Летни олимписки игри 1900

(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1900)

2-те Летни олимписки игри се одржале во 1900 година во Париз, франција. Не се одржале церемониии за официјално отворање и затворање на игрите, а натпреварите започнале на 14 мај и завршиле на 28 октомври. Околу 1.000 спортисти земале учество во 19 спортови и 95 настани. на овие Олимписки игри за првпат учествувале и жените, а прва жена- олимпионик станала Шарлота Купер којашто освоила 2 златни медали. Одржувањето на натпреварите во недела наишло на големи протести од американските спортисти коишто биле главно ученици и студенти.

Грешка во Lua: Invalid number -5 Зимски олимписки игри
Games of the II Olympiad
Games of the II Olympiad

Град домаќин
Бр. на држави 24
Бр. на спортисти 997
Натпревари 95 од 19 спортови
Отворени
Затворени
Стадион

Голем број од освојувачите на медали ги одбиле одличјата, но им биле доделени други видови на одличја како на пр. пехари. Во мечување, Албер Робер Аја победил и во категорија на аматерите и во категорија на професионалците,а за тој подвиг бил награден со 3000 франци.

Спортовите и дисциплините како крикет, гаѓање на живи гулаби, коњички скокови во височина и далечина, пливање со пречки биле за прв и последен пат видени на Олимписките игри.

Изборот за град-домаќин

уреди
 
Стадион Велодром

Уште на првиот конгрес на Меѓународниот олимписки комитет, барон Пјер де Кубертен се изјаснил дека Олимписките игри во 1900 година треба да се одржат во Париз. Но, чкеновите на МОК не можеле да чекаат 6 години, па сакале во Париз да се одржат првите модерни Олимписки игри во 1896. Но, сеоак било одлучено, а и Грците лобирале за организирање на првите Олимписки игри. И покрај финансиските проблеми Олимписките игри во Атина биле организирани,а во Париз тоа се случило 4 години подоцна.

Спортови

уреди

Натпреварувањата на Олимписките игри во Париз се одржале во 20 дисциплини во 19 спортови коишто биле предвидени во програмата за Олимписките игри. Подигање тегови и борење биле отфрлени, но биле додадени нови 13. Спортовите пливање и ватерполо биле посебни спортски дисциплини, а пливањето во спортски контекст е наречено акватика.

Неофицијални спортови

уреди

Покрај погоре наведените спортови на Олимписките игри во Париз во 1900 година имало натпревари и во спортови коишто не биле официјално прифатени како олимписки од Меѓународниот олимписки комитет.

Како додаток на овие 71 училиште и 92 воени настани биле одржани.

Земји-учеснички

уреди
 
Учесници - зелено- земји коишто учествувале и на претходните Олимписки игри, сино- земји- учеснички за првпат

На Летните олимписки игри во Париз учествувале следните 24 земји:

Според некои извори на овие Олимписки игри учествувале и овие земји:

Освоени медали

уреди

На Летните олимписки игри во Париз, 1900 година, за најдобрите три во секоја дисциплина се доделувале соодветно златен, сребрен и бронзен медал од првото до третото место. Ова е списокот на десетте најуспешни нации:

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Франција (домаќин) 26 41 34 101
2   САД 19 14 14 47
3   Велика Британија 15 6 9 30
4   Мешан тим 6 3 3 12
5   Швајцарија 6 2 1 9
6   Белгија 5 5 5 15
7   Германија 4 2 2 8
8   Италија 2 2 0 4
9   Австралија 2 0 3 5
10   Данска 1 3 2 6

Надворешни врски

уреди