Шарл Азнавур
Шарл Азнавур (роден како Шахнур Вагинаг Азнавуријан, ерменски: Շահնուր Վաղինակ Ազնավուրեան; 22 Мај 1924 – 1 октомври 2018)[1] — француски[2] пејач, лиричар, глумец, активист и дипломат. Познат по неговиот карактеристичен глас[3], во тек на неговата 70 годишна кариера, снимил повеќе од 1,200 песни испејани на осум јазици.[4] Бил автор или соавтор на повеќе од 1.000 песни за себе и за другите. Азнавур бил еден од најпопуларните француски пејачи.[5] Продал 180 милиони плочи[6][7][8][9] во текот на неговиот живот и бил наречен Френк Синатра[10] на Франција додека музичкиот критичар Стивен Холден го опишувал Азнавур како "француско поп божество".[11] Тој веројатно е најпознатиот Ерменец на своето време.[12][13] Во 1998 година, Азнавур бил прогласен за Забавувач на Векот од страна на CNN и корисниците на Тајм Онлајн од целиот свет. Бил прогласен за изведувач на векот, со околу 18% од вкупните гласови, на рамниште со Елвис Присли и Боб Дилан.[14] Азнавур пеел за претседатели, папи, членови на кралското семејство, како и на хуманитарни настани. Како одговор на земјотресот од 1988 година во Ерменија, тој ја основал добротворната организација Азнавур за Ерменија , заедно со неговиот долгогодишен пријател Левон Сајан. Во 2009 година, тој бил назначен за амбасадор на Ерменија во Швајцарија, како и за постојан делегат на Обединетите Нации од Ерменија во Женева.[15] Неговата последна турнеја била во 2014 година. На 24 август 2017 на Азнавур му била доделена 2,618-та ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните. Подоцна истата година тој и сестра му ја добиле наградата Раул Валенберг за заштита Евреите за време на Втората светска војна. Неговиот последен концерт се одржал во НХК Хол, Осака, на 19 септември 2018.
Шарл Азнавур | |
---|---|
Азнавур во 1999 година на Канскиот филмски фестивал. | |
Роден(а) | Шахнур Вагинаг Азнавуријан 22 мај 1924 Париз, Франција |
Починал(а) | 1 октомври 2018 Муриес, Франција | (возр. 94)
Занимање |
|
Активен период | 1933–2018 |
Сопружник | Мишелин Ригел (в. 1946; развод 1952) Евелин Плесис (в. 1956; развод 1960) Ула Торсел (в. 1967–2018) |
Деца | 6 |
Награди | Легија на честа (1997, 2001, 2004) Види Награди и признанија |
Живот и семејство
уредиАзнавур е роден во Париз (6 округ), во семејство на уметници.[16] Името му било Шахнур[17] Вагинаг Азнавуријан[18] како дете на ерменски имигранти Мишел Азнавуријан (од Ахалцихе, Грузија)[19] и Кнар Багдасаријан, Ерменка од Смирна (денешен Измир, Турција).[20][21] Татко му пеел во ресторани во Франција пред да отвори кавказки ресторан наречен Le Caucase. Родителите уште на рана возраст го натерале да настапува и тој престанал да оди на училиште на деветгодишна возраст. Го преземал сценското име "Азнавур".[22]
Втората светска војна
уредиЗа време на германската окупација на Франција за време на Втората светска војна, Азнавур и неговото семејство криеле Евреи и "голем број луѓе кои биле прогонувани од страна на нацистите, додека Шарл и неговата сестра Аида биле вклучени во спасувачки активности," според изјавата издадена во 2017 од страна на претседателот на Израел, Реувен Ривлин. Истата година, тој и Аида ја добиле наградата Раул Валенберг за нивните воени активности. "Семејството Азнавур било тесно поврзано со групата на отпорот на Мисак Манучијан и понудиле засолниште на Ерменци, Евреи и други, во нивниот стан во Париз, ризикувајќи ги сопствените животи." [23][24]
Кариера
уредиМузичка кариера
уредиНа времето кога ја започнал својата кариера како музичар, Азнавур веќе ја познавал сцената. На деветгодишна возраст имал улоги и во една драма наречена Ѓаволчето во Париз и филм со наслов Војната на децата (француски: La Guerre des Gosses).[25] Азнавур потоа се свртел кон професионалното танцување и имал настапи во неколку ноќни клубови. Во 1944 година тој и глумецот Пјер Рош почнале со соработка и заедно имале изведби во голем број ноќни клубови. Со ова партнерство Азнавур почнал да пишува песни и да пее. Нивниот прв успех бил во Канада во 1948-1950. Во меѓувреме, Азнавур ја напишал својата прва песна насловена J'ai bu во 1950 година. За време на раните фази на неговата кариера, Азнавур настапил пред Едит Пјаф во Мулен Руж. Пјаф тогаш го советувала да продолжи со пеењето и му помогнала да го развие неговиот специфичен глас.
Понекогаш опишуван како "Френк Синатра на Франција"[26] Азнавур честопати пеел за љубовта. Тој напишал или бил соавтор на мјузикли, на повеќе од илјада песни и деведесет и еден студиски албуми. Гласот му бил тенор, но поседувал ниски честоти и колорит потипични за баритон, што придонело за неговиот уникатен звук. Азнавур зборувал и пеел на многу јазици (француски, англиски, италијански, шпански, германски, руски, ерменски), што му помогнало да изведува во Карнеги Хол, во САД и во други поголеми места низ светот. Тој, исто така, снимил песна од ерменскиот поет од 18 век Сајат Нова, како и народната песна, Im Yare[27] на ерменски. Песната „Колку е тажна Венеција“ ("Que C'est Triste Venise"), испеана на француски, италијански ("Com'è Triste Venezia"), шпански ("Venecia Sin Ti"), англиски ("How Sad Venice Can Be") и германски јазик ("Venedig in Grau") доживеала голем успех во средината на 1960-тите години.[28]
Во 1974 Азнавур доживеал голем успех во Велика Британија, кога неговата песна "She" останала број 1 на топ листата во Британија четири недели. Неговата друга позната песна во Велика Британија била "The Old Fashioned Way" од 1973 која била на листата во Британија цели 15 недели.[29][30][31].[32]
Меѓу уметници кои снимиле негови песни и соработувале со Азнавур биле Едит Пјаф, Фред Астер, Френк Синатра (Азнавур бил еден од ретките европски пејачи поканети на дует со него[33]), Андреја Бочели, Бинг Крозби, Реј Чарлс, Боб Дилан (тој го именувал Азнавур меѓу најголемите живи изведувачи коишто ги видел),[34][35] Дасти Спрингфилд, Лајза Минели, Миа Мартини, Елтон Џон, Далида, Серж Гензбур, Џош Гробан, Петула Кларк, Том Џонс, Хосе Карерас, Лаура Паузини, Нана Мускури и Хулио Иглезијас. Француската поп пејачка Миреј Матје пеела и снимала со Азнавур во бројни прилики. Во 1974 година, Џек Џонс снимил цел албум со композиции на Азнавур Write Me A Love Song, Charlie, ре-објавен на CD во 2006 година.[36] Две години подоцна, холандската пејачка Лизбет Лист го објавила нејзиниот албум Charles Aznavour Presents Liesbeth List со композиции на Азнавур со англиски стихови. Азнавур и италијанскиот тенор Лучано Павароти ја пееле заедно аријата "Аве Марија", на Шарл Гуно. Тој изведувал заедно со рускиот виолончелист и пријател Мстислав Ростропович при инаугурирањето на француското претседателство на Европската Унија во 1995 година. Елвис Костело ја снимил "She" за филмот Notting Hill. Еден од најголемите пријатели и соработници на Азнавур од музичката индустрија бил шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго, кој честопати ги изведува неговите хитови, особено соло студио снимката на "Les bateaux sont partis" во 1985 година и дует верзиите на песната на француски и шпански во 2008 година. Во 1994 година, Азнавур пеел со Доминго и норвешката сопранистка Сисел Киркјебе на концертот на Доминго Божиќ во Виена. Овој концерт бил телевизиски пренесуван низ светот, како и објавен на CD на меѓународно ниво.[37]Пласидо Доминго На почетокот на есента 2006 година, Азнавур ја имал својата проштална турнеја, настапувајќи во САД и Канада, со многу позитивни критики. Во 2007 година држел концерти низ Јапонија и Азија. Во втората половина на 2007 година се вратил во Париз и имал повеќе од 20 емисии, неколку турнеи во Белгија, Холандија и во Франција. Азнавур повеќепати изјавувал дека оваа проштална турнеја, ако здравјето му дозволи, најверојатно ќе трае до 2010 година но тој продолжил да настапува и понатаму. На 30 септември 2006 година, Азнавур имал голем концерт во Ереван, главниот град на Ерменија како почеток на културната сезона Ерменија пријателке моја (француски: "Arménie mon amie"). Ерменскиот претседател, Роберт Кочарјан и францускиот претседател Жак Ширак, во официјална посета на Ерменија, биле во првиот ред.[38] Во 2006 година, Азнавур го снимил својот албум Colore ma vie во Куба, со Чучо Валдес.[39] Како редовен гостин вокалист на Академијата на ѕвездите, Азнавур пеел заедно со натпреварувачот Сирил Синели истата година.[40] Во 2007, тој пеел дел од "Une vie d'amour" на руски за време на концертот во Москва.[41] Подоцна, во јули 2007 година, бил поканет да пее на фестивалот Vieilles Charrues.[42] Азнавур бил на турнеја во Португалија во февруари 2008 година.[43] Пролетта 2008 година, Азнавур имал турнеја во Јужна Америка, одржувајќи многу концерти во Аргентина, Бразил, Чиле и Уругвај.[44] Обожавател на Квебек, каде настапувал во кабареата на Монтреал пред да стане познат, тој помогнал во кариерата на квебечката пејачка Линда Леме во Франција. Во Монтреал имал куќа а на 5 јули 2008 година бил прогласен за почесен офицер на редот на Канада. Следниот ден настапил на прославата по повод 400 годишнина од основањето на Квебек Сити.[45] Во 2008 година, бил издаден албумот со дуети, Дуа, кои Азнавур ги испеал со неговите најголеми пријатели и партнери од неговата долга кариера во музичката индустрија, вклучително Селин Дион, Стинг, Лаура Паузини, Џош Гробан, Пол Анка, Пласидо Доминго и многу други.[46] Истиот бил издаден на различни датуми во декември 2008 година низ светот.[47] Неговиот следен албум, Charles Aznavour and The Clayton Hamilton Jazz Orchestra (претходно познат како Jazznavour 2) е продолжување на неговиот хит албум Jazznavour објавен во 1998 година, со вклучување на нови аранжмани на класични песни со џез оркестар и други гости џез уметници. Бил објавен на 27 ноември 2009.[48]
Азнавур и сенегалскиот пејач Јусу Н'Дур, со соработка на повеќе од 40 француски пејачи и музичари, снимиле видео со музичката група Band Aid после катастрофалниот земјотрес на Хаити.[49]
Во 2009 година, Азнавур бил на турнеја низ Америка. Турнејата[50] започнала на крајот на април 2009 година и била одбележана со концерти низ САД, Канада и Латинска Америка. Во август 2011 објавил нов албум, Aznavour Toujours, со 11 нови песни. По објавувањето на Aznavour Toujours, тогаш 87-годишниот Азнавур започнал турнеја низ Франција и Европа, со 21 одржан концерт, после првиот во Олимпија во Париз.[51] На 12 декември 2011 година одржал голем концерт во московската Државна Кремљска Палата.[52] Концертот бил проследен со постојани овации и продолжение од околу петнаесет минути.[53]
Во 2012 година, Азнавурсе заминал на турнеја во Северна Америка посетувајќи го Квебек и Амфитеатарот Гибсон во Лос Анџелес и бил гостин во повеќе емисии. На 16 август 2012 одржал специјален концерт во Грузија, во родното место на татко му, како дел од свеченото отворање на неодамна реставрираниот замок Рабати.[54]
На 25 октомври 2013 Азнавур за првпат по 25 години настапил во Ројал Алберт Хол во Лондон.[55] Во ноември 2013, Азнавур се појавил на концерт посветен на мирот, во Нокиа Арена во Тел Авив.[56] Во декември 2013 имал два концерти во Холандија на Хајнекен Мјузик Хол во Амстердам и повторно во јануари 2016 година (првично закажани за ноември 2015 година но одложени поради проблеми со здравјето).[57]
Во 2014, 2015 и 2016 година, Азнавур ја продолжил неговата меѓународна турнеја со концерти во Брисел, Берлин, Франкфурт, Барселона, Мадрид, Варшава, Прага, Москва, Букурешт, Лондон, Дубаи, Монтреал, Њујорк, Бостон, Мајами, Лос Анџелес, Осака, Токио, Лисабон, Марбела, Монако, Верона, Амстердам, Париз.[се бара извор]
Во 2017 и 2018 неговата турнеја продолжила и во Саун Пауло, Рио де Жанеиро, Сантјаго, Буенос Аирес, Москва, Виена, Перт, Сиднеј, Мелбурн и Хаити, Токио, Осака, Мадрид, Милано, Рим, Санкт Петербург, Париз, Лондон, Амстердам и Монако. На 19 септември 2018 бил неговиот последен концерт во Осака.[58]
Филмски настапи
уредиАзнавур имал долга и разновидна паралелна кариера како глумец исе појавил во над 80 филмови и ТВ филмови. Во 1960 година Азнавур играл во филмот Пукајте во пијанистот (француски: Tirez sur le pianiste) на Франсоа Трифо. Азнавур имал значаен настап и во филмот Барабан (германски: Die Blechtrommel) од 1979 година, кој добил Оскар за Најдобар странски филм во 1980 година. Тој настапил и во филмот Les Fantômes du chapelier (1982) на Клод Шаброл. Во оперетата Die Fledermaus, во верзијата од 1984 година, се појавил како еден од гостите на Принцот Орловски. Во оваа верзија настапил Кири Те Канава во режија на Пласидо Доминго во Кралската оперска куќа Ковент Гарден.[59] Азнавур настапил и во филмот Арарат од 2002 година во улога на Едвард Саројан, филмски режисер.
Вклученост во политиката
уредиАзнавур бил вклучен во француската, ерменската и меѓународната политика додека напредувала неговата кариера. За време на претседателските избори во Франција во 2002 година, кога екстремно десничарскиот националист Жан Мари Ле Пен од Националниот фронт, како противкандидат на Жак Ширак, влегол во вториот изборен круг, Азнавур ја потпишал петицијата "Вив ла Франс" и ги повикал сите Французи да ја пејат Марсеjезата во знак на протест.[60]
Во ноември 2005 остварил средба со Претседателот на Европската Комисија Хосе Мануел Баросо[61] за ревидирање на рокот за заштита на изведувачите и продуцентите во ЕУ, застапувајќи продолжување на рокот на заштита од тековните 50 години, на 95 години, како што бара законот во САД. Тој се противел и на француската политичарка Кристин Бутин и на нејзината одбрана за "глобална лиценца" за споделување авторски права преку интернет, тврдејќи дека таквата лиценца ќе ја елиминира креативноста.
Ако младите не можат да живеат преку креативно дело, ќе прават нешто друго, а уметничкиот свет ќе биде на удар ... Ќе нема повеќе песни, ќе нема повеќе книги, ќе нема ништо. Значи моравме да се бориме...[62]
Приватен живот
уредиАзнавур се оженил 4 пати: со Меган Ругел (1946),[63] Евелин Пласис (1956) и со Ула Торсел(1967). Имал 5 деца од овие бракови: Седа, Патрик, Катја, Миша и Никола.[64][65]
Азнавур честопати се шегувал за неговиот физички изглед, најмногу зборувајќи за својата висина. Имено тој бил висок само 160 см и во текот на годините постојано се шегувал на своја сметка.
Во април 2018 година, непосредно пред неговиот 94-ти роденден, Азнавур бил однесен во болница во Санкт Петербург, откако си го шинал грбот за време на пробата пред концертот Концертот бил одложен до следната сезона, но на крајот бил откажан поради смртта на пејачот.[66]
Смртта и погребот
уредиПогребот на Шарл Азнавур |
На 1 октомври 2018, Азнавур бил пронајден мртов во кадата во неговиот дом во Муриес на 94 годишна возраст.[67][68][69][70][71] Неговото постојано живеалиште пред смртта било во Сен Силпис, Во, Швајцарија.[72] Аутопсијата покажала дека Азнавур умрел од инфаркт и оток на белите дробови.[67] Комеморацијата била спроведена на 6 октомври во ерменската катедрала Св. Јован Крстител во Париз.[73]
На 5 октомври, Азнавур бил почестен со државен погреб во воениот комплекс Инвалиди во Париз, при што претседателот Емануел Макрон го пофалил како едно од најважните "лица на Франција". Тој ги пофалил и стиховите на Азнавур, велејќи дека зборовите на пејачот "за милиони луѓе биле мелем, лек, утеха ....[74] Меѓу оние кои присуствувале на погребот биле францускиот премиер Едуар Филип, поранешните претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд, како и ерменскиот претседател Ермен Саркисијан и премиерот Никол Пашинјан и нивните сопруги.[75]
Тој бил погребан во семејната гробница на гробиштата во Монфор Лалмори.[76]
Награди и признанија
уредиПочести
уреди- 1995 – Голем медал на Француската академија[77]
- 1997 – Офицер на Легијата на честа[78]
- 2004 – Командир на Легијата на честа[79]
- 2004 – Национален херој на Ерменија[80]
- 2004 – Офицер на Редот Леополд [81]
- 2008 – Почесен офицер на Редот на Канада[82]
- 2008 – Почесен граѓанин на Ерменија
- 2009 – Офицер на Националниот ред на Квебек[83]
- 2015 – Командир на Белгискиот ред на Круната[84]
- 2017 – Медал Раул Валенберг
Награди
уреди- 1963, 1971 и 1980 – Едисон награда (трикратен добитник на наградата)[85]
- 1971 – Почесна награда Златен лав на Венецискиот филмски фестивал за италијанската верзија на песната Mourir d'aimer[86]
- 1995 – Амбасадор на добрата волја и постојан делегат на Ерменија во УНЕСКО[87]
- 1996 – Воведување во Холот на славните текстописци [88]
- 1997 – Награда Виктоар за уметник на годината[89]
- 1997 – Почесна награда Цезар[90]
- 2009 – Награда за животно дело MIDEM[91]
- 2009 – Награда Григор Лусаворич на Република Нагорно-Карабах[92]
- 2009 – Почесен докторат од Универзитетот на Монтреал[93]
- 2010 – Почесно признание од Русија "За придонес кон зајакнување на културните односи меѓу Русија и Франција"[94]
- 2014 – Специјална награда именувана по Рубен Мамулијан од Националната филмска награда "Хајак" во Ерменија за "неговиот голем придонес во светската кинематографија"[95]
- 2016 – Ѕвезда на Холивудската патека на славните за изведба во живо, сместена на 6225, Холивуд булевар[96]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Portrait de S.E. Charles Aznavour“ (француски). Embassy of the Republic of Armenia in Switzerland. Архивирано од изворникот на 30 June 2014.
- ↑ Itzkoff, David (26 December 2008). „Aznavour Granted Armenian Citizenship“. New York Times. Посетено на 10 February 2014.
- ↑ Riding, Alan (18 October 1998). „Aznavour, The Last Chanteur“. New York Times.
...his highly distinct tenor voice...
- ↑ Charles Aznavour recorded in French, English, Italian, Spanish, German, Armenian (Yes kou rimet'n tchim kidi, La goutte d'eau and Sirerk), Neapolitan (Napule amica mia) and Russian (Vetchnai lioubov). Charles Aznavour Songs Catalog
- ↑ Shea, Michael (2006). The Freedom Years: Tactical Tips for the Trailblazer Generation. Chichester: John Wiley & Sons. стр. 122. ISBN 9781841127545.
One of France's best known pop stars, Charles Aznavour...
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 23 September 2017. Посетено на 22 September 2017.
- ↑ „Charles Aznavour a son étoile : "Quand on m'apporte quelque chose, je suis ravi"“. Посетено на 5 May 2018.
- ↑ „Charles Aznavour à Trélazé - À Montréal le 21 octobre > Les ArtsZé“. 30 August 2016. Посетено на 5 May 2018.
- ↑ „C à vous Intégrale : Juliette Binoche, Charles Aznavour, Mireille Dumas et Raphaël Esrail“. 22 September 2017. Архивирано од изворникот на 5 October 2017. Посетено на 5 May 2018.
- ↑ Hunter-Tilney, Ludovic (28 October 2013). „Charles Aznavour, Royal Albert Hall, London – review“. Financial Times. Посетено на 30 June 2014.
- ↑ Holden, Stephen (30 April 2009). „Aznavour Exploring Both Love and l'Amour“. New York Times. Посетено на 30 June 2014.
- ↑ Cords, Suzanne (21 May 2014). „The master of the chanson“. Deutsche Welle. Посетено на 30 June 2014.
Long a legend, Charles Aznavour is the best known French chansonnier and arguably Armenia's most famous son.
- ↑ Akopian, Aram (2001). Armenians and the World: Yesterday and Today. Yerevan: Noyan Tapan. стр. 91. ISBN 9789993051299.
It will be probably just to say that today he is the most famous Armenian, known and admired all over the world.
- ↑ „Charles Aznavour: A chat with the legendary performer, winner of the TIME 100 Online poll as the Entertainer of the Century“. TIME. 9 July 1998. Архивирано од изворникот на 17 May 2008. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Aznavour to become Armenian envoy“. BBC. 13 February 2009.
- ↑ Raoul Bellaïche (24 August 2014). Aznavour « Non je n'ai rien oublié » [Aznavour "No, I have not forgotten anything"] (француски). Éditions de l'Archipel. стр. 11. ISBN 9782809807646. Посетено на 13 August 2018.
- ↑ Hovannisian, Richard G. (2007). The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies. New Brunswick, N.J.: Transaction Publishers. стр. 215. ISBN 9781412835923.
- ↑ G., Hovannisian, Richard (2007). The Armenian genocide : cultural and ethical legacies. New Brunswick, N.J.: Transaction Publishers. ISBN 9781412835923. OCLC 812926350.
- ↑ „Biographie Charles Aznavour“. Musicme.com. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Biodata“. Billetnet.fr. Архивирано од изворникот на 20 July 2011. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „CHARLES AZNAVOUR - Encyclopædia Universalis“. Universalis.fr. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Charles Aznavour“. RFI Musique. December 2008. Архивирано од изворникот на 10 February 2011. Посетено на 10 February 2011.
- ↑ „Charles Aznavour and his sister Aida received the Raoul Wallenberg Medal“. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ „Legendary singer Aznavour given award for family efforts to save Jews in WWII“. Times of Israel. AFP. 28 October 2017. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ Henderson, Lol; Stacey, Lee, уред. (2014). Encyclopedia of Music in the 20th Century. Hoboken: Taylor and Francis. стр. 35. ISBN 1135929467.
- ↑ Deming, Mark. „Charles Aznavour 40 Chansons D'or“. AllMusic. Посетено на 30 June 2014.
- ↑ „Charles and Seda Aznavour Record New Duo in Armenian“. Armenian Weekly. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „5 canciones para recordar a Charles Aznavour“. El Periódico. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Talent in Europe / Billboard 22 Jan 1977, p. 36
- ↑ Songwriters: a biographical dictionary with discographies - by Nigel Harrison - 1998 - p. 28
- ↑ „Official Charts Company“.
- ↑ „Song artist 642 - Charles Aznavour“. Tsort.info. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Album review - Charles Aznavour's "Duos"“. RFI Musique. 2009-12-28. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Bob Dylan interview: Rolling Stone Nov/Dec 1987“. Expectingrain.com. 10 December 1995. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Song of the Day: Bob Dylan, "The Times We've Known" (Charles Aznavour cover) » Cover Me“. Covermesongs.com. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Jack Jones - Write Me a Love Song Charlie (Mini Lp Sleeve) - Amazon.com Music“. Amazon.com. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Sissel Kyrkjebø (Soprano)“. Bach-cantatas.com. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-10. Посетено на 2018-10-04.
- ↑ Gomez , François-Xavier (1 October 2018). „Un tropisme latino pour Aznavour“. Libération. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Boscher, Marie (1 October 2018). „Hommages de l'Outre-mer à Charles Aznavour, mort à 94 ans“. France Info. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ Shenkman, Yan (22 May 2014). „Le destin russe d'Aznavour“. Russia Beyond the Headlines. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ Berre, Anaelle (1 October 2018). „Charles Aznavour. Un rappel exceptionnel aux Vieilles Charrues 2007“. Ouest-France. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Morreu cantor e compositor Charles Aznavour“. Visão. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Aznavour llega a Chile con su último disco recién editado en español“. El Mercurio. 6 May 2008. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Andy Blatchford. „Aznavour receives Order of Canada honours in Quebec“. Toronto: globeandmail.com. Архивирано од изворникот на 16 January 2009. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ Jason Birchmeier. „Charles Aznavour – Duos“. AllMusic.
- ↑ „Charles Aznavour pays himself "it all" in his new album“. Voir.ca. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Charles Aznavour“. RFI Music. Архивирано од изворникот на 2014-04-15. Посетено на 2018-10-04.
- ↑ „French music stars mobilise for Haiti“. Google. AFP. 15 January 2010. Архивирано од изворникот на 23 January 2010. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Aznavour en Liberté“. Patwhite.com. 23 April 2009. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Charles Aznavour upcoming concerts“. Songkick.com. 9 January 2011. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „{title}“. Архивирано од изворникот на 8 November 2012. Посетено на 20 December 2011.
- ↑ „Moscow impressed by Charles Aznavour (VIDEO)“. News.am. 2011-12-13. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „The star of Charles Aznavour was placed in Akhaltsikhe“. Armenpress. 17 August 2012. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „Charles Aznavour — Royal Albert Hall“. Royalalberthall.com. Посетено на 2015-08-18.
- ↑ „Noa and Charles Aznavour – She“.
- ↑ „Ailing French Singer Charles Aznavour Cancels Concerts“. newsmax.com. 2015-11-24. Посетено на 2016-02-09.
- ↑ „Search for setlists: artist:(Charles Aznavour) date:[2018-01-01 TO 2018-12-31] - setlist.fm“. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ IMDB. „Die Fledermaus“.
- ↑ „Biography – Charles Aznavour“. Rfimusique.com. Архивирано од изворникот на 16 April 2011. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Charles Aznavour meets EC President José Manuel Barroso“. Ifpi.org. 1 September 2005. Архивирано од изворникот на 15 June 2011. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „French bill to combat Internet piracy clears final hurdle“. The Sydney Morning Herald. 13 May 2009.
- ↑ „Biography for Charles Aznavour“. imdb.com. Посетено на 29 January 2013.
- ↑ „Biographie de Charles AZNAVOUR“. leParisien.fr. Посетено на 29 January 2013.
- ↑ „Charles Aznavour : qui sont ses six enfants, Seda, Charles, Patrick, Katia, Mischa et Nicolas ?“. Femme Actuelle. 1 October 2018. Посетено на 10 October 2018.
- ↑ „Charles Aznavour Hospitalized in St. Petersburg – Asbarez.com“. asbarez.com. 2018-04-25. Посетено на 5 May 2018.
- ↑ 67,0 67,1 „Mort de Charles Aznavour : "La cause de la mort est naturelle"“ (француски). francetvinfo.fr. 2 October 2018.
- ↑ „Charles Aznavour est décédé à l'âge de 94 ans“. RTL France.
- ↑ „Le chanteur Charles Aznavour est décédé“ (француски). Le Dauphiné. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ „Singer Charles Aznavour dies at 94“. BBC News. BBC. 1 October 2018. Посетено на 1 October 2018.
- ↑ „Charles Aznavour, Enduring French Singer of Global Fame, Dies at 94“. The New York Times (англиски). Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „Aznavour: "J'ai été poussé à vivre en Suisse"“. lematin.ch. Архивирано од изворникот на 2018-10-02. Посетено на 13 November 2013.
- ↑ „PM Pashinyan attends requiem ceremony offered for Charles Aznavour at St. John the Baptist Church in Paris“. Armenpress. 6 October 2018.
- ↑ Chrisafis, Angelique (5 October 2018). „'In France, poets never die': Macron pays tribute to Aznavour“. the Guardian. Посетено на 14 October 2018.
- ↑ Love, Brian (2018-10-05). „France bids adieu to Aznavour, pays tribute to Armenian roots“. Reuters. Посетено на 14 October 2018.
- ↑ Du monde à Montfort l'Amaury pour se recueillir sur la tombe de Charles Aznavour, 3 ноември 2018
- ↑ „5 dates clés dans la carrière de Charles Aznavour“. Nostalgie. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „France/Légion d'honneur : la promotion du Nouvel An ŕ de nombreuses personnalités de divers milieux“. French.peopledaily.com.cn. Посетено на 18 August 2015.
- ↑ „Aznavour commandeur
de la Légion d'honneur“. O (француски). Посетено на 20 January 2018. - ↑ „Charles Aznavour and Kirk Kerkorian National Heroes of Armenia“. Panarmenian.net. 28 May 2004. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Les liens particuliers de Charles Aznavour avec la Belgique“. La Libre. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Aznavour receives Order of Canada honours in Quebec - The Globe and Mail“. 31 March 2009. Архивирано од изворникот на 3 September 2009. Посетено на 18 August 2015.
- ↑ „Citation“. National Order of Quebec.
- ↑ „Charles Aznavour fait commandeur de l'Ordre de la couronne“. 16 November 2015. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ Lumley, Elizabeth, уред. (2009). Canadian Who's Who 2009. Toronto: University of Toronto Press. стр. 50. ISBN 978-0802040923.
- ↑ Colonna-Césari, Annick (19 July 2015). „Mourir d'aimer: Charles Aznavour contre le conservatisme des années 1970“. L'Express. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Delegation of Armenia to UNESCO“. Erc.unesco.org. Архивирано од изворникот на 11 October 2003. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ Viscusi, Gregory (1 October 2018). „Charles Aznavour, French Singer Compared to Sinatra, Dies at 94“. Bloomberg. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „Les grandes dates de la vie de Charles Aznavour“. Le Point. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „French singer, actor Charles Aznavour dies at age 94“. CBS. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
- ↑ „Aznavour to receive MIDEM award, PanArmenian.net, 15.01.2009“. Panarmenian.net. 15 January 2009. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Именем Шарля Азнавура в Степанакерте назван культурный центр, Regnum, 2009“. Regnum.ru. 18 May 2009. Архивирано од изворникот на 8 March 2012. Посетено на 1 May 2011.
- ↑ „Charles Aznavour, who had lifelong love affair with Quebec, has died“. Montreal Gazette. 1 October 2018. Посетено на 2 October 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Charles Aznavour receives Russian award“. The Voice of Russia. 25 August 2010. Архивирано од изворникот на 2014-10-21. Посетено на 2019-01-08.
- ↑ „The French-Armenian legendary singer Charles Aznavour was awarded with the special prize named after Ruben Mamulyan during“. Armenpress. 13 May 2014. Посетено на 8 June 2014.
- ↑ „French crooner Charles Aznavour gets honorary Hollywood Star plaque“. Reuters. 29 October 2016.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Фондација Азнавур Архивирано на 5 октомври 2018 г.
- Charles Aznavour на imusic.am
- „Портретот на Шарл Азнавур“ (француски). Амбасада на Ерменија во Швајцарија. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2014.
- Charles Aznavour на Семрежната филмска база на податоци (англиски)