Џони Мичел (анг: Joni Mitchell; родена како Роберта Џоан Андерсон на 7 ноември 1943) — канадско-американска пејачка, текстописец и сликарка. Нејзините песни кои содржат елементи на фолк, поп, рок, класична музика и џез, често се однесуваат на социјалните и филозофските идеали, како и на нејзините чувства за романса, женственост, разочарување и радост. Џони Мичел има добиено многу признанија, меѓу кои се десет Греми награди и прием во Куќата на Славните на Рокенролот во 1997 година. Ролинг Стоун ја нарекол „една од најдобрите текстописци досега“,[1] а AllMusic навел: „Кога ќе налегне прашината, Џони Мичел може да испадне најважна и највлијателна музичарка од крајот на 20 век“.[2]

Џони Мичел
Џони Мичел на Кенеди центар почестите, декември 2021
Роден(а)Роберта Џоан Андерсон
7 ноември 1943(1943-11-07)(81 г.)
Форт Меклеод, Алберта, Канада
Државјанство
  • Канада
  • САД
Страница
jonimitchell.com

Џони Мичел музичката кариера ја започнала со пеење во мали ноќни клубови низ западна Канада, а потоа и во ноќните клубови во Торонто. Во 1965 се преселила во Соединетите Американски Држави и започнала со турнеи. Некои песни кои таа ги напишала („Urge for Going“, „ Chelsea Morning “, „ Both Sides, Now “, „ The Circle Game“) биле снимени од други фолк пејачи, што и овозможило да потпише со Reprise Records и да го сними нејзиниот деби албум. Song to a Seagull, во 1968 година.[3] Со нејзините песни како „Big Yellow Taxi“ и „Woodstock“ одиграла клучна улога во фолк-рок движењето, кое доминирало на музичката сцена во тоа време Нејзиниот албум од 1971 година Blue често се наведува како еден од најдобрите албуми на сите времиња; албумот се наоѓа на 30-то место на листата од Ролинг Стоун од 2003 година за „500 најдобри албуми на сите времиња“,[4] а се искачил на 3-то место во изданието од 2020 година.[5] Во 2000 година, The New York Times го избрал албумот Blue како еден од 25-те албуми кои се „пресвртни точки и кулминација во популарната музика од 20 век“.[6] NPR, во 2017, албумот Blue го ставила на прво место на листата за „Најдобри албуми направени од жени“.[7]

Во нејзиниот албум Court and Spark (1974) песните се помелодични и под влијание на џезот. Албумот ги содржел радио хитовите "Help Me" и "Free Man in Paris“ [8] и станал нејзин најдобро продаван албум. Околу 1975 година, нејзиниот вокал од мецосопран почнал да преминува во контраалт.[9][10][11] Нејзините специфични композиции за пијано и хармонична гитара, исто така, станале похармонични и ритмички покомплексни затоа што биле спој на џезот со рокенролот, R&B, класичната музика и незападните ритми. Во доцните 1970-ти, започнала да работи со познати џез музичари, како: Џако Пасториус, Вејн Шортер, Херби Хенкок и Пет Метини, а Чарлс Мингус ја замолил за соработка на неговите последни песни.[12] Подоцна се свртела кон поп и електронската музика и била активна во политички протести. Во 2002 година, била наградена со Греми за животно дело,[13] а во 2021 станала лауреат на наградите од Центарот Кенеди.[14]

Џони Мичел била продуцент или копродуцент на повеќето нејзини албуми. Во 2007 година го издала својот 17-ти и последен албум со авторски песни. Таа ги дизајнирала кориците на повеќето од своите албуми.[15]

Наводи

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. „Joni Mitchell Biography“. allmusic. Архивирано од изворникот на April 24, 2011.
  3. „The Independent“. UK. August 10, 2007. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на February 11, 2017.
  4. Празен навод (help)
  5. Празен навод (help)
  6. Pareles, Jon; Strauss, Neil; Ratliff, Ben; Powers, Ann (January 3, 2000). „Critics' Choices; Albums as Mileposts in a Musical Century“. The New York Times. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на December 17, 2009.
  7. Tsioulcas, Anastasia (July 24, 2017). „The 150 Greatest Albums Made By Women“. National Public Radio. Посетено на September 4, 2017.
  8. Ankeny, Jason. All Music Guide
  9. Montagne, Renee (December 9, 2014). „The Music Midnight Makes: In Conversation With Joni Mitchell“. NPR. Архивирано од изворникот на February 11, 2017. Посетено на February 11, 2017.
  10. Pleasants, Henry (February 1978). „Three Throats“. Windsor Star. Архивирано од изворникот на February 11, 2017. Посетено на February 11, 2017.
  11. Hopper, Jessica (November 9, 2012). „Joni Mitchell: The Studio Albums 1968–1979“. Pitchfork. Посетено на April 2, 2015.
  12. „Joni & Jazz“. SFJAZZ Blog. January 28, 2015. Архивирано од изворникот на February 11, 2017. Посетено на February 11, 2017.
  13. „Joni Mitchell“. Grammy Awards. May 14, 2017. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на October 11, 2017.
  14. „Return to tradition: Biden celebrates Bette Midler, Joni Mitchell at Kennedy Center Honors“. REUTERS.com (англиски). 2021-12-06. Посетено на 2021-12-22.
  15. „I sing my sorrow and I paint my joy“. The Globe and Mail. June 8, 2000. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на July 19, 2015.

Главни извори

уреди

Надворешни врски

уреди