисија се смета за неуспех.
- Миндовг е покрстен и по две години крунисан како крал на Литванија.
- Александар Невски го потпишува првиот мировен договор меѓу Киевска Русија и Норвешка.
- Кралот Конрад IV ја напаѓа Италија, но не ги покорува поддржувачите на Папа Инокентиј IV.
- Берлин ги добива своите градски права.
- Отокар е избран Војвода на Австрија.
- За првпат се споменува градот Фалкенберг/Елстер.
- За првпат се споменува градот Минхенбернсдорф.
- За првпат се споменува градот Перну.
- Бил основан цистерцијански манастир во Бад Берка.
- Витшток ги добива своите градски права.
- Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство.
1252
уреди- 6 април - Свети Петар Веронски е убиен од Карино Балсамо.
- 15 мај - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
- 1 јуни - Алфонсо X Кастилски е прогласен за крал на Кастиља и Леон.
- јули - Основан е градот Стокхолм во Шведска.
- 25 декември - Кристофер I Дански е крунисан за крал на Данска.
- Основан е градот Клајпеда во Литванија од страна на Тевтонските витези.
- Градот и манастирот на Орвалската опатија во Белгија се изгорени до темел. Нивната обнова трае 100 години.
- Тома Аквински заминува во Париз, каде ги продолжува своите студии.
- Кралот Бела IV ја дава земјата Зек на комитата Винченциу, син на Акадаш.
- Гертруда Бабенберг се омажува за кнезот Роман Даниловиќ, помал брат на кнезот Лав I Рурикович.
- Името на паричната единица форинт, како ковани златници се споменува во Фиренца.
- Основан е Манстирот Морача.
- Бреда ги добива своите градски права.
- Клагенфурт ги добива своите градски права.
- Нортхајм ги добива своите градски права.
- За првпат се споменува градот Хузум.
- За првпат се споменува градот Слоним.
- Ашерслебен станува главен град на Анхалт-Ашерслебен.
- Завршен е класичниот јапонски текст Jikkunsho.
- Монголците ја одземаат најзападната провинција на Сунг.
1253
уреди- 28 април - Ничирен, јапонски будистички монах, ја објавува својата намера да ја проповеда „Lotus Sutra“ и „Namu Myōhō Renge Kyō“.
- мај - Кралот Луј IX го испраќа Вилхелм де Рубрук од Цариград, на мисионерско патување за прифаќање на христијанството на Татарите од централна и источна Азија. Подоцна истата година, Вилхелм ја запишува првата средба меѓу европските христијани и будисти.
- 18 јануари - Анри I Кипарски умира и е наследен како крал од неговиот новороден син Хју II Кипарски.
- Јули - Вилијам II, гроф од Холандија, ја поразува војската на Фландрија во Весткапеле.
- 6 јули - Миндовг е крунисан како единствен крал на Литванија.
- 6 август - Експедиција од кралот Хенри III до Гасконија за да се спречи евентуалната инвазија од Кралство Кастиља[2]. Симон Монфортски се враќа од Гаскоњ во Англија, каде што се сојузува со бароните кои му се спротивставуваат на Хенри[3].
- Октомври - Папа Иннокентиј IV се враќа во Рим, откако заминал 9 години порано во 1244 за да го отстрани Фридрих II од престолот.
- Отфрлајќи ги вооружените сили на Конрад IV, Папа Инокентиј ја нуди Сицилија на Едмунд, син на кралот Хенри III.
- Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
- Хенри III се состанува со англиски благородници и црковни водачи за да ја потврди валидноста на Големата повелба.
- Галиција-Волинија станува вазална држава на Монголското Царство.
- Матеј Париски го комплетира најголемиот дел од неговата „Chronica Majora“, хроника на англиската историја.
- Изградена е опатијата во Слајго е изграден во Слајго, Ирска.
- Изградена е Domus Conversorum, зграда и институција во Лондон за Евреите кои го прифатиле христијанството.
- Раниеро Зено станува дужд на Венеција.
- За првпат се споменува градот Аренсфелде.
- За првпат се споменува градот Браунлаге.
- Свендборг ги добива своите градски права.
- Монголското Царство започна напади врз муслиманските градови Багдад и Каиро.
- Монголското Царство го уништува Кралство Дали во денешен Јунан, и го вклучува регионот во составот на нивното царство.
- Кублај Хан го претставува „baisha xiyue“.
- Монголското Царство го поразува Тајланд.
1254
уреди- 12 јуни - Градот Алкмар добива градски права во Холандија[4]
- 1 ноември - Едвард Плантагенет (идниниот Едвард I, на возраст од 15 години) се оженува со Елеонора Кастилска (на возраст од 13 години) во Бургос. Неговиот татко Хенри III побарал брак, во замена за ставање на крај на војната со нејзиниот брат Алфонсо Х Кастилски.
- 2 декември - Манфред Сицилиски ја победува армијата на Папа Инокентиј IV во Фоџа.
- 12 декември - Папа Александар IV го наследува Папа Инокентиј IV, како 181-ви папата.
- Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција.
- Завршен е класичниот јапонски текст Kokin Chomonjo.
- Монголските сили го уништуваат Кралството Дали, во денешен Јунан.
- Монголските сили поробуваат 200.000 Корејци.
- Папа Инокентиј IV ги екскомуницира Конрад IV и Рудолф I.
- Данскиот град Копенхаген ја добива својата градска повелба.
- Штаерска е заземена од Унгарија.
- Основан е шведскиот град Малме.
- За првпат се споменува градот Остштајнбек.
- За првпат се споменува градот Грефенхајнихен.
- За првпат се споменува градот Еберсвалде.
- Алкмар добива градски права.
- Ополе добива градски права.
- Кралот Луј IX ги протерува сите Евреи од Франција.
- Кралот Афонсо III Португалски ја одржува првата седница на парламентот (составен од благородници, членови на средната класа и претставници од сите општини), во Леирија.
- Коњите на Свети Марко, што требало да ја украсуваат Арката на Трајан во Рим, биле поставени во базиликата во Венеција.
- Битка кај Адријанопол: Византија ја победува Бугарија.
- Теодор II Ласкарис станува цар на Никејското Царство.
- За првпат се споменува градот Остштајнбек.
- Започнува изградбата на Катедралата Свети Мартин во Утрехт.
1255
уреди- мај - Вилхелм де Рубрук од Цариград се враќа во Кипар, од неговото мисионерско патување да ги преобрати Татарите во Централна и Источна Азија во христијани, но неговите напори биле неуспешни.
- Август - Последното катарско упориште во јужна Франција паѓа.
- Смртта на Свети Хју Линколнски го поттикнува прогонот на Евреите во Англија, врз основа на т.н. крвна клевета.
- Лисабон станува главен град на Португалија.
- Кенигсберг (денес Калининград е основан од Тевтонските витези во Прусија и именуван во чест на кралот Отокар II.
- Теодор II Ласкарис, византиски цар (во егзил) спроведува воен поход за враќање на Тракија од Бугарија. Тој успешно ја завршил задачата една година подоцна, во 1256 година.
- Војводст Баварија е поделено на Горна и Долна Баварија.
- Земјите на династија Насау се поделени.
- Кралот Бела IV доделува на Банска Бистрица општински права на кралски град.
- Готската катедрала во Бурж, Франција.
- По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена[5]
1256
уреди- 4 мај - Папа Александар IV ја издава папската була „Licet ecclesiae katolicae“.
- 30 јуни - Големата вулканска ерупција во Харат Рахат (во близина на Медина) е поврзана со исламски пророштва.
- Октомври - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
- 15 декември - Хулагу-кан го уништува движењето на Асасините во Аламут, денешен Иран.
- Хулагу-кан ја воспоставува династијата Илканат во Персија, која ќе стане една од четирите главни поделби на Монголското Царство.
- * За првпат се споменува градот Лавов.
- Теодор II Ласкарис, византискиот цар (Никејско Царство), успешно спроведува воен поход во Тракија против Бугарија.
- Основано е Абингдонското училиште во Англија.
- 25 август: Во Болоња се укинува ропството.
- Роџер Бејкон станува францискански монах.
- Осветена е црквата Санта Костанца во Рим.
- Започнува Војна за наследството на Евбеја, помеѓу Франкократија и Република Венеција.
- Тома Берар станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1257
уреди- Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови[6][7].
- Роберт де Сорбон го основа колеџот кој подоцна ќе прерасне во денешниот универзитет во Париз.
- Метју Париз, англиски историчар, лично го интервјуира кралот Хенри III една недела, при составувањето на неговата Chronica Majora.
- Кралот Хенри III нарачува производство на англиска монета од дваесет пени од чисто злато.
- Втората војна помеѓу Џенова и Венеција во Остромер, позната како Војна на Свети Сабас.
- Градот Краков е повторно изграден од Болеслав V Полски откако бил скоро уништен во Татарите во 1241.
- Владислав Ополски го основа манастирот во градот на Воџислав Слонски.
- Ерата на јапонската Коген завршува и започнува ерата Сеика.
- Монголците го земаат Даи Виет (Виетнам).
- Замокот Ламбсар во Персија е уништен од страна на монголците.
- Основана е Абердинската Гимназија во Шкотска.
- Започнува Епирско-никејскиа војна.
- Константин Асен станува цар на Бугарија.
- За првпат се споменува градот Риметеа.
- За првпат се споменува градот Лангенбернсдорф.
- За првпат се споменува градот Нојенфелде.
1258
уреди- 10 февруари - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
- 11 мај - Договорот од Корбеј е потпишан помеѓу Јаков I и Луј IX. Францускиот крал, како наследник на Карло Велики, формално се откажува од феудалното владеење над Каталонија (независен де факто од 988), додека кралот Арагонски се откажува од своите територии за Окситанија.
- 25 јуни - Војна на Свети Сабас: Во Битка кај Ако, Венецијанците ги поразуваат на џеновскиоте сили.
- 25 август - Георгиј Музалон, регент на Никејското Царство, е убиен како дел од заговор предводен од благородници, на чело со идниот цар Михаил VIII Палеолог.
- Кореја се предава на Монголското Царство.
- Ливелин ап Грифид се прогласува себеси за Принц од Велс. Тој е последниот владетел на независен Велс, пред неговото освојување од страна на Англичаните.
- Кралот Хенри III е принуден од седум моќни барони да ги прифати „Одредбите од Оксфорд“.
- Златна Орда ја освојува Литванија.
- Завршува Војната на наследството на Евбеја
- Во Џенова, Републиката започнува да наметнува принудени заеми на своите даночни обврзници[8]
1259
уреди- Дебатата на Оксфордскиот парламент, предводен од Симон V Монфорт, води кон прифаќање на кралот Хенри III на т.н. Одредби на Оксфорд
- Септември - Битка кај Пелагонија: Никејското Царство го поразува Ахајското Кнежевство, обезбедувајќи евентуално повторно освојување на Цариград во 1261.
- 4 декември - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.
- Познатите фрески од Бојанска црква во Бугарија се завршени.
- Германските градови Либек, Висмар и Росток влегуваат во пакт за одбрана од пиратите од Балтичкото Море, поставувајќи ја основата на сојузот Ханза.
- Ногај-кан го преводи вториот напад врз Литванија.
Наводи
уреди- ↑ Le Roy Ladurie, Emmanuel; Bray, Barbara (1971). Times of Feast, Times of Famine: a History of Climate Since the Year 1000. Garden City, NY: Doubleday. ISBN 0-374-52122-0. OCLC 164590.
- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 84–86. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 141–144. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ Vis, G.N.M. (1994). Oud en arm. Hervormde bejaardenzorg in Alkmaar, 1744-1994. Hilversum: Verloren. стр. 16. ISBN 90-6550-502-4.
- ↑ Catoni, Giuliano. „BONSIGNORI“. Dizionario Biografico degli Italiani. Посетено на 20 December 2011.
- ↑ „Mystery 13th Century eruption traced to Lombok, Indonesia“. Jonathan Amos, Science correspondent, BBC News. BBC. 30 September 2013. Посетено на 30 September 2013.
- ↑ Alberge, Dalya (August 4, 2012). „Mass grave in London reveals how volcano caused global catastrophe“ – преку The Guardian.
- ↑ Munro, John H. (2003). „The Medieval Origins of the Financial Revolution“. The International History Review. 15 (3): 506–562.