Козаците (руски: каза́ки; украински: козаки́) се традиционална заедница на луѓе кои главно ги населуваат Украина и јужна Русија. Познати се како големи воини и јавачи на коњи. Живееле во специфични населби познати како станици.

Запорошците му пишуваат писмо на турскиот султан од Иљја Репин (1880-91)
Козачки единици маршираат на парадата на победата над фашизмот во Москва, 1945

Кратка историја уреди

Создавање уреди

Козаците биле селани кои побегнале од спахиското угнетување во јужните краеви на Украина и Русија, со цел таму да живеат како слободни луѓе. Всушност, самиот збор „Козак“ значи „слободен човек“. Тие се занимавале со лов, риболов и со војување, а најчесто војувале против Турците и против Татарите од Крим. Главниот центар на козаците била Запорошка Сеча на островот Хортица, на реката Днепр. Подоцна, околу ова бунтовно јадро се собрала поголема маса украински селани кои во текот на 16 и 17 век постојано кревале востанија против полската власт.[1]

За првпат во историјата Козаците се среќаваат во XVII век во украинската буна против унијата Полска-Литванија, во која тие одиграле значајна улога. Со цел да создадат специјални јуришни одреди а и штитеници на границите на Руското Царство, царот ги ослободил Козаците, со што ги задолжил да му служат. Така всушност и биле создадени Козаците. Тие имале свои примања за разлика од другите т.н. закрепостени селани. Поради тоа, многу селани пребегувале во козачките населби и се бореле за царот за да уживаат во некаква слобода, па нивните броеви многу пораснале во наредните два века. Но цената на слободата била да се наоѓаат во првите борбени редови во воените походи, а и да ја штитат границата на Русија. Така, тие живееле специфични војнички животи, со генерации. Затоа и се одликуваат со храброст, воинственост, лојалност, култ кон семејството итн. Нивните познавања во областа на јавањето биле огромни, така што се сметаат за едни од најдобрите јавачи во светот.

Учество во војни уреди

Во XIX век тие станале препознатлив знак за руската армија. Во секоја битка најголем проблем на противникот им претставувале брзите коњаници кои безглаво јуришале директно кон нив. Учествувале во многу од војните во XVIII и XIX век. За време на граѓанската војна, голем број се бореле на страната на белогардејците, зашто се сметале за должни кон царот, но имало и такви кои се бореле за Црвената армија.

Козаците од Донската област биле главните противници на болшевиците и главно оружје на белогардејците.

За време на Втората светска војна, голем број на Козаци се бореле на фронтот на страната на советските сили. Но значајно е тоа што во германската СС имало и козачки одред составен од Козаци кои се бореле против комунистичките војски, на страна на оската. Поради тоа, а и поради историското противење на комунизмот, Козаците биле угнетувани од страна на Сталин.

Козаците во уметноста и во популарната култура уреди

Наводи уреди

  1. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXVII.
  2. A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 50-51.