Димитар Хоматијан

Димитар Хоматијан (грчки: Δημήτριος Χωματηνός/Χωματιανός) — византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1216 до 1234 година.[1] Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.[2]

Димитар Хоматијан
Ракоположен1216
Службата завршила1234
ПретходникЈован V
НаследникЈоаникиј
Лични податоци
Роден12 век

Биографија

уреди
 
Диецезата на Охридската архиепископија во периодот од 1223 — 1230 г.

Тој е роден во 1165 година во Ликија, Мала Азија. По заземањето на Охрид од страна на епирскиот деспот Теодор I Ангел Дука кон крајот на 1216 година, тој бил избран за архиепископ. Во црквата Свети Јован Канео во Охрид, Теодор I бил крунисан за солунски крал од страна на Димитар Хоматијан. На таа позиција останал до заземањето на Охрид од страна на Бугарската империја. Се смета дека починал во 1234 година или малку подоцна.

Тој е автор на: Краткото житие на Климент Охридски, една климентова служба, неколку канони, епистола до Сава Српски напишана по повод неговото прогласување за српски архиепископ.[3]

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. Simon, Dieter (2001). "Chomatian, Demetrios". In Michael Stolleis (ed.) (in German). Juristen: ein biographisches Lexikon; von der Antike bis zum 20. Jahrhundert (2nd edition ed.). München: Beck. pp. 129. ISBN 3406 45957 9
  3. „Сјајот на средновековната литература“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2 јануари 2011.