Битка кај Бафеј
Битката кај Бафеј (турски: Koyunhisar Savaşı) се одвила на 27 јули 1302 година помеѓу силите на Османлиското Царство на чело со Осман I и силите на Византија на чело со Георг Музалон. Битката завршила со победа на Османлиите, која го најавила постепеното заземање на византиската територија во корист на Османлиите. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите Никеја, кој бил империјален град и Бурса.[3] Турските напади претставувале и закана за градот Никомедија. За да го спречи ова, царот Андроник II Палеолог (1282-1328) испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.[2][4][5]
Битка кај Бафеј | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од the Османлиско-византиски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Георг Музалон | Осман I | ||||||
Сила | |||||||
~2,000[1][2] | ~5,000 [2] |
Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на 27 јули [1302] година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, притоа принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.[2][4][5]