Теодор II Цариградски

Теодор II Цариградски[1] — високопозициониран византиски функционер и главен министер за време на владеењето на царот Алексиј III (1195–1203). По падот на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна, пребегнал во Никејското Царство, каде станал монах и подоцна Вселенски патријарх во прогон од 1214–1216 година.

Печат на Теодор II Цариградски кога тој бил хипатос тон филозофон, околу 1208–1214 година.

Политичка кариера

уреди

Интелегенен, оратори образован човек, се стекнал со моќ по срамот и прогонот на Алексиевиот омилен државник, Константин Месопотамиски, во есента 1197 година. Тој го заменил Месопотамиски на неговото доверливо влијателно место во палатата епи тоу каниклеиоу (секретар на царската мастилница), и главен министер. Тој исто така ја имал и дворската титула пансебастос себастос.[1][2] Според записите од современикот историчар Никита Хонијат, Теодор се плашел дека ќе ја сподели судбината на Месопотамиски, апа така својата моќ ја употребувал со воздршка. Тој бил нервозен бидејќи не сакал да ја вознемири наследната аристократија која доминирала на царскиот двор која му ја поткопала позицијата на Месопотамиски. Ова било до тој степен што не се ни обидел да ги спроведе реформите кои му биле мошне потребни на царството.[3]

Прогон и цркован кариера

уреди

Во април во 1204 година, Цариград паднал под нападот на крстоносците од Четвртата крстоносна војан, и како многу други челници, Теодор побегнал од градот и се засолнил во Мала Азија. Таму Теодор се замонашил.[1] Во 1209 година, новопрогласениот Никејски цар, Теодор I, го поставил на местото хартофилакс на Цариградскиот патријархат, воспоставен во прогон во Никеја. Ласкарис исто така му ја додели титулата хипатос тон филозофон,[1] престижна титула која му се доделувала на деканот на факултетот за филозофија во Цариград.[4]

На 28 септември 1214 година, Теодор II бил избран за Вселенски патријарх од страна на патријахалниот синод. Неговото начелстување било означено со неговото спротивставување на католичката црква, особено околу леагалноста на Латинскиот патријарх и католичката контрола врз византиското населени кое било владеено од страна на латински принццови.[5]

Теодор II Цариградски починал на 31 јануари 1216 година.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vougiouklaki (2003), Chapter 1 Архивирано на 10 ноември 2013 г.
  2. Brand (1968), pp. 143, 146–147
  3. Brand (1968), p. 147
  4. Kazhdan (1991), p. 964
  5. 5,0 5,1 Vougiouklaki (2003), Chapter 2 Архивирано на 10 ноември 2013 г.

Извори

уреди
  • Brand, Charles M. (1968). Byzantium Confronts the West, 1180–1204. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
  • Vougiouklaki, Penelope (2003). „Theodore II Irenikos“. Encyclopedia of the Hellenic World, Eastern Mediterranean. Foundation of the Hellenic World. Посетено на 21 June 2012.
Духовни титули
Претходник
Михаил IV
Цариградски патријарх
Прогонет во Никеја

1214–1216
Наследник
Максим II