Марсел Еме
Марсел Еме (француски: Marcel Aymé) (1902-1967) бил француски писател, кој пишувал романи, раскази, драми, есеи, сценарија итн.
Животопис
уредиТворештво
уредиТворештвото на Еме е богато и разновидно: Тој е автор на 17 романи, седум збирки раскази; единаесет театарски пиеси, два есеи, сценарија и дијалози за филмови (како, на пример, за филмот “Злосторство и казна”, на режисерот Шенал, снимен во 1935 година), голем број новинарски текстови итн. Четири негови романи и два расказа се филмувани, од кои, најпознати се филмот направен според расказот “Низ Париз”, во режија на Клод Отан-Лар, со Жан Габен и Луј де Фин во главните улоги, како и филмот снимен според расказот “Низ ѕидот”, со Бурвил во главната улога.[1] Збирка раскази на Марсел Еме, под насловот Париски приказни, е објавена на македонски јазик во 2008 година од издавачката куќа “Темплум”. Преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска
Еме е еден од ретките француски писатели од XX век кои целосно го офрлиле наследството на романтизмот, што се гледа во неговата лексика, јасната синтакса и јасните мисли. Неговиот стил се одликува со расиновска сталоженост и декартовска аналитичност која не ја исклучува метафизиката. Неговата фантазија на наследува едноставноста на бајките на Шарл Перо, а во неговите раскази, животните зборуваат со детска наивност и суровост, како кај Ла Фонтен. Самиот Еме, себеси се поврзувал со реализмот, веројатно, под влијание на Флобер. Исто така, како одраз на традицијата на средновековната француска книжевност, во делата на Еме често се среќаваат библиски содржини. Најпосле, Еме бил под влијание и на Достоевски и на Чехов, па туј дури напишал и предговор на избраните раскази на Чехов. Најпосле, иако честопати бил премолчуван и оспоруван, а неговите дела наидувале на недоразбирање, Еме важи за современ класик на француската литература. Во чест на неговото творештво, во 1950-тите, на ѕидот од куќата во која живеел Еме на Монмартр, во Париз е подигната биста со неговиот лик.[2]
Негови поважни дела се:[1]
- Зелената кобила (роман, 1937)
- Лисцена и месарот (драма, 1947)
- Птиците на месечината (драма, 1956)
- Интелектуална удобност (есеј)