Битка кај Стефанијана
Битката кај Стефанијана од 1344 година се водела помеѓу српските војски од една страна и Османлиите од друга. Во битката Србите доживеале пораз.
Битка кај Стефанијана | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиска граѓанска војна (1341–1347) | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бејлик Ајдиноглу | Српска империја | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
непознато | Прељуб |
Заднина
уредиГраѓанската војна во Византија помеѓу приврзаниците на Јован VI Кантакузин (1347—1354) и Јован V Палеолог (1341—1376), започнал со смртта на Андроник III во 1341 година. Во следната година, 1342, приврзаниците на Кантакузин станале сојузници со Стефан Душан. Но, помеѓу нив дошло до недоразбирање, па српскиот владетел отишол на страната на младиот Палеолог. Во исто време, Кантакузин своите сојузници ги побарал на Османлиските Турци.
Така, граѓанската војна во Византија продолжила. Османлиите се обидиле да го заземат Солун, но нивната опсада не успела. Нивната флота на враќање доживеала пораз во борбата со здружените христијански сили на Јовановци, Кипрани и Венецијани. Турската флота морала директно да се упати кон Дарданелите. Но, кралот Душан на својот војвода Прељуб му наредил да ги престигнат османлиските флоти и да ги уништат.
Битка
уредиСрпските сили на Османлиските ги пристигнале кај Стефанијана, недалеку од Бешичкото Езеро во северниот дел од Халкидик. По првиот налет од страна на српските сили, Турците се повлекле кон врвот од планиниата, па повторниот напад навидум бил невозможен, главно поради густината на шумата. Сепак, Србите на крај решиле дека треба да ги нападнат кон врвот на брдото. Планот на српските сили бил да се нападне со шешадиска војска. Но, кога Османлиите виделе дека се нападнати опд пешадија, тие со својата коњаница успеале да се спуштат кон српскиот камп, изоставувајќи ја назад српската пешадија. Целиот српски камп заедно со српската коњаница била заробена. По ова следувал нападот на српските војници, во кој напад тие биле поразени. По ова, Турците продолжиле кон Дарданелите.
Наводи
уреди- ↑ Vizantološki institut, Zbornik radova Vizantološkog instituta, (Naučno delo, 1996), 194.