Региони во Франција

првостепена административна единица во Франција

Франција се дели на 18 региони (француски: régions), од кои 13 се матични (континентални), а 5 се прекуморски.[1] Матичните региони (во кои спаѓа и островот Корзика) се делат на 2 до 13 департмани, додека пак прекуморските имаат по еден, па затоа се нарекуваат и „прекуморски департмани.

Регион
Région
Категоријаунитарна држава
МестоФранција
Број18
Можен статуспрекуморски регион (5)
Дополнителен статустериторијална заедница
Населенија212.645 (Мајот) – 12.005.077 (Ил де Франс)
Површини376 км2 (Мајот) – 84.061 км2 (Нова Аквитанија)
Управарегионална управа, државна влада
Подединицидепартман

Поимот „регион“ е утврден со Законот за децентрализација од 2 март 1982 г. во кој се пропишува правниот статус на регионите. Во 2016 г. нивниот број е намален од 27 на 18 со спојување.

Улога

уреди

Регионите немаат законодавна автомонима, нити пак можат да донесуваат регулативи. Секој има свои давачки (со поголеми давачки добиваат помал дел буџет од државата) и имаат видни, но не баш големи буџети под управа на регионални совети со застапници предложени од департманските собранија и главните општини во регионот.

Нивната главна правна задача е да градат и одржуваат средни училишта.

Освен овие правни должности, регионите имаат значителни дискрециони трошоци за инфракструктура (образование, јавен превоз, помош на универзитети и истражни тела, помош за претприемачи). Заради ова, претседателствувањето со еден богат регион е прилично високопрофилна функција.

Региони

уреди
Име Француско име Друго месно име Седиште INSEE-бр.[2]
Голем Исток Grand Est германски: Großer Osten Стразбур 44
Нова Аквитанија Nouvelle-Aquitaine окситански: Nòva Aquitània / Nava Aquitània / Novela Aquitània
баскиски: Akitania Berria
Бордо 75
Оверњ-Рона-Алпи Auvergne-Rhône-Alpes окситански: Auvèrnhe-Ròse-Aups
франкопровансалски: Ôvèrgne-Rôno-Arpes
Лион 84
Бургундија-Франш Конте Bourgogne-Franche-Comté франкопровансалски: Borgogne-Franche-Comtât Дижон 27
Бретања Bretagne бретонски: Breizh
гало: Bertaèyn
Рен 53
Центар-Долина на Лоара Centre-Val de Loire Орлеан 24
Ил де Франс Île-de-France Париз 11
Окситанија Occitanie окситански: Occitània
каталонски: Occitània
Тулуза 76
Горна Франција Hauts-de-France Лил 32
Нормандија Normandie нормандски: Normaundie Руан 28
Лоарски Крај Pays de la Loire бретонски: Broioù al Liger Нант 52
Прованса-Алпи-Азурен Брег Provence-Alpes-Côte d'Azur провансалски: Provença-Aups-Còsta d'Azur
(Prouvènço-Aup-Costo d'Azur)
Марсеј 93
Корзика Corse корзикански: Corsica Ајачо 94
Ова се прекуморски департмани. Истите воедно се и прекуморски региони.
Француска Гвајана Guyane Кајена 03
Гваделуп Guadeloupe антилски креолски: Gwadloup Бас Тер 01
Мартиник Martinique антилски креолски: Matinik Фор де Франс 02
Мајот Mayotte маоре: Maore
малгашки: Mahori
Мамуѕу 05
Реинион La Réunion реинионски креолски: La Rényon Сен Дени 04

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Carte des Régions“. INSEE. Посетено на 29 септември 2009.
  2. „La nouvelle nomenclature des codes régions“ (француски). INSEE. Посетено на 17 јануари 2016.

Надворешни врски

уреди