Марио де Са-Карнеиро
Марио де Са-Карнеиро (португалски: Mário de Sá-Carneiro) (19 мај 1890, Лисабон, Португалија - 26 април 1916, Париз, Франција) - португалски писател, еден од најважните претставници на модернизмот во португалската книжевност.
Творештво
уредиМарио де Са-Карнеиро влегол во книжевниот живот на Португалија благодарение на Фернандо Песоа. Заедно со него и со Алмада Негреирош, Са-Карениро соработувал со книжевниот зборник „Орфеу“ под влијание на европската авангарда, предизвикувајќи скандалозни реакции во португалската јавност поради смелоста на книжевниот израз и футуристичкиот идеализам. Во својот книжевен развој, Са-Карениеро бил под влијание на повеќе автори, како: Едгар Алан По, Стефан Маларме, Шарл Бодлер, Оскар Вајлд, Цезарио Верде, Достоевски и Антонио Нобре. Негови најпознати дела се: „Исповедта на Лусио“, „Почеток“, „Пријателство“, „Небо во Оган“ и поетската збирка „Дисперзија“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Марио де Са-Карнеиро, Исповедта на Лусио. Скопје: Бегемот, 2015.