Јуен (династија)
Династија Јуен (кинески: 元|朝, пинјин: Yuán Cháo) или Големиот Јуен е име за периодот во кој со Кина за првпат во историјата владаела династија на странски освојувачи, односно водачот на монголскиот бориџигин клан, Кублај Хан.
Историја на Кина | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
ДРЕВНА | |||||||
3 владетели и 5 цареви | |||||||
Династија Сја 2100–1600 п.н.е. | |||||||
Династија Шанг 1600–1046 п.н.е. | |||||||
Династија Џоу 1045–256 п.н.е. | |||||||
З. династија Џоу | |||||||
И. династија Џоу | |||||||
Пролетно-есенски период | |||||||
Период на завојуваните држави | |||||||
ЦАРСКА | |||||||
Династија Ќин 221 п.н.е.–206 п.н.е. | |||||||
Династија Хан 206 п.н.е.–220 н.е. | |||||||
З. династија Хан | |||||||
Династија Сјин | |||||||
Источна династија Хан | |||||||
Три кралства 220–280 | |||||||
Веј, Шу и Ву | |||||||
Династија Ѓин 265–420 | |||||||
З. династија Ѓин | 16 кралства 304–439 | ||||||
И. династија Ѓин | |||||||
Јужна и северна династија 420–589 | |||||||
Династија Суј 581–618 | |||||||
Династија Танг 618–907 | |||||||
( Втора династија Џоу 690–705 ) | |||||||
5 династии и 10 кралства 907–960 |
Динстија Љао 907–1125 | ||||||
Династија Сунг 960–1279 |
|||||||
С. династија Сунг | З. Сја | ||||||
С. династија Сунг | Династија Ѓин | ||||||
Династија Јуен 1271–1368 | |||||||
Династија Минг 1368–1644 | |||||||
Династија ЌинЃ 1644–1911 | |||||||
СОВРЕМЕНА | |||||||
Република Кина 1912–денес | |||||||
Народна Република Кина 1949–денес |
Република Кина (Тајван) 1945–денес | ||||||
Иако монголскиот владетел Џингис Хан ја освоил северна Кина во почеток на 13 век, дури неговиот внук Кублај Хан успеал да го доврши освојувањето на Кина, односно на јужниот дел кој бил под династијата Сунг. Во 1271 година се прогласил за кинески цар[1] и формално ја воспоставил династијата.[2]
Периодот на династијата Јуен траел релативно кратко, но под управа на монголските цареви Кина повторно се обединила, економски се опоравила и дошла во допир со цела низа на други народи и култури. Во тој период Кина ја посетил Марко Поло.
Како што царевите на династија Јуен сè повеќе се синизирале, така го снемувало нивното влијание помеѓу другите монголски канови. Во меѓувреме кинеските поданици и понатаму ги сметале за странски узурпатори, па во 1368 година ги истерале од Кина од страна на Таизија, основачот на династијата Минг.
Остатоци на династијата Јуен владееле со Монголија, до 17 век кога формално власта ја предале на манџурската династија Ќинг.
Историја
уредиЏингис Хан ги обединил монголските племиња од степите и станал Голем Хан во 1206 година.[3] Тој и неговите наследници го прошириле Монголското Царство низ Азија. За време на владеењето на неговиот трет син, Угедеј Хан, Монголците ја уништиле ослабената династија Ѓин во 1234 година, и со тоа освоиле голем дел од Северна Кина.[4] Угедеј му понудил на својот внук Кублај позиција во Хебеј. Кублај не знаел да чита кинески, но имал неколку учители. Барал совети од кинеските будисти и конфуцианските советници.[5] Мунке Хан го наследил синот на Угедеј, Гујук Хан, како Голем Хан во 1251 година.[6] Тој му ја дал на Кублај контролата врз монголските територии во Кина.[7] Кубјал изградил школи за конфуциските учители, пуштил во оптек хартиени пари, ги обновил кинеските обичаи и ги поддржал политиките што го стимулирале земјоделскиот и комерцијалниот раст.[8] За главен град го прогласил Каипинг, подоцна преименуван како Шанду.[9]
Наводи
уреди- ↑ Mote 1994, стр. 624.
- ↑ Christopher P. Atwood – Encyclopedia of Mongolia and the Mongol Empire
- ↑ Ebrey 2010, стр. 169.
- ↑ Ebrey 2010, стр. 169–170.
- ↑ Rossabi 1994, стр. 415.
- ↑ Allsen 1994, стр. 392.
- ↑ Allsen 1994, стр. 394.
- ↑ Rossabi 1994, стр. 418.
- ↑ Rossabi 2012, стр. 65.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |