Битка кај Никопол

Битката кај Никопол се случила на 25 септември 1396 година помеѓу Отоманското Царство од една страна и крстоносните сојузници предводени од Кралство Унгарија, Светото Римско Царство, Франција, Полска, Англија, Шкотска, Венеција, Џенова. Оваа битка се одвила близу Никопол.

Битка кај Никопол
Дел од Османлиски војни во Европа
Османлиско-унгарски војни

Битка кај Никопол
(Note the counterfactual depiction of siege weapons)
Датум 25 септември 1396
Место Никопол, Бугарија
43°42′21″N 24°53′45″E / 43.70583° СГШ; 24.89583° ИГД / 43.70583; 24.89583
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Османлиско Царство
Српско деспотство
Франција[1]
Малтешки ред[1]
Кралство Унгарија[1]
Венецијанска Република[1]
контигенти на германските принцови од Светото Римско Царство[1]
единици од Полска, Бугарија, Бохемија, Навара, Трансилванија и Шпанија[1]
Влашка[1][2]
Команданти и водачи
Бајазит I
Податотека:Lazarevic.jpg Стефан Лазаревиќ
Сигизмунд
Филип од Артоис зароб.
Жоан Ли Маингри зароб.
Џон Бестрашниот зароб.
Егверанд VII зароб.
Жан де Виен
Жан де Карогис
Мирза Стариот
Стефан II Лаковиќ
Сила
Спорно, но веројатно се проценува на околу 12,000-15,000.[3] See the Strength of forces section.[3] ќ

.

Спорно, но веројатно се проценува на околу 7,500-16,000.[3][4] See the Strength of forces section.
Жртви и загуби
Големи жртви, особено за време на почетната фаза од битката; Отоманските жртви вклучуваат и масакр на околу 1000 цивилни заложници од страна на крстоносците . Поголемиот дел од крстоносците биле убиени или заробени; еден мал дел, вклучувајќи го и Сигизмунд, побегнал.[5]
300-3,000 prisoners were executed.[6][7]

Сојузниците во почетокот бележиле успех, за да подоцна нивниот поход заврши катастрофално. Околу 1000 војници биле убиени, а 10 000 заробени. Со ова битка, Османлиите конечно се утврдиле како долготрајни господари на Балканот.

Заднина

уреди

Османлискиот пораз кај Ровиње го разбудил оптимизмот во Западна Европа. Во меѓувреме, византиските емисари започнале да патуваат низ Западна Европа барајќи помош за нов крстоносен поход. Најсмел од сите европски владетели бил војводата од Бургундија Филип II Смелиот чиј син Жан од Невара ветил дека во август 1395 година ќе тргне во поход. Новата крстоносна војна била подржена од страна на двајцата папи во Рим и Авињон. Венеција, главно поради своите трговски интереси сакала да ги помири осланлискиот и византискиот владетел.

Така местото на собирот било закажано на 20 април 1396 година во Дижон. Неколку витези пристигнале од Англија, Арагон, Полска и Чешка. Најмногу имало од Франција на чело со грофот Жан од Навара кој немал воено искуство. Крстоносците во текот на пролетта патувале по долината на реката Дунав, а во јули пристигнале во Будим каде задоволниот Сигмунд приметил дека армијата е толку голема што со своите копје можеле да го спречат небото доколку падне. Но очекувањата дека Бајазит I ќе го помине Дунав со својата војска не се оствариле, па било одлучено да се тргне во офанзива. Француските витези биле уверени дека Бајазит постојано ќе избегнува отворена битка и поради тоа барале брз напад. Крстоносците навлегле преку источна Србија и заминале кон Видин. Еден дел од унгарската војска влегла во Влашко и го протерала соперникот на Мирчо. Истовремено, во Егејско Море се наоѓале воена флота од 44 воени бродови на чело со венецијанскиот адмирал Томазо Мочениго.

Првата важна победа на крстоносците била одиграна кај Видин каде бугарскиот цар Иван Страцимир ги отворил портите на христијанските војници. Турската армија била погубена а Жан од Невера и неговите 300 соборци биле прогласени за витези.

Опсада

уреди

Походот продолжил кон Никопол каде се наоѓал добро снабдениот гарнизон на чело со Доган-бег. Силите на Венеција и Џенова по речен пат пристигнале на 10 септември а по ова пристигнал и Сигмунд. Ѕидините на Никопол биле во очајна состојба по крајот на Иван Шишман и неговото погубување во 1395 година, а самата положба на градот била тешко достапна. Во почетокот на битката христијаните започнале да копаат тунели за да ги пробијат ѕидините, но тоа се покажало како неуспешно. По ова тие започнале со опсада на градот. Во меѓувреме кога за опсадата разбрал, Бајазит се наоѓал пред ѕидините на Цариград. По ова тој набргу заминал во Едрене каде многу бргу ја организирал својата војска од Румелија и Анадолија. Бајазит наредил блокадата на Цариград да продолжи, а по ова заминал кон Трново. Провинциските одреди султанот го чекале меѓу Едрене и Пловдив, додека пак Стефан Лазаревиќ присригнал преку Софија. Се смета дека српските сили на османлиските се приклучиле во Трново на 21 септември. По ова, здружените сили тргнале кон Никопол.

Битката кај Никопол се одвила на 25 септември. Крстоносците биле изненадени од доаѓањето на Бајазит бидејќи сметале дека нема да отстапи од опсадата на византиската престолнина. Никопол сепак не се предал и издржал 16 дена од опсадата. Во меѓувреме Бајазит бил информиран за движењето на крстоносците на чело со Џан Галеацо Висконти.

Последици

уреди

По крајот на битката, на 26 септември Бајазит заповедил да бидат погубени меѓу 3.000 и 10.000 војници како одмазда за убиството на турските сили кај Орјахово од страна на французите. Оние кои имале 18 години ги задржал во својата армија или ги продал во ропство. По крајот на битката Видинското царство паднало под власта на Османлиите, а Јован Страцимир бил затворен во Бурса.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Tuchman, Бугариjа, 548
  2. The Crusades and the military orders: expanding the frontiers of latin christianity; Zsolt Hunyadi page 226
  3. 3,0 3,1 3,2 Tuchman, 554
  4. Nicolle, p. 37. "In fact the Crusaders probably numbered some 16,000 men. Traditional Turkish sources give the number of Ottoman troops as 10,000 but when their Balkans vassals were included they may have numbered around 15,000."
  5. „Battle of Nicopolis“. Encyclopædia Britannica. 2009. Посетено на 2009-02-18.
  6. Tuchman 562
  7. Grant, p 122