Марна (фр. Marne) е река во Франција, десна притока на Сена во која се влева југоисточно од Париз. Долга е 514 км.[1] По реката е наречени департманите Горна Марна, Марна, Сена и Марна и Долина на Марна.

Марна
Местоположба
Физички особености
УстиеСена
48°48′57″N 2°24′40″E / 48.81583° СГШ; 2.41111° ИГД / 48.81583; 2.41111 (Seine-Marne)
Должина514
Особености на сливот
Остров на Марна кај Шел

Извира од висорамнината на Лангр, тече на север и се извива на запад помеѓу Сен Дизје и Шалон ан Шампањ, влевајќи се во Сена кај Шарантон (Париз). Во регионот Шампања, дел од водата минува низ вештачкото езеро Дер Шантекок, кое служи за регулација на водотекот. Со ова се спречуваат големи надоаѓања или низок водостој во подолниот тек на реката.[2]

Реката е позната како значајно војувалиште кајшто се случиле две битки во Првата светска војна. Првата битка (1914) одиграла клучна пресвртна улога во Првата светска војна. Втора битка се случила по четири години, во 1918.

Во текот на XIX и XX век, реката Марна инспирирала разни сликари, меѓу кои:

Департмани и поважни места по течението

уреди
 
Брегот на Марна кај Ноази ле Гран (Париз)

Наводи

уреди
  1. „Марна во базата „Сандр". (француски)
  2. „Скротување на Марна“. Архивирано од изворникот 2006-11-24. Посетено на 1 јуни 2006. (француски)

Надворешни врски

уреди