Писма од мојот млин

Писма од мојот млин (француски: Lettres de mon moulin) — збирка раскази на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.

Писма од мојот млин. Насловната страница на премиерното издание во колекција (Хецел, 1869).

Содржина

уреди

Збирката се состои од предговор, со наслов „Каде и што беше мојот млин“, вовед и 21 расказ:[1]

  • „Вселувањето“
  • „Дилижансата од Бокер“
  • „Тајната на дедо Корнеј“
  • „Козата на господинот Сегин“
  • „Ѕвезди“
  • „Арлежанката“
  • „Папската мазга“
  • „Светилникот Сангинере“
  • „Агонијата на Семилант“
  • „Цариниците“
  • „Свештеникот од Кикињан“
  • „Старците“
  • „Балади во проза“
  • „Бизју и неговата папка“
  • „Легендата за човекот со златен мозок“
  • „Поетот Мистрал“
  • „Три тивки миси
  • „Портокали“
  • „Двете гостилници“
  • „Еликсирот на чесниот отец Гоше“
  • „Копнеж за касарната“

За делото

уреди

Во предговорот на збирката, Доде го објаснува нејзиното настануавње: првите раскази се појавиле во 1866 година во еден париски весник, потпишани со псевдонимот Marie-Gaston, преземен од Балзак. Притоа, името Гастон упатувало на другарот на Доде, провансалскиот писател Пол Арен, кој во тоа време живеел во близината на Доде. Потоа, Доде ја прекинал работата на збирката, се оженил и со сопругата заминал во Прованса. По враќањето од тоа патување, Доде објавил неколку раскази во весникот „Фигаро“: „Старци“, „Папската мазга“, „Еликсирот на чесниот отец Гоше“ и други, кои биле напишани во ателјето на Ежен Делакроа во Champrosay. Збирката била објавена во 1869 година од страна на издавачот „Хецел“ (Hetzel) и, заради тогашната мода на романите, едвај се продала во тираж од 2.000 примероци. Самиот Доде ја нарекува „мојата најмила книга, не од книжевна гледна точка туку затоа што таа ме потсетува на најубавите часови од мојата младост, лудата смеа, опиеноста без да ме гризе совеста, пријателските лица и видици кои нема да ги видам никогаш повеќе“.[2]

Наводи

уреди
  1. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986.
  2. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 17-18.