Јулијански календар

(Пренасочено од Јулијанскиот календар)

Јулијански календар — стар црковен календар кој се користи од Македонската православна црква, Српската православна црква, Руската православна црква, Украинската православна црква и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската патријаршија. За разлика од грегоријанскиот, овој календар е поназад за 13 дена во периодот 1900-2100 година и се зголемува таа разлика за 1 ден по 2100 година.

При заземањето на Египет од страна на Рим, Римјаните се запознале со новиот за нив начин на пресметување на времето и Јулиј Цезар решил да го воведе и во Рим, но со поголема точност, за да ги поврзи сончевата година со онаа од Европа, односно Сонцето со европската пролет, лето итн.

По наредба на Јулиј Цезар, математичарот од Александрија Созиген создал римски календар, наречен Јулијански. Така, бил воведен во Римското Царство на 1 јануари 46 година п.н.е. со кое од 1 јануари започнувала годината.

Според овој календар една година трае точно 365 денови и 6 часа. Секоја четврта година се смета за висококочна и се состои од 366 денови.

Поврзано

уреди