Калмарска Унија
Калмарска Унија (норвешки, дански, шведски: Kalmarunionen) – серија лични сојузи во периодот од 1397 до 1523 година[1], која ги обединила Норвешка, Данска и Шведска под еден монарх. Секоја од овие земји се одрекнала од својата сувереност, но не и од независноста. Во 1523 година, Шведска, незадоволна од данската доминација, излегла од сојузот основајќи суверена монархија под Густав I. Данска сепак ја контролира Норвешка сè до 1814 година, која потоа е под контрола на Шведска. Калмарската Унија ја создала данската кралица Маргарета I Велика во шведскиот град Калмар, кој тогаш се наоѓал на шведско-данската граница, откако данските и шведските сили со заедничка акција го победиле шведскиот крал Алберт од Мекленбург, кој бил со германско потекло.
Калмарска Унија Kalmar Union | ||||||
Личен сојуз | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Калмарска Унија, околу 1400
| ||||||
Главен град | Роскилде (1397–1443) Копенхаген (1443–1523) | |||||
Вероисповед | Римокатолицизам верски нереди (римокатолици/лутеранци) кон крајот на владеењето на Кристијан II | |||||
Уредување | Личен сојуз | |||||
Регент | ||||||
- | 1387–1412a | Маргарета I (прва) | ||||
- | 1513–23b | Кристијан II (последен) | ||||
Законодавство | риксрод и хередаг (по еден во секое кралство) | |||||
Историски период | Доцен среден век | |||||
- | Воспоставување | 17 јуни 1397 | ||||
- | Енгелбректов бунт | 1434–1436 | ||||
- | Стокхолмско крвопролевање | ноември 1520 | ||||
- | Густав Ваза избран како крал на Шведска |
6 јуни 1523 | ||||
- | Распад | 1523 | ||||
Валута | марка, ортиг, норвешки фенинг, шведски фенинг | |||||
a. | Маргарета I владеела со Данска 1387–1412, со Норвешка 1388–1389, и со Шведска 1389–1412 | |||||
b. | Кристијан II владеел со Данска и Норвешка 1513–1523; со Шведска 1520–1521 |
Шведска, незадоволна со данската доминација и нејзината политика на војување за делови од денешна Германија, првпат се побунила во 1439 година. Тој бунт бил задушен, но оној од 1470 година, траел со десетлетија. На крајот, Калмарската Унија пропаднала во 1523 година кога Густав Ваза бил избран за крал на Шведска.[2] Данска успеала да ја одржи контролата над Норвешка сè до 1814 година кога под притисок на Велика Британија и Шведска била присилена да ѝ ја предаде на Шведска.
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Калмарска Унија на Ризницата ?
- The Kalmar Union – Maps of the Kalmar Union
- Kalmarska unija - Proleksis enciklopedija