Опсада на Никомедија
Опсадата на Никомедија се одвила во периодот од 1333 до 1337 година од страна на силите на Османлиите предводени од Осман I и Византија. Опсадата довела до заземање на градот од страна на Османлиите.
Опсада на Никомедија | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-византиски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
непознато | Орхан I | ||||||
Сила | |||||||
непознато | непознато | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | непознато |
Заднина
уредиОд 1299 година, новосоздадената империја на Османлиите започнала да ги освојува териториите на Византиското Царство. По неколкуте успешни победи на Османлиите, следувало и паѓањето на Никеја во 1331 година. По ова, прашање било кога ќе бидат освоени и соседните градови, односно распаѓање на Византија.
Опсада
уредиВизантискиот цар бил свесен дека не може да се справи со инвазијата на Османлиите. Тој на неколкупати направил обиди да го поткупи Орхан I, но сепак во 1337 година Никомедија била нападната по кое градот бил предаден на Османлиите. Ова претставувало уште еден голем пораз за Византија. Таа по битката ја загубила и својата последна тврдина во Анадолија.
Последици
уредиПо паѓањето на Никомедија, положбата на Византија била во залудна состојба. За разлика од 1096 година, Византија во тоа време имала сосема малку територии, со исклучок на неколку градови во Пелопонез. Од својата источна страна Византија била потиснета од Османлиите, а од својата северозападна страна на Србите и Унгарците. Прашање на време било кога конечно че се распадне империјата.