Битката кај Плочник се одвила во 1386 година по долината на река Топлица, недалеку од Плочник. Битката се водела помеѓу српските сили предводени од страна на Лазар Хребелановиќ и Османлиите предводени од Мурат I. Околу текот на битката денеска не постојат многу документи, но се знае дека во битката победиле Србите користејќи стрелци и коњаница. Со оваа победа, се одложила инвазијата на Османлиите во денешна Србија за неколку месеци.
Од овде доаѓа и фактот што битката не била многу важна за Србите бидејќи истата година бил заземен Ниш, по кое навлегле и на територијата околу Хум, каде месното население го ограбиле.