Долг лак
Долг лак (англиски: longbow) — средновековно оружје карактеристично за Британија. Познат е и како велшки долг лак (Welsh longbow), според велшките стрелци во служба на кралот на Англија кои овозможиле две големи победи врз Франција (кај Креси и Азенкур) во текот на Стогодишната војна.
Долгиот лак имал домет до 180 метри, а извежбан стрелец можел да исфрли околу 12 стрели во минута. Стрела со соодветен врв исфрлена од долг лак наводно можела да го пробие оклопот на француските рицари (витези). Бил особено делотворен против коњаница, можеби затоа што самите коњи биле помалку оклопени.
Легендарниот Робин Худ е често претставуван со долг лак.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |