Департмани во Франција

административна единица на Франција

Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани во 13 региони во Франција и 5 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 332 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.

Карта на департманите во Франција со нивните управни седишта (префектури).

Општи особености

уреди

Административниот центар на департманот се нарекува префектура (préfecture или chef-lieu de department) и обично е некој поважен град некаде во средиштето на департманот. Ова потекнува од времето кога било кое место највеќе за едно деноноќие (24 часа). Префектурата не мора да е најголемиот град во департманот. Потоа департманите се делат на еден или повеќе окрузи. Седиштето на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture или chef-lieu d'arrondissement).

Секој департман има свој управен орган — генерален совет (conseil général).[1] Ова е собрание со пратеници избрани со општи избори на мандат од 6 години , со тоа што претседателот на советот е извршен функционер на департманот, т.е. префект. Префектот има свои помошници — потпрефекти (sous-préfet) зависно од потпрефектурите во департманот.

Департманите понатаму се делат и на општини под управа на општински совет. Во 1999 г. во Франција постоеле 36.779 општини.

Во континентална Франција, средната површина на департманите изнесува 5.965 км2, што е за 2,5 пати поголема од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Во 2001 г. средниот број на жители на департманите во континентална Франција изнесувал 511.012 жители, што е 21 пати поголема од онаа кај окрузите во САД, но помалку од 2/3 од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Највеќето департмани зафаќаат површина од 4.000 до 8.000 км, а населението брои од 250.000 до 1 милион жители. Најголема површина има Жиронда (10.000 км2), а најмала има градот Париз (105 км2). Најнаселен департман е Север (2.550.000), а најмалку жители има Лозер (74.000).

Секој департман има свој двоцифрен број, кој стои во месниот поштенски број, во INSEE-кодовите (и матичниот број) и на регистарските таблички. Бројот 96 го користи Монако. Заедно со државниот код FR (од ISO 3166-1 алфа-2), бројките ги образуваат кодовите во ISO 3166-2 за континенталните департмани. Прекурмоските департмани имаат по две букви за ISO 3166-2 код, како на преката 971 за Гваделуп. До 2018 г. Корзика била поделена на два департмана (Горна и Јужна), кои ги имале броевите 2A и 2B наместо денешниот 20 за целата Корзика усвоен со нејзиното спојување.

Список

уреди

Сите департмани имаат свој штит како обележје, но не сите се официјални или во службена употреба. Таму кајшто не се официјални се користи посовремен амблем. Самата Франција во целина нема грб (поради аристократското потекло на хералдиката). Овој обичај важи и за месните управни органи во голем број департмани.

Код Грб 1 Департман Француски Префектура Регион Наречен по
01   Ен Ain Бург ан Брес   Оверњ-Рона-Алпи реката Ен
02   Ена Aisne Лан   Горна Франција реката Ена
03   Алие Allier Мулен   Оверњ-Рона-Алпи реката Алие
04   Горнопровансалски Алпи Alpes-de-Haute-Provence Дињ ле Бен   Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите во областа Прованса
05   Горни Алпи Hautes-Alpes Гап   Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите
06   Приморски Алпи Alpes-Maritimes Ница   Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите
07   Ардеш Ardèche Прива   Оверњ-Рона-Алпи реката Ардеш
08   Ардени Ardennes Шарлевил Мезјер   Голем Исток Арденската Шума
09   Арјеж Ariège Фоа   Окситанија реката Арјеж
10   Об Aube Троа   Голем Исток реката Об
11   Од Aude Каркасон   Окситанија реката Од
12   Аверон Aveyron Родез   Окситанија реката Аверон
13   Устие на Рона Bouches-du-Rhône Марсеј   Прованса-Алпи-Азурен Брег устието на реката Рона
14   Калвадос Calvados Кан   Нормандија карпите Калвадос
15   Кантал Cantal Оријак   Оверњ-Рона-Алпи масивот Кантал
16   Шаранта Charente Ангулем   Нова Аквитанија реката Шаранта
17   Приморска Шаранта Charente-Maritime Ла Рошел   Нова Аквитанија реката Шаранта
18   Шер Cher Бурж   Центар-Долина на Лоара реката Шер
19   Корез Corrèze Тил   Нова Аквитанија реката Корез
20   Корзика Corse Ајачо   Корзика островот Корзика
21   Златен Брег Côte-d'Or Дижон   Бургундија-Франш Конте поетска претстава за бургундските лозја
22   Арморски Брегови Côtes-d'Armor Сен Брие   Бретања древната област Арморика
23   Крез Creuse Гере   Нова Аквитанија реката Крез
24   Дордоња Dordogne Периге   Нова Аквитанија реката Дордоња
25   Ду Doubs Безансон   Бургундија-Франш Конте реката Ду
26   Дром Drôme Валанс   Оверњ-Рона-Алпи реката Дром
27   Ер Eure Евре   Нормандија реката Ер
28   Ер и Лоар Eure-et-Loir Шартр   Центар-Долина на Лоара реките Ер и Лоар
29   Финистер Finistère Кемпер   Бретања лат. Finis Terræ („крај на земјата“)
30   Гар Gard Ним   Окситанија реката Гардон
31   Горна Гарона Haute-Garonne Тулуза   Окситанија реката Гарона
32   Жер Gers Ош   Окситанија реката Жер
33   Жиронда Gironde Бордо   Нова Аквитанија естуарот Жиронда
34   Еро Hérault Монпелје   Окситанија реката Еро
35   Ил и Вилен Ille-et-Vilaine Рен   Бретања реките Ил и Вилен
36   Ендр Indre Шатору   Центар-Долина на Лоара реката Ендр
37   Ендр и Лоара Indre-et-Loire Тур   Центар-Долина на Лоара реките Ендр и Лоара
38   Изер Isère Гренобл   Оверњ-Рона-Алпи реката Изер
39   Јура Jura Лон ле Соње   Бургундија-Франш Конте пл. венец Јура
40   Ланд Landes Мон де Марсан   Нова Аквитанија Ландската Шума
41   Лоар и Шер Loir-et-Cher Блоа   Центар-Долина на Лоара реките Лоар и Шер
42   Лоара Loire Сент Етјен   Оверњ-Рона-Алпи реката Лоара
43   Горна Лоара Haute-Loire Ле Пиј ан Веле   Оверњ-Рона-Алпи реката Лоара
44   Атлантска Лоара Loire-Atlantique Нант   Лоарски Крај реката Лоара
45   Лоаре Loiret Орлеан   Центар-Долина на Лоара реката Лоаре
46   Лот Lot Каор   Окситанија реката Лот
47   Лот и Гарона Lot-et-Garonne Ажен   Нова Аквитанија реките Лот и Гарона
48   Лозер Lozère Манд   Окситанија планината Лозер
49   Мен и Лоара Maine-et-Loire Анже   Лоарски Крај реките Мен и Лоара
50   Манш Manche Сен Ло   Нормандија протокот Ламанш
51   Марна Marne Шалон ан Шампањ   Голем Исток реката Марна
52   Горна Марна Haute-Marne Шомон   Голем Исток реката Марна
53   Мајен Mayenne Лавал   Лоарски Крај реката Мајен
54   Мерт и Мозел Meurthe-et-Moselle Нанси   Голем Исток реките Мерт и Мозел
55   Меза Meuse Бар ле Дик   Голем Исток реката Меза
56   Морбијан Morbihan Ван   Бретања заливот Морбијан
57   Мозел Moselle Мец   Голем Исток реката Мозел
58   Њевр Nièvre Невер   Бургундија-Франш Конте реката Њевр
59   Север Nord Лил   Горна Франција север
60   Оаза Oise Бове   Горна Франција реката Оаза
61   Орн Orne Алансон   Нормандија реката Орн
62   Па де Кале Pas-de-Calais Арас   Горна Франција Доверскииот (Калеански) Проток
63   Пиј де Дом Puy-de-Dôme Клермон Феран   Оверњ-Рона-Алпи вулканот Пиј де Дом
64   Атлантски Пиринеи Pyrénées-Atlantiques По   Нова Аквитанија Пиринеите
65   Горни Пиринеи Hautes-Pyrénées Тарб   Окситанија Пиринеите
66   Источни Пиринеи Pyrénées-Orientales Перпињан   Окситанија Пиринеите
67   Долна Рајна Bas-Rhin Стразбур   Голем Исток реката Рајна
68   Горна Рајна Haut-Rhin Колмар   Голем Исток реката Рајна
69   Рона Rhône Лион (привремено)   Оверњ-Рона-Алпи реката Рона
69M   Метропола Лион[2] métropole de Lyon Лион   Оверњ-Рона-Алпи градот Лион
70   Горна Сона Haute-Saône Везул   Бургундија-Франш Конте реката Сона
71   Сона и Лоара Saône-et-Loire Макон   Бургундија-Франш Конте реките Сона и Лоара
72   Сарта Sarthe Ле Ман   Лоарски Крај реката Сарта
73   Савоја Savoie Шамбери   Оверњ-Рона-Алпи областа Савоја
74   Горна Савоја Haute-Savoie Анси   Оверњ-Рона-Алпи областа Савоја
75   Париз Paris Париз   Ил де Франс градот Париз
76   Приморска Сена Seine-Maritime Руан   Нормандија реката Сена
77   Сена и Марна Seine-et-Marne Мелен   Ил де Франс реките Сена и Марна
78   Ивлин Yvelines Версај   Ил де Франс шумата Ивлин (Рамбујска)
79   Де Севр Deux-Sèvres Њор   Нова Аквитанија реките Нантски и Њортски Севр
80   Сома Somme Амјен   Горна Франција реката Сома
81   Тарн Tarn Алби   Окситанија реката Тарн
82   Тарн и Гарона Tarn-et-Garonne Монтобан   Окситанија реките Тарн и Гарона
83   Вар Var Тулон   Прованса-Алпи-Азурен Брег реката Вар
84   Воклиз Vaucluse Авињон   Прованса-Алпи-Азурен Брег карстното врело Воклиз
85   Вандеја Vendée Ла Рош на Јон   Лоарски Крај реката Вандеја
86   Вјена Vienne Поатје   Нова Аквитанија реката Вјена
87   Горна Вјена Haute-Vienne Лимож   Нова Аквитанија реката Вјена
88   Вогези Vosges Епинал   Голем Исток пл. венец Вогези
89   Јона Yonne Осер   Бургундија-Франш Конте реката Јона
90   Територија Белфор Territoire de Belfort Белфор   Бургундија-Франш Конте градот Белфор
91   Есона Essonne Еври   Ил де Франс реката Есона
92   Сенски Висови Hauts-de-Seine Нантер   Ил де Франс реката Сена
93   Сена-Сен Дени Seine-Saint-Denis Бобињи   Ил де Франс реката Сена
94   Долина на Марна Val-de-Marne Кретеј   Ил де Франс реката Марна
95   Долина на Оаза Val-d'Oise Понтоаз   Ил де Франс реката Оаза
971   Гваделуп 16 Guadeloupe Бас Тер   Гваделуп островот Гваделуп
972   Мартиник 16 Martinique Фор де Франс   Мартиник островот Мартиник
973   Гвајана 16 Guyane Кајена   Француска Гвајана областа Гвајани
974   Реинион 16 La Réunion Сен Дени   Реинион островот Реинион
976   Мајот 17 Mayotte Мамуѕу   Мајот островот Мајот

Белешки:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ministère de l'intérieur. „Les élections départementales : comprendre ce qui change“. Архивирано од изворникот на 2016-08-10. Посетено на 30 јули 2015.
  2. Метропола со статус на територијална заедница