Последното танго во Париз

„Последното танго во Париз“ (италијански: L’ultimo tango a Parigi) - француско-италијански филм од 1972 година во режија на Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci) според сценариото на Бернардо Бертолучи, Франко Аркаљи (Franco Arcalli) и Ањес Варда (Agnes Varda). Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо (Marlon Brando), Марија Шнајдер (Maria Schneider) и Марија Мики (Maria Michi). „Последно танго во Париз“ бил номиниран за „Оскар“ во категориите за најдобра машка улога (Брандо) и режија (Бертолучи). Филмот бил оценет како исклучително неподобен за лица помлади од 18 години, и по премиерата, неколкупати бил приспособуван за помладата публика. Најголемите контроверзи во Италија ги предизвикала сцената со анален секс (со употреба на путер), а ова е првиот филм (надвор од порнографскиот жанр) кој експлицитно ги прикажува човечките гениталии. Филмот бил рестравриран во 2018 година во SCS-Cineteca Nazionale, во соработка со Grimaldi Film Productions и со Metro-Goldwyn-Mayer Studios.[1]

Синопсис

уреди

Филмот го прикажува односот меѓу маж и жена кои се впуштаат во авантура со садомазохистички елементи, задржувајќи ја анонимноста. Пол (Брандо) е средовечен Американец кој пристигнува во Париз и се обидува да се справи со мрачните чувства по самоубиството на сопругата. Жан (Шнајдер) е млада Французинка која има свршеник. Во потрага по стан за изнајмување, таа го среќава Пол и тие започнуваат кратка авантура...[1]

Наводи

уреди